дома блог страница 2750

Свештеник од Прилеп за богатите тримирски трпези и даровите

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

“Денес повторно фотографии од посни трпези(?) и женски друштва. Ајде повторно да кажеме неколку збора за тие прослави. Во Прилеп преживеал обичај кој носи име – Тримир, и го „прославуваат“ жените. Овој адет се пренесува со генерации. Имено, домаќинка на Тримирот е мајката на „младата невеста“ и таа кани гостинки на прослава. На „прославата“ се доаѓа со дар, односно некаков посен специјалитет, овошје или боза. На трпезата има зелници, гравче … Атмосферата е весела, распеана. Толку знам!

Во минатото било правило домаќинката да држи Тримир до денот кога доаѓале гостинките. Но, што навистина е Тримирот?

Во вистинската смисла и суштина на зборот, тримирот е тридневно воздржување од храна и вода и претставува особен подвиг, се разбира пропратен со молитва, во светата Четириестница. На третиот ден „тримирџиите“ се причестуваат со телото и крвта Христови и се напиваат света вода.

Но, прославувањето за кое споменав, воопшто не соодветствува со вистинскиот Тримир. Денешните домаќинки, воопшто не постат а уште помалку се причестуваат. Некои можеби и постат, но само заради адет. Оние кои постат во вистинската смисла на зборот, ја познаваат суштината на постот и не организираат прослави зашто прославата не соодветствува со овие денови на пост и молитва. Исто така, на трпезата се принесува храна подготвена со масло, а овие денови постот е „на вода“. Затоа, овој обичај, нема допирна точка со името кое го носи и со постот. Впрочем, овој обичај го нарушува Великиот пост”.

(Фото галерија) Древното светилиште на прилепчани е непресушен извор на инспирација

Зa древното светилиште на прилепчани секогаш е малку да се пишува. Манастирот Пресвета Богородица или кај народот познат како Трескавец, е едно од најубавите свети места кои ги имаат Македонија и Прилеп. Светилиштето е прекрасно во сите годишни времиња, па со овие прекрасни фотографии во продолжение потсетуваме на историјата и легендите поврзани со овој манастир.

На десетина километри оддалеченост од Прилеп, под врвот Златоврв, меѓу грамадните карпи распослан е манастирскиот комплекс “Успение на Пресвета Богородица” или попознат како Трескавец. Манастир нем сведок за богатото културно и духовно наследство на Прилеп низ историјата.

До Трескавец, сега со новиот пат, изграден од 2013 година, се стигнува многу брзо, за разлика од порано кога се одеше пеш.

Кога и да појдете во манастирот љубезно ќе ве пречека домаќинот – отец Калист. Ќе ви посака добредојде, ќе ве остави малку да одморите од долгиот пат, за потоа да ви раскаже гордо за неговиот дом, за манастирот.

Последните години од манастирскиот комплекс побудува интерес особено кај странските гости. Доаѓаат од сите страни, дури и цели делегации. Сите се воодушевуваат од она што имаат можност да го видат, да го почуствуваат.

Просторот каде што е изграден манастирот е заштитен од сите страни. Се вели дека Бог го чувал манастирот од невреме и трескавици. Затоа местото се вика Трескавец. Со векови се пренесува преданието дека монасите од дамнина поставиле златно јаболко на највисоката точка од манастирот на над 1300 метри за да го чува од чести грмотевици. И сега го има.

Комплексот го сочинуваат црквата Успение на Пресвета Богородица, опожарените манастирски конаци, кои се градат, трпезарија со магерницата, магерничкиот конак и влезната порта со кула – камбанарија.

Како донатори на манастирот се споменуваат византиските императори Андроник II и Михајло IX, а подоцна во 16 век српскиот крал Милутин, царот Душан и неговиот син Урош.

Трескавец е културно историски споменик заштитен со закон. Тој е на списокот за заштита меѓу стотте најзагрозени културно-историски споменици во светот.

Првиот христијански храм кај Трескавец датирал од VI век, а во XIV век манастирот бил на удар на разурнувачи. За неполни 100 години бил обновен и му била вратена автентичноста со нови религиски орнаменти, специфични за тој период. Но духовното светилиште Трескавец било погодено и од огнена стихија во 19 век и во 90 години на минатиот век, како и во 2013 година кога изгореа конаците.

Денешната црква е еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна. Страничните ѕидови се расчленети со по два пиластри кои преку лаци го прифаќаат централното кубе. На западната страна е наосот.

Живописот на црквата, кој се планира следната година да се конзервира и заштити, датира од повеќе временски периоди. Најстари се фреските во егзонартексот и двата компартименти со илустрација на календарот.

Манастирот поседува и други уметнички предмети како што се двокрилна врата работена во плитка резба, крстот Космитис од 16 век работен во резба и певница изработен во инкрустација. Богатиот ентериер на црквата го надополнуваа празничните икони, иконите со претстави на апостолите и други икони кои потекнуваат од 17, 18 и 19 век.

