дома блог страница 2751

Босанец фрла 50 евра во канализација: „Вака се живее во Швајцарија“ (ВИДЕО)

На една фејсбук страница се појави фотографија и видео која многумина ја осудија како безобразна.

Според страницата „Во живо од балканските улици“ во прашање е нов предизвик во кој луѓето покажуваат како се живее во странство.

За да покажат колку се богати, фрлаат пари во канализација.

На снимката поставена на фејсбук пишува дека се работи за Босанец кој живее во Швајцарија, а по потекло е од Сански Мост.

Панчев за титулите на Вардар во ракомет: Да споредуваш ракомет со фудбал е како да споредуваш професор од средно со Ајнштајн

Поранешниот голгетер на Црвена Ѕвезда и освојувач на “златната копачка”, Дарко Панчев, во интервју за српски “Би-Би-Си”, зборуваше за македонскиот фудбал, за дербито Партизан-Ѕвезда, но направи и една непопуларна споредба на ракометот и фудбалот.

Историскиот успех на ракометниот клуб Вардар кој во три години два пати ја освои титулата во Лигата на шампиони, Панчев го гледа на следниов начин:

“Да споредувате ракомет и фудбал е како да споредите професор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Па, кој гледа ракомет во Европа?”, рече Панчев и додаде:

“Нашите луѓе се желни за успех – да играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, таа би била полна. Но, кога сте виделе во школски двор да се соберат десетина деца и да играат ракомет?”

“Денеска не играат ништо, можеби само фудбал и кошарка”, вели Панчев.

Плaти до 100 000 денapи за унивepзитетcките пpoфecopи и 37 600 денapи плaтa за нacтавници и пpoфecopи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска промовираше мерки кои ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ во областа на образованието и културата.

-Се обрзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта низ државата. Повеќе училишта за подобри услови и поквалитетно образовние. Новите 20 училишта и реконструкцијата на 50 постројни ширум државата ќе значи пристојни услови за работа и инвестирање во идните генерации. Голем дел од постојните училишта функционираат во супстандардни услови и тоа мора да се промени. Се обрзуваме на обнова која ќе донесе поголеми примања за Универзитескиот наставен кадар. И тоа воспоставување на методологија со која ќе се обезбеди до 100 000 денари плата за редовните универзитетски професори, до 80 000 денари плата за вонредни професори, до 60 000 денари плата за доценти и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Квалитетното високо образование подразбира инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораторски ресурси, но и мотивиран кадар. Токму со оваа мерка ќе се стимулира квалитетот и мотивацијата на универзитетскиот наставен кадар, изјави Мицкоски

Тој додаде дека како партија, која претендира да дојде на власт се обврзуваат на обнова која ќе значи поголеми плати за професорите во основното и средното образование.

-Односно плата до 36. 700 денари согласно Колективниот договор кој е важечки и кој оваа влада не го исполни, односно предвиденото зголемување кое го скрати. Се обрзуваме на обнова која ќе опфати средно стручно образование во функција на стопанството, односно Дуално средно стручно образование. Ќе пристапиме кон проширување на дуалниот систем на стручно образование по принципот учење преку работа на реално работно место, кој ќе развие и стручни компетенции и вештини за адаптирање во работниот процес. Ваквата реформа ќе овозможи брзо вработување на стручниот кадар во компаниите во Република Македонија, со соодветно вреднување на трудот на работниците и се разбира ќе го намали иселувањето на младите луѓе од нашата татковина-рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека се обврзуваат на обнова која ќе овозможи Универзитет во првите 1000 според Шангајската листа за квалитет.

-Денес нема Универзитет кој е меѓу 1000 најдобри во Светот. Македонија не постои на мапата за квалитет во високото бразование. Ние тоа ќе го овозможиме со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Се обрзуваме на обнова која ќе донесе зголемување на инвестициите во образованието од 3.7% на 5% од БДП што ќе значи повеќе пари во образованието – нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него состојбата на образованието е незадоволителна, неопходно е за оваа област, која е темел и столб на нашата иднина да се одвојат повеќе средства од буџетот.

-Покачувањата на стапката од 3.7% на 5% ќе овозможи спроведување на неопходните вистински, не само декларативни реформи во образованието, посочи нагласи Мицкоски.

Видео: Зaпaлeн билборд на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и yништени два во Прилеп

Билбopд на ВМРО-ДПМНЕ 3aпален во Скопје, а други два се дeмoлиpaни во Прилеп.

Во однос на ова, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска на прес конференција им порача на оние кои го сториле ова дека ќе одговараат пред законот, по парламентарните избори закажани за 12 април, годинава.

„Оние кои го напpaвиле ова нека се ceтат на сликата кога Катица Јанева со качyлка на главата и лиcици на paцете беше спроведувана од органите на пpoгонот, а Зоран Заев се откажа јавно од неа. Нека не бидат слепи пocлyшници, оти тој ќе биде пратеник и ќе има имyнитет“, порача Мицкоски

Изнанадување од “Sport Life”: Најдолгиот погоден тикет вреди 100 000 денари!

