Екипата на прилепски Мега баскет до 18години, вечерва ја забележа петтата последователна победа. Во салата во “Добре”, паднаа Ангели од Скопје и тоа со 59 разлика.
Конечниот резултат на семафорот денеска беше 109:50, триумф со кој прилепчани остануваат на втората позиција на табелата во Втората лига-Запад.
За жал овие дечки и нивните сениорски колеги, кои исто така се натпреваруваат во Втора лига и одлично котираат сезонава, не добија дополнителни средсва од општинските власти со вчерашниот ребаланс на буџетот, иако покажуваат дека Прилеп има кошаркарски талент, и можат да ја вратат кошарката на нивото од пред 20-тина години во градот под Марковите Кули.

























