Прилеп доби уште еден претставник на висока партиска позиција во ВМРО-ДПМНЕ. Крушевчанецот Сребре Маркоски, кој живее и работи во Прилеп, е избран за потсекретар на генералниот секретар на партијата, Драган Ковачки.
Маркоски ја соопшти веста преку објава на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се за довербата што му ја укажале претседателот на партијата Христијан Мицкоски, генералниот секретар и членовите на Извршниот комитет.
„Продолжувам посветено, одговорно и со силна мотивираност, во интерес на партијата и Македонија! Довербата се оправдува со дела“, напиша Маркоски.
Овој избор доаѓа по неодамнешното назначување на актуелниот заменик-министер за економија и труд, Марјан Ристески, за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, задолжен за Изборната единица 4.
