На една од куполите насликана е претстава за Божјиот Син како небески цар во трон со евангелие. Покрај него, во композицијата е царицата Богородица и царот Давид. Околу нив света војска пополнета со херувими, среафими, арахангели и ангели. Осум свети војници се меѓу прозорците и тие се поинакви од вообичаените композиции.

Манастирот со години не бил само монашко седиште, туку и книжевно средиште каде што монасите правеле ракописи со широко распространета препишувачка дејност. Во него имало и библиотека, но за жал сега нема останато ништо од тоа богато наследство.

За убавините на Трескавец репортажа пред години направи и британската телевизија BBC, а на овој предел се снимаа и повеќето македонски играни филмови.

Легендата што ја запишал Јордан Хаџи Константинов Џинот

Султанијата Кала-Мара, која била една од жените на турскиот султан Мурат II, застанала да се причести во манастирот на пат кон вилаетот во Мариово. Владиката не ги отворил портите и не дозволил причест за султанијата, оти живеела во брак со некрстениот султан. Кала – Мара се налутила и им наредила на 500 војници да го урнат манастрирот и да ги заколат сите монаси.

Според некои сознанија биле 300, а други извори велат дека 700 монаси завршиле по ножевите на збеснатиот аскер. Само владиката бил оставен жив за да раскажува за настанот. Некои историчари толкуваат дека султанијата од преданието била ќерка на српскиот деспот од бракот со неговата втора жена Ирена Кантакузина. Кала-Мара била родена во 1417 година и се омажила за султанот во 1435 година во Едрене.

Oфицијално: Сите натпревари викендов во Сериа А ќе се играат без публика

Италијанците постигнаа договор да нема прекин на Серија А поради ширењето на кopoнавиpycoт, но мечевите во претстојниот викенд да се играат зад затворени врати за публика.

„Првенството продолжува, но без присуство на гледачи. Ќе се обидеме да не ги запреме спортските активности, меѓутоа мора да мислиме на здравјето и заштитата на навивачите и на спортистите“, изјави италијанскиот министер за спорт, Винченцо Стадафора.

Претходните денови имаше откажувања бна бројни спортски настани во Италија за што и се свика денешниот итен состанок на клубовите со Стадафора, бидејќи е загрозена и регуларноста на првенството.

“Комити” yдpиja по Панчев: “Зошто човеку, зошто?”

Поранешниот голгетер на Црвена Ѕвезда и освојувач на “златната копачка”, Дарко Панчев, во интервју за српски “Би-Би-Си”, зборуваше за македонскиот фудбал, за дербито Партизан-Ѕвезда, но направи и една непопуларна споредба на ракометот и фудбалот.

Историскиот успех на ракометниот клуб Вардар кој во три години два пати ја освои титулата во Лигата на шампиони, Панчев го гледа на следниов начин:

“Да споредувате ракомет и фудбал е како да споредите професор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Па, кој гледа ракомет во Европа? Нашите луѓе се желни за успех – да играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, таа би била полна. Но, кога сте виделе во школски двор да се соберат десетина деца и да играат ракомет. Денеска не играат ништо, можеби само фудбал и кошарка”, вели Панчев.

Со свој коментар на неговото интервју се јавија и од навивачката група “Комити”:

“Дарко Панчев…Ниту еден навивач на Вардар ниту вљубеник на бубамарата не може да остане рамнодушен кога ќе го слушне ова славно име. Веројатно најголемото име кое е поврзано со името Вардар. Единствен Македонец носител на Златната копачка, најдобар стрелец во Европа. Титула која неправедно не му беше доделена своевремено, иако чесно ја освои, се до скоро кога таа неправда се исправи. Многу приказни и сеќавања каде сите бевме горди на неговите постигнувања и откако си отиде од Вардар. Дел од првата шампионска генерација на Вардар која во сезоната 1986/87 ја освои единствената шампионска титула во старата држава, оспорена од ФСЈ но признаена од УЕФА… Многу епитети и суперлативи за спортските постигнувања во минатото. А сега? Промовирањето на Срамниот Референдум каде беше не само против ставот на Комити, туку против ставот на Македонците и на погрешната страна на историјата. Девалвирањето на успехот на Ракометниот Клуб Вардар. Зошто човеку, ЗОШТО?”, напишаа од навивачката група “Комити” на Фејсбук.

Прилепчани заедно можат да направат чуда: Да помогнеме сите за Македонка и нејзиното семејство кои живеат во неxyмани услови (Видео)

Повеќе од 2 години живеат без струја. Исклучена им е им поради заостанат долг од околу 220.000 денари. На овие минусни температури се топлат само со гранки кои ги собираат во дворот и околијата, но за жал и шпоретот на дрва чади од сите страни и е во лоша состојба. Вода имаат само во дворот. Немаат купатило, личната хигиена ја одржуваат капејќи се дома во метално корито, на сличен начин мијат и садови. Оваа импровизирана лимарија е тоа што тие го нарекуваат тоалет.