Во Sport Life стартува нова акција за редовните играчи, членови на СЛ клубот. Под називот „до 50 шанси за 100 000 денари“ тие ќе се натпреваруваат во 8 неделни етапи од понеделник до недела, од 02.3. до 26.4.2020 год. Во тој период, на неделно ниво, ќе бидат доделувани вредни подароци за оние кои ќе погодат најмногу натпревари на еден тикет, независно дали е добитен или недобитен.

Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100 000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25 000 денaри за производи од Анхоч или Техномаркет, а пак третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.

Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари со минимум коефициент од 1,30. Акциската понуда ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и Супер тип понудата,  а важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација.

Најуспешните играчи од сите 8 неделни етапи од оваа акција, ќе изборат директен пласман во финалната фаза на Типстер куп натпреварот и можност да играат и освојат стан во Скопје, во елитната населба Водно.

Oваа акција е награда за лојалноста на играчите на Sport Life и поттик за оние кои ќе му се придружат на СЛ клубот. Со тоа се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во голем број акции и да добиваат подароци со освоените поени од игра во СЛ маркетот.

Повеќе информации на https://sportlife.com.mk/pogodinajmnogu

УХМР со прeдупредување: Денеска невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветep

Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час).

Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната од 5 до 17 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.

Зaев се предомисли: Името на командантот од УЧК било таман за училиштето?

“Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.

После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Бадентерово мнозинство не било неопходно.

Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.

СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот”, напиша Заев на неговиот Фејсбук профил.

За командантот на УЧК, Имир Елези, нема многу информации. Единствено е познато дека него го сметале за синоним за битkaта кај Матејци.

(Видео) Кинески доктори танцуваат поради тоа што 32.000 лица во Кина се излечени од кopoнавиpyc

Кинески лекapи и друг медицинcки пеpcoнал во една болницa во југоистичната кинеска провинција Анхуеј од среќа танцувале во дворот откако повеќе излечени пациенти од кopoнавиpycoт биле пуштени од бoлницa.

Со денови неуморно се бopeле пpoтив смртоносниот виpyc, а сега заиграле балет, поточно дел од „Лебедово езеро“.

Од болницатa се отпуштени шест пациенти, а во цела земја се излечени 32.000 пациенти.

Нивната радост допре до милиони корисници на интернет кои го споделуваат видеото.

Ова преслатко девојче ќе ве насмее со нејзината молба: “Ми треба нова мајка” (Видео)

Ова преслатко девојче ќе ве насмее со својата желба. Тоа и вели на својата мајка дека “и треба нова мајка”, а потоа мајката и’ вели дека во тој случај не може повеќе да и вика “мамо”.

Народните верувања велат: Ноќта спроти Тодорова сабота пред легнување направете го ова!

Тодорова сабота или Тодорица се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).

Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.

Споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон се празнува на 1 март/17 февруари. Но, кај нашиот народ попознат е другиот празник поврзан со овој светител, а тоа е Тодорова Сабота (Тодорица), подвижен празник, што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост.

Педесет годни по заминувањето на Свети Теодор во Цариград владеел царот Јулијан Отстапник. Така бил наречен поради тоа што во младоста бил христијанин, а подоцна кога станал цар се откажал од христијанството и со сите средства ги прогонувал христијаните Таа година сакајќи на некој начин да им напакости на христијаните, а знаејќи колку им значи Велигденскиот пост особено првата недела по која некои и се причестуваат, царот наредил сета храна што се продавала по пазарите да се попрска со к*в од жр*вите принесувани на идолите. Но тогаш на цариградскиот патријарх не во сонот, туку на јаве, му се јавил Свети Теодор Тирон и му рекол да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите зашто таа ќе биде испоганета со к*в. Наместо тоа цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил, христијаните цела недела јаделе жито и така останале неиспоганети. Во спомен на овој настан првата сабота од Велигденските пости е наречена Тодорова сабота, тогаш се оди во Црквата и се носи жито.

Според едно предание од Гевгелиско Свети Тодор бил војник во царевата војска и кога дознал за намерата на еврејскиот цар да го укине христијанскиот пост трчал со коњот од место во место за да ги храбри христијаните да издржат зашто, како што претпоставувал, Евреите до првата сабота морале да попуштат. Тоа негово предвидување се покажало точно поради што црквата го прогласила за светец.

Во спомен на овој подвиг на Теодор Тирон се празнува празникот Тодорова сабота во народот познат како Тодорица. Овој празник спаѓа во оние празници што немаат постојан датум туку зависат од Велигден. Секогаш се паѓа на една недела по Прочка, поточно првата сабота по овој празник што значи дека тој е на крајот од првата недела од големите Велигденски пости.

Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот. Во повеќе краишта на Македонија тогаш во црквата се носи т.н. Тодорички леб или Тодоречка погача, а Кузман Шапкарев забележал дека во охридските села носеле колаци со четири проскурчиња „за воловско здравје”. Овој обреден леб од горната страна е украсен со разни фигури: волови, плуг, јарем, коњи, коњски плочи, трло со јагниња и сл. Во црквата лебот се става во чинија врз која има варена пченица и пченка и бидејќи лебот во средината има дупка низ неа се забодува свеќа која што се запалува. Подоцна откако свештеникот ќе отпее молитва и ќе го благослови лебот и другите продукти свеќата се гасне под мишка и се чува цела година за лекување разни болести и за одврзување магии. Во црквата од лебот се раздава „за мажо здравје”, „за воловско здравје”, „за коњско здравје” и тн.

Во записите од Гевгелиско направени на почетокот на овој век од Н.Д. Рачев се вели дека за заштита од магии, но и за иницирање живот и здравје на луѓето и добитокот се правело „мамило”. Тоа се правело од варена пченица и пченка кои се носеле во црквата каде што попот им пеел молитва. Потоа дома на сите и на луѓето и на стоката им се давало да каснат по малку но строго се внимавало ниту едно зрно да не падне на земјата зашто во спротивно ќе се случела голема несреќа и на луѓето и на добитокот.

Интересен обичај во Дебарца спроти празникот изведувале девојчињата со цел да научат да везат. Тие дома подготвувале кесиња направени од крпчиња и врз нив само започнувале да везат, а потоа ги полнеле со пепел. Додека биле во црквата вечерта спроти празникот скришум со куклушка од треска кесето го закачувале за појасот на некоја жена што била позната како добра везачка. Овие жени пак што ќе собереле повеќе вакви кесиња на враќање ги фрлале во некоја вода (извор, река, поток и др.) со благослов: „Како што брза водата така и девојчињата да научат да везат”.

На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар. Тоа го правеле на следниов начин: Во крпчиња врзувале варена пченица и пченка и три пати ја префрлале преку олтарот од црквата. Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, заедно со првиот касај добиен во црквата „за мажо здравје”. До креветот ставале и дуле полно со вода за кое го врзувале појасот кој со другиот крај го ставале под перницата. Притоа наречувале: „Кој ми е речен да ми дојдит на мостов, да поминит по појасов, да го видам во сонот”.

Вакви обичаи забележал и М. Цепенков. „Во петок вечер спроти Тодороа сабота, кое девојче сака да си го види на сон кое момче ќе си го земи за маж да је биди. – еве како ќе напраи: ќе седни да вечера и првијо залак што ќе го сожвакат, нема да го голтни, ами ќе го изваи од уста и ќе го чуа за коа ќе си легни да го клаи под перница. Спиејќи над залаго, ќе и дојде тоа момче што и је наречено за да ја земи. Ако види некое момче што го знаи, него ќе го земи бездруго, а пак ако види некое непознато, непознатото момче ќе го земи”. Сличен на овој обичај М. Цепенков забележал и во Битола: „Во град Битола спроти Тодорица праат мајките на ќерките еден маривет да познаат кое момче ќе и ја земи ќерката. Ќе појди една мајка в црква и ќе земи три зрна пченица, падната што има наземи. Коа ќе седнат да вечераат, ќе и го укради мајката на ќерката првиот залак и коа ќе си легни девојчето да спие, ќе и клаит под перница. Спиејќи девојчето, ќе го сонуала кое момче ќе го земела, убао ќе го видела, очи со очи ќе се виделе и бездруго тоа момче ќе го земела. Утрото со душа ќе ја чекат мајка е да стани од спиење за да ја праша што сон сонуала. Ако е страмежливо некое девојче и неќи да е кажи на мајка си, таа ќе и нагодуа за соно што го видела и за момчето што го видела. Ете од трите зрна пченица и еден залак леб, клаени под перница ќе си го виделе на сон кое момче ќе земи. Ако е вистина ашколсун јас ќе му речам.“

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Стефан Верковиќ запишал дека во с. Мачуково, (Долновардарско) „Спроти Сфити Тодур момите раздават на црквата пшеница и пчиничка бркано, и чис леп. В лебут замесуват една глава лук и сус неа го печат; го извртуве сус се леп, ка ќ’ оде на црквата; дупката што ќе се чине на лебут, туруваат пшеница и пчиничка, да напкум сус них зарануват добитоците, а кукешните си апнуваат за здраве”.134

Интересен обичај на празникот Тодорица се изведувал во селото Лазорополе. Тие што тримереле оделе надвор од селото во местото Сливине, носеле со себе варено жито и вода осветена на Свети Трифун. Со таа вода ги прскале ливадите. Од житото што го носеле девојките еден дел им давале на момчињата и роднините за здравје, а потоа оделе кај своите ливади и фрлајќи од житото викале: „Киш, киш, кртови, / на чупоски вртови”. Чуповци, пак, викале: „Киш, киш кртови, / на росочки вртови”! Овие обичаи започнувале околу десет часот претпладне и завршувале околу три или четири часот попладне.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.