Прилепчани заедно можат да направат чуда: Да помогнеме сите за Македонка и нејзиното семејство кои живеат во неxyмани услови (Видео)

Повеќе од 2 години живеат без струја. Исклучена им е им поради заостанат долг од околу 220.000 денари. На овие минусни температури се топлат само со гранки кои ги собираат во дворот и околијата, но за жал и шпоретот на дрва чади од сите страни и е во лоша состојба. Вода имаат само во дворот. Немаат купатило, личната хигиена ја одржуваат капејќи се дома во метално корито, на сличен начин мијат и садови. Оваа импровизирана лимарија е тоа што тие го нарекуваат тоалет.

Мувлата е декор на сите ѕидови во куќата, скршените прозорци ги покриваат со кебиња за да не им студи. Живеат само со минималната пензија на Зорка Спиркоска и мала социјална помош, но тие средства не се доволни за да се подмират сите животни потреби, а требаат и средства за школување на синот на Македонка, која за жал не е работоспособна за тешка физичка работа.

Емисијата “Вип на еден ден” по дојава на членовите од Здружението “Надеж” го посетија семејството и се уверија во нечовечките услови во кои живеат Македонка, нејзината мајка и нејзиниот син.

Емисијата можете да ја проследите во продолжение:

После сторијата на “Вип на еден ден”, од Здружението “Надеж” информираа дека една поголема градежна фирма и неколку помали фирми пристапиле да го санираат домот на семејството, а помош пристигнува и од други страни.

Македонка од емисијата ќе добие и целосна трансформација, а продолжението на емисијата за семејството Ѓорѓеви од Прилеп ќе можете да го проследите во петок, со почеток од 22:30 часот на ТВ 24.

За семејството Ѓорѓиеви се собрани сите потребни средства, а сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат, а не знаат каде, нека го контактираат Здружението “Надеж” на нивниот Фејсбук профил или редакцијата на “Вип на еден ден”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.