Ракометарите на РК Прилеп попладнево во рамките на десеттото коло од Супер лигата, стигнаа до четвртата победа сезонава. Во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, прилепчани триумфираа со високи 34:24 и сега имаат десет освоени бодови на шестото место на табелата.
Освен фаворитите за шампионската титула – големата четворка: Вардар, Алкалоид, Охрид и Еурофарм Пелистер, пред Прилеп е само Тиквеш, со еден бод повеќе.
Избраниците на Наум Танески, уште еднаш покажаа дека се подготвени сезонава да стигнат до посакуваните места, кои водат во плеј-оф разигрувањето.
На теренот денеска брилијантен беше десниот бек Никола Шипинкоски, кој успеа да постигне дури 11 погодоци, а имаше голема помош од левиот бек Андреј Стојановски, кој пак погоди осум пати во гостинската мрежа.
Во наредното коло Прилеп му гостува на ЕуроФарм Пелистер 2.
























