дома блог страница 2718

Легендата на Милан и неговиот син позитивни на коронавирус

Легендата на светскиот фудбал и неговиот син имаат позитивни тестови, објави фудбалскиот клуб Милан

Кризата со Коронавирусот кулминира во Италија, а и се поголем број на спортисти се зафатени со опасната епидемија, па вечерва и Милан објави дека Паоло Малдини и неговиот син Даниел имаат позитивни тестови.

„Паоло Малдини и неговиот син Даниел имаат Коронавирус. Тие се во добра состојба и веќе две седмици со во изолација, според медицинскиот протокол. Ќе го продолжат карантинот со потполно закрепнување“, објави фудбалскиот клуб Милан на својата интернет страница.

Паоло Малдини е технички директор во Милан, а неговиот син е дел од фудбалскиот погон на италијанскиот гигант.

Вечерва и Пауло Дибала од Јувентус објави дека е позитивен на Коронавирус, исто како и неговата девојка Оријана. Бројот на заразени фудбалери постојано расте во Италија, како и општата статистика на заразени и починати во земјата која е најзагрозена со опасниот вирус.

Eве кои лица ќе може да се движат слободно за време на полицискиот час

Од утре започнуваме со огpaничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се зaбранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Исклучок ќе има само во следниве случаи:

Луѓето што се во живото зaгрозувачка состојба, имаат потреба од дијализа, и потреба од итна помош ќе може да се движат со придружба од најмногу од две лица;

Ако ги застане полиција по прегледот ќе мора да покажат мeдицинска документација дека биле на лeкар, за да ја докажат оправданоста на посетата на здравствена установа;

И директорите на ЈЗО ќе изготват список на вработени за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го достават до министерството за внатрешни работи или до други надлежни установи со цел изготвување на пропусници за движење. Со ова МВР ќе има комплетен увид за движењето на овие лица

Такси компаниите ќе имаат огpaничи број возила за дежурства кои ќе се користат исклучиво за превоз од и до здравствена установа. Таксистите задолжително ќе користат заштитна опрема како маски и ракавици;

Дежурните екипите на Водовод и канализација, Македонски телекомуникации и ЕВН и топлификација смеат да се движат само со претходна најава на 192

Да се огрaничи број на дежурни аптеки;

Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетoт на патници и да се запази растојание 2 метри од еден до друг патник.

Се забранува собирањето на населнието во групи поголеми од 5 лица

Управителите на погони, фабрики и сите инстутуции да го прилагодат работното време и производство согласно зaбраните за движење.

Трговски објекти, аптеки и јавни установи да го ограничат присуството на граѓани согласно бројот на шалтери и каси (колку каси, толку лица)

Времетраењето на задржувањето на лицата во овие објекти го одредуваат упрвителите на установите

Со забраните не се опфатени припадниците на АРМ, МВР и Противпожарните екипи и лица вработени во Комунална хигиена во време кога ги извршуваат работните обврски.

Младата џудистка Елена Малиновска потпиша професионален договор со ЏК Бушидо (Фото)

На 15 март управата на Џ.К.Бушидо потпиша професионален договор со една од своите такмичари, која со само 14 години се дрзна да се бори во сениорска конкуренција и успеа да се закити со бронзен медал на Државниот џудо натпревар, што неодамна се одржа во Прилеп.

Младата Малиновска не и е прв пат да изненадува на вакви натпревари. Претходната година се закити со голем број медали од меѓународните и државните натпревари низ балканските земји.

Стигнува полн авион со медицинска опрема и лекари од Кина за Србија

Најголемиот авион на „Ер Србија“, „Ербас А330“, кој вчера замина за Кина, е подготвен да се врати назад во Србија, полна со медицинска опрема и кинески медицински експерти, за на српските граѓани да им помогне во борбата против коронавирусот, јавува Курир.рс.

Авионот веќе полетал за назад и се очекува да слета во Белград отприлика околу 20 часот. Пред полетувањето, кинеските лекари се сликале со екипажот на летот и српското знаме.

Претходно, кинескиот претседател Си Џипинг испрати писмо до српскиот претседател Александар Вучиќ, во кое изразува поддршка за Србија, медицинска помош, но и помош во луѓе, односно медицински тим.

Кина е меѓу првите земји што во Србија испратиле помош во експерти и опрема.

“Џабе полициски час: Комшии на советникот од ДУИ си градат дивоградби во ек на пандемија?”

Охрид СОС на својата ФБ страна објави фотографии на кои се гледа дека некој гради објект на брегот на Охридско Езеро на потегот каде има десетици дивоизградени хациенди и вили.

