дома блог страница 2749

СЕ ПЛAШИ ОД СOOЧУВАЊЕ? Заев не прифати дуел на телевизија „Алфа“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес- конференција соопшти дека нема да оди на телевизиски дуел со неговиот противкандидат, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на телевизија „Алфа“.

Тој добил покана за да оди на дуелот за на 12 март, но до денеска не одговорил. Откако новинарот на„ Алфа“ го праша дали ќе ја прифати поканата за дуелот, Заев ги праша членовите на партијата кои се присутни на сите прес- конференции на лидерот. По нeгодувањата на членството, Заев кажа дека го слуша народот и дека нема да учествува на дуелот.

Од новинарите доби забелешка дека поради членовите кои се присутни на прес-конференции, немаат услови за одговори на нивните прашања, Заев порача дека тоа е прашање за неговиот тим за односи за јавност и ја прифати забелешката.

Сепак, потоа рече дека ќе размисли за поканата на телевизијата по информациите објавени во словенечките медиуми дека пари од Унгарија завршиле во неколку македонски медиуми, меѓу кои и телевизија „Алфа“.

Заев: “За 20% ќе ја намалиме јавната администрација и ќе ги укиниме патните трошоци за пратениците”

Ќе повлечеме неколку чекори во рамките на извршната и нa судската власт, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев во идниот мандат.

Меѓу новите предлози во правосудството Заев најави дека судиите кои намерно ќе застарат предмет по автоматизам ќе бидат разрешени. Предметите ќе се следат електронски, а Судскиот совет и Советот на јавните обвинители само ќе треба да констатираат кои судии застариле предмети. Ќе се прави и ревизија на пет остсто на сите судски пресуди во изминат 5 години по случаен избор. Ќе има и законска обврска за јавна објава на сите трошоци на судии, обвинителите, но и на градоначалниците.

Заев најави дека новиот парламентарен состав ќе ги укине патните трошоци за пратениците во Собранието.

Ќе има и награди за пријавители на кривично дело чија пријава ќе биде основана.

Секоја институција ќе има обврска 4 пати во годината да има отворен ден за граѓаните.

Лидерот на СДСМ рече и дека ќе ја намалат јавната администрација за 20 проценти и дека во администрација ќе работат тие што се спремни да им служат на граѓаните.

(Видео) Играч на Тотенхем по пopaзот се качи на трибините за да се пpecмета со навивач

По осминафиналето на ФА купот меѓу Тотенхем и Норич се случи несекојдневен инцидент откако играчот на Тотенхем, Ерик Дајер се качи на трибина за да се тепа.

Според англиските медиуми, навивачот го навредувал Дајер и неговиот брат.

Летно сметање на времето: Стрелките на часовникот одат еден час напред

Вечерта помеѓу 28 и 29 март во 2 часот наутро започнува летното сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот се поместуваат еден час напред. Ќе биде ли ова последното менување на сказалките?

За укинување на ваквата пракса во рамките на ЕУ се зборуваше и минатата година кога Европската комисија предложи укинување на летното и зимското сметање на времето најдоцна до оваа година, а Советот на министри за транспорт и телекомуникација изрази загриженост за подготвеноста на земјите членки да се прилагодат на новите услови во толку краток временски период по што повика на одложување на суспензијата за промена на времето.

По ова, постигнат е компромис новата директива да стапи на сила од 1 април, а последното менување на сказалките да се случи во март 2020 година.

Дотогаш, земјите членки треба да преговараат за временските зони и трајното прифаќање на летното или зимското сметање на времето.

Иако промената на времето е генерално корисно за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку придобивки.

Досега, поместувањето на часовникот беше право на избор за секоја земја – не постои закон што вели дека часовникот мора да се менува, а во моментов повеќето европски земји и скоро цела Северна Америка ги поместуваат стрелките на часовникот два пати во годината, додека остатокот од светот се откажал од ова или никогаш не го ни поместил часовникот.

Братучедите ни се дар од семејството и големи пријатели кои не ги избираме

Братучедите се луѓето во нашиот живот кои ни стануваат добри пријатели, а кои не ги бираме како останатите пријатели. Со нив, уште од детството се смееме многу, уживавме и го славиме животот.

Нѐ зближуваат нашите родители кога сме мали, а потоа самите се смееме на истите шеги, ги правиме заедничките глупости и ги чуваме своите тајни. Тие се повеќе од роднини за нас.

Создаваме заеднички спомени

Со нив сме од детството. Учиме, растеме, паѓаме, се лутиме и се караме. Нѐ има на заеднички смешни фотографии на кои се смееме целиот живот.

Тука се секогаш за нас

Често, повеќе би им се јавиле ним отколку на нашите најдобри пријатели. Знаеме дека не ни мислат лошо, дека би нѐ разбрале и би ни помогнале во секој момент. И, не само тоа – вешто би ја сочувале тајната, а потоа би нѐ заведале за неволјата во која сме западнале.

Со нив, озборувањето во семејството има поинакво значење

Заеднички се смееме на роднините кои не ги сакаме, на братучедите кои се различни од нас, на тетките со чудни фризури и си создаваме заеднички интерни шеги за сите роднини. Додека се што се случува за другите е драма, за нас тоа е комедија.

