Ресторан Порта продолжува да ја негува препознатливата комбинација на врвна кујна, одлична музичка понуда и амбиент во кој секоја средба станува посебно уживање. Без разлика дали сте расположени за вечерно излегување или за опуштена саботна дружба со добра музика, ве очекува одлична програма подготвена за различни генерации и вкусови.
Овој викенд во Ресторан Порта повторно носи три различни музички доживувања, па затоа навреме изберете што е по ваш вкус и резервирајте го своето место.
ПЕТОК – 20.11. | MODUS Band
Петочната вечер е резервирана за MODUS Band и маестралниот вокал на Гоце Бошкоски – Чоки.
САБОТА – 21.11. | 13:00 часот – ТИЈАНА И ДАНИ
Саботното попладне традиционално во Порта започнува со дневна забава, добро расположение и музиката на прекрасните Тијана и Дани.
САБОТА – 21.11. | 20:30 часот – МАРИФЕТ
За саботната вечер, на сцената во Порта доаѓа групата Марифет, подготвена за уште една вечер исполнета со добра музика и одлична атмосфера!
Резервации на: 078 368 111
Се гледаме во Порта, каде што добрата храна, музиката и дружењето секогаш одат заедно!


