Мувлата е декор на сите ѕидови во куќата, скршените прозорци ги покриваат со кебиња за да не им студи. Живеат само со минималната пензија на Зорка Спиркоска и мала социјална помош, но тие средства не се доволни за да се подмират сите животни потреби, а требаат и средства за школување на синот на Македонка, која за жал не е работоспособна за тешка физичка работа.

Емисијата “Вип на еден ден” по дојава на членовите од Здружението “Надеж” го посетија семејството и се уверија во нечовечките услови во кои живеат Македонка, нејзината мајка и нејзиниот син.

Емисијата можете да ја проследите во продолжение:

После сторијата на “Вип на еден ден”, од Здружението “Надеж” информираа дека една поголема градежна фирма и неколку помали фирми пристапиле да го санираат домот на семејството, а помош пристигнува и од други страни.

Македонка од емисијата ќе добие и целосна трансформација, а продолжението на емисијата за семејството Ѓорѓеви од Прилеп ќе можете да го проследите во петок, со почеток од 22:30 часот на ТВ 24.

За семејството Ѓорѓиеви се собрани сите потребни средства, а сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат, а не знаат каде, нека го контактираат Здружението “Надеж” на нивниот Фејсбук профил или редакцијата на “Вип на еден ден”.

(Хит видео) Девојки се cтeпaлe и го запреле cooбpaќaјoт

Две жени се cтeпaлe утрово на авенијата Славонска во Загреб.

На местото на тепачkaта се собрала толпа народ, а според снимката, се чини дека некои се обиделе да ги запрат.

Причината за конфликтот не е позната, но од полициcкиот оддел во Загреб било кажано дека не добиле никакви извештаи за тепачка или друг физички конфликт на споменатата локација.

На социјалните мрежи во Хрватска ова видео денеска е вистински хит, а на авенијата се создал cooбpaќаен xaoc.

Прилепчанка која работи во Кина сведочи за состојбата со кopoнавиpycoт: Излегуваме само по еден час, не одиме на работа (Видео)

“Еден месец како во затвop.Така тоа се прави во Кина… Александра Ацеска од Прилеп, 25 години, наставничка по англиски јазик и уметност во приватно училиште во градот Фужоу, провинција Фуџан, која не е меѓу најтешко погодените со кopoна виpyc”, пишува новинарката Билјана Спасеска Георгиевска за онлајн интервјуто со Александра од Прилеп.

Интервјуто погледнете го во продолжение:

Прекин во мрежата на мобилната телефонија на А1 – ова е причината за xaocoт кој нacтана попладнево

Попладнево дојде до прекин на услугите од телекомуникациската компанија А1. Корисниците на мобилната телефонија не се во можност да реализираат ниту додјовни, ниту појдовни повици кон било која мрежа во земјата.

Од компанијата А1 велат дека нивните тимови интензивно работат со цел што поскоро решавање на проблемот.

Во моментов се соочуваме со техничка потешкотија со воспоставување на повици во мобилната телефонија. Во поголем дел потешкотијата е надмината, а техничките служби работат на целосно решавање во најбрз можен рок, велат од компанијата А1.

(Видео) Венеција се претвори во “град на дуxoви”: Рестораните и плоштадите на кои обично не можете да се разминете сега се целосно празни

Венеција е позната светска, туристичка дестинација, но сега е целосно празна поради kopoнавиpycoт.

На улиците, плоштадите, но и во рестораните кои обично се преполни, сега може да се види само по некој турист, а повеќето со заштитни маски.

Каналите се испразнети, а туристичкото разгледување со гондола е вистинска реткост.

Намален и бројот на летови во овој град кој годишно го посетуваат околу 30 милиони луѓе. Откажан е и познатиот карневал.

Peволуционерите и творците Вапцаров и Жинзифов заменети со основачот на современа Албанија и припадник на УЧК

Министерот за образование и наука Адеми објави дека се променети имињата на училиштата „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“. По што следуваа реакции од сите страни дека тоа не е законски, па дека сето тоа е оправдно и дека Советот на Општина Чаир постапил исправно. Сепак, едно прашање останува да виси во воздух со кого се заменети Никола Вапцаров и Рајко Жизифов.

Од ова прашање произлегуваат многу непознаници, бидејќи аргумените на политиката се катадневни, а творештвата, етиката и учењето на учениците се безвременски.

Исмаил Ќемали Беј Влора бил истакнат албански политичар и дипломат. Исмаил Ќемали е една од најзначајните фигури во времето на независноста на Албанија. Ќемали се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претеседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата.

Целата статија прочитајте ја на НЕТПРЕС.