ПОСТОТ НА ОХРИД СОС ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

“Деновиве, намаленото движење на луѓето некои наши сограѓани го искористија за да извршат одредени градежни работи, без да бидат забележани. Сепак, до нас стигнаа овие две фотографии, каде на брегот од Охридското Езеро, на стотина метри од бетонската база на советникот Усеини, се поставуваат темели на објект. Откако пред неколку години тогашната владејачка партија овозможи овие „хациенди“ на потегот од хотел „Далјан“ до специјалната болница „Свети Еразмо“ да се легализираат, сега сопствениците малку си ги надградуваат и прошируваат парцелите. Неодамна им се реновира и сообраќајницата па сега остана да се средат и дворовите. И така легализацијата на дивоградбите продолжува, тоа им одговара и на СДСМ Охрид и на О.К. ВМРО – ДПМНЕ – ОХРИД (официјална страна). Неспособноста на институциите, почнувајќи од Општина Охрид само се потврдува, а „заложбите“ и „акциите“ се само мртво слово на хартија, вест за еден ден, обид за краткотрајно замајување на јавноста, додека во стварност нити една платформа целосно беше отстранета, нити еден нелегален објект беше урнат, нити една казна беше изречена или концесија одземена. Само се купуваше време”.

Дали Србија воведе “покорисен” полициски час од Македонија? Eве од кога до кога трае полицискиот час таму

“Дами и господа новинари, денеска е најтешкиот ден за Србија! Имаме вкупно 171, денеска 36 нови заразени! 22 случаи се откриени попладнево!”, истакна на најновата прес конференција српскиот претседател Александар Вучиќ.

“Ќe предложам нови мерки до Владата, полицискиот час да започнува од 17 часот”.

“Дали разбирате што се случува? Ко Бог ве молам, не го правам ова поради политиката, туку да ги заштитиме животите! Ако не биде доволно до 17, ќе биде до 13! Ќе биде 24 часа! И не ме интересира што ќе кажете! Во тек е борба за вашите животи! Во Италија 793 мртви денеска, дали го сакате тоа? Ова е рекорд после Втората светска војна!”, истакна Вучиќ и додаде:

“Денеска е исто така голем ден за нас, стигна кинеската помош”.

Стоилковски: Воведување медиумска цензура среде епидемија!

„Воведување медиумска цензура среде епидемија!“- пишува на своот ФБ профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, коментирајќи ја најновата владина одлука одбрани медиумми, регистрирани кај провладини асоцијации и НВО-а да бидат единствените кои ќе можат да прашуват т.е. пставуваат прашања на новите владини он-лајн видео прес-конференции.

„Владата се одлучи за онлајн прес конференции и вклучување на прашања. Но, злоупотребувајќи ја состојбата се обидува да исклучи критички медиуми.

Имено во дописот за регистација стои:

“Право на учество на повикот имаат сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија),
како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми)”

Цензурата доаѓа токму во последниот дел. Најголемиот број критички медиуми не се дел од ЗНМ ниту дел од регистарот на Советот за етика; што лесно се проверува и од линковите посочени од владата.

*Ова е регистарот посочен од влада https://www.promedia.mk/main

Меѓу нив се Курир, Република, Лидер, Инфомакс, Нетпрес, Вечер.. Медиуми со илјадници читачка публика и посетители. Дури и многу повеќе од оние “на листата”. Сето ова доаѓа по прашањата до Филипче и соочувањата со вистината за состојбите и итните набавки од владата.

Ова е срамно, во услови на епидемија, на мала врата да се исклучат медиуми кои инаку се АКРЕДИТИРАНИ и без никаква пречка биле присутни на пресовите на владата.

“Браво” Забрчанец, “Браво” Бојаровски, “Браво” Роберт Поповски!

Вака се справува со кризата; Лажи и чекај да те фалат!“, пишува Стоилковски на својот ФБ профил.

МВР потврди, од утре се воведува полициски час во Македонија

Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, соопштија од МВР.

Ѕвездата на Јувентус и неговата девојка позитивни на коронавирус: Играчот се обрати преку социјалните мрежи

Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала и неговата девојка Ориана Сабатини се позитивни на коронавирус.

Информацијата која ја споделија светските спортски медиуми ја потврди и самиот Дибала, кој на социјалните мрежи напиша:

“Здраво на сите, сакам да ве информирам дека ги добивме резултатите за Ковид-19 и двајцата, јас и Ориана сме позитивни. За среќа се чувствуваме добро. Ви благодарам за вашите пораки”, напиша Дибала.

“Шилегов почести со 100 евра син на пратеничка? Трас трус да врти парата”

Син на пратеничка на СДСМ Татјана Прентовиќ е добитник на наградата што градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја измисли за да ги анимира граѓаните – oбјави “Еxpres.mk”.

Не се точни информациите дека тој самиот ја добил наградата како што се пишува на социјалните мрежи, парите овој пат отишле кај негова партиска другарка.

“Оваа фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или миленици #СкопјеДома #ShkupiNëShtëpi”, пишува на Твитер профилот на Град Скопје.

Петар Прентовиќ инаку син на пратеничката на СДСМ Татјана е првиот кој ја доби наградата на градот Скопје.

Кои се другите кандидати за наградата градот засега не објавува.

Извор: “Експрес.мк”