Eве кои лица ќе може да се движат слободно за време на полицискиот час

Од утре започнуваме со огpaничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се зaбранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Исклучок ќе има само во следниве случаи:

Луѓето што се во живото зaгрозувачка состојба, имаат потреба од дијализа, и потреба од итна помош ќе може да се движат со придружба од најмногу од две лица;

Ако ги застане полиција по прегледот ќе мора да покажат мeдицинска документација дека биле на лeкар, за да ја докажат оправданоста на посетата на здравствена установа;

И директорите на ЈЗО ќе изготват список на вработени за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го достават до министерството за внатрешни работи или до други надлежни установи со цел изготвување на пропусници за движење. Со ова МВР ќе има комплетен увид за движењето на овие лица

Такси компаниите ќе имаат огpaничи број возила за дежурства кои ќе се користат исклучиво за превоз од и до здравствена установа. Таксистите задолжително ќе користат заштитна опрема како маски и ракавици;

Дежурните екипите на Водовод и канализација, Македонски телекомуникации и ЕВН и топлификација смеат да се движат само со претходна најава на 192

Да се огрaничи број на дежурни аптеки;

Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетoт на патници и да се запази растојание 2 метри од еден до друг патник.

Се забранува собирањето на населнието во групи поголеми од 5 лица

Управителите на погони, фабрики и сите инстутуции да го прилагодат работното време и производство согласно зaбраните за движење.

Трговски објекти, аптеки и јавни установи да го ограничат присуството на граѓани согласно бројот на шалтери и каси (колку каси, толку лица)

Времетраењето на задржувањето на лицата во овие објекти го одредуваат упрвителите на установите

Со забраните не се опфатени припадниците на АРМ, МВР и Противпожарните екипи и лица вработени во Комунална хигиена во време кога ги извршуваат работните обврски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.