Тие се тука со нас во најважните денови од нашиот живот

Свадби, родендени, крштевки… тие мораат да се тука на секој важен настан, но и уживаат во тоа, поради тоа што така заеднички се креираат спомените и за нив се зборува доолгоо, долго.

Нѐ прифаќаат кога ни е најлошо

Без оглед дали сме раскинале, сме се напиле, или едноставно не сме расположени – тие се тука за нас. Тие не ги бираат само убавите денови или пак нашите најдобри верзии. Нѐ знаат и нѐ сакаат во секое издание.

Не очекува пролет со температури повисоки и до 10 степени од просечните

Светската здравствена организација излезе со својот редовен извештај околу климатските промени и темераторите.

Светската здравствена организација предупредува дека не очекуваат екстремно високи температури во месец мај, и за десетина степени повисоки од просечните.

Генерално, цела 2020 година ќе биде со топло време кое ќе започне веќе од мај.

Покрај температурата на воздухот се очекува и зголемување на температурите на водите во морињата и тоа за неколку степени.

Не ви требаат повеќе строги диети: Овие три правила ќе ви помогнат да ослабете

Појадокот е најважниот оброк од повеќе причини. Она шо можеби е најважно е праивлно да јадете.

Доколку сакате да ослабнете или само да ја одржувате својата тежина, ви пренесува три правила до кои треба да се придржувате и на соодветен начин да уживате во својот прв оброк во денот.

Јадете рано

Истржаувањата откриваат дека појадокот го подобрува метаболизмот и предизвикува во текот на денот да бидете помалку гладни, па подоцна поздраво да ручате и уште поздраво вечерате. За да телото ги согори мастите, по будењето појадуваје што порано можете.

Изберете намирници кои ќе ве заситат

Нека појадокот би биде богат и обилен за да не бидете гладни за 2-3 часа. Јадете храна која споро се вари, како и храна која содржи многу влакна и протеини затоа што ќе ви дадат неопходна енергија. И секако внимавајте појадокот да не содржи премногу шеќери.

Внимавајте на величината на порцијата

Обилен појадок секако ќе ве засити, но немојте да претерувате. Јадете умерено, онолку колку што ви треба. Кога ќе почувствувате дека сте сити, застанете. Не мора да изедете се што е во чинијата.

Сончева револyциja во Могила: Поставени 50 знамиња со сонцето од Кутлеш (Фото)

-Педесет нови знамиња со сонцето од Кутлеш, ја красат општина Могила! Могила е новото Волино за денес! – пишува на Фејсбук страната “Сончева револуција”.

(Видео) Бунт на прилепските наставници за xaocот при вработувањето. Институциите молчат, kpивичните следуваат

Фејсбук статус на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ:

“Во образованието и училиштата низ Македонија важи сѐ само законот не! Зошто постојат законите ако никој не ги почитува?
Член 10, став 3 од ЗНСС донесен на 5.8.2019 година гласи ,,Кога на јавен оглас ќе се јават повеќе кандидати, предност имаат наставниците, кои имаат повисок степен на соодветно високо образование и повисок успех во текот на додипломските студии.“

Зошто повеќето од Директорите во училиштата во општина Прилеп го занемариле целосно овој член и донеле одлуки спротивни на него?
ДПИ и инспekторите да одговорат дали во закон постои воопшто терминот „минорна разлика“? Зошто постои овој член во Законот ако разликата во просекот не прави разлика?
Исто така виш инспekтор во друго училиште има донесено Решение со мерка за постапување – поништување на јавен оглас за избор на наставници на определено работно време, а Директорот на училиштето сѐ уште го нема поништено огласот, иако рокот за контролен увид е завршен и казни нема.
Дали обврската на вишиот инспekтор тука завршува или има законска должност да ја спроведе правдата до крај? Друг инспekтор пак во вонредниот увид во две други училишта во Прилеп носи одлука дека има прekpшувања на член 10 став 3 од ЗНСС во Одлуката од Директорот, а потоа без никакво образложување, без никаков законски основ ја поништува сопствената одлука. Зошто преку ноќ менува решенија, а не чувствува должност истите да ги објасни?

Зошто молчат Градоначалникот на општина Прилеп, неговите Советници за образование? Дали молкум го одобруваат ваквото самоволие на Директорите? Дали чувствуваат должност или можеби вина за незakoнското работење на раководителите?
Надлежните органи да покренат испитување на законитоста на работењето на Директорите, како и Министерот за образование и наука, како највисок орган над сите гореспоменати институции.
Министерот да одговори ако Законот во 2017 година не давал никаква предност во конкурсите, притоа Колективниот договор за образование не го ни сметал за важечки, а овој Закон сега овозможува исправање на тогашната неправда и самиот тој има дадено толкување, но и го потпишал истиот Колективен договор сега како важечки, а Директорите тоа не го почитуваат, што ќе преземе?

(Фото) Го забетонирале влезот на Филозофски факултет затоа што секретарките имале проблем со промaja

Вратата на деканатот на Филозофкиот факултет во Ниш од надворешната страна е заѕидана, а деканката Наталија Јовановиќ вели дека влезот е заѕидан затоа што секретарките имале проблем со промаја.

Таа вели дека претстои реновирање.

Фотографијата од заѕиданиот деканат во Ниш беше споделена на социјалната мрежа Твитер, а граѓаните и архитектите не останаа неми на ова.