дома блог страница 2719

Петиција за воведување евтина струја преку цел ден: За кратко време ја потпишаа над 32.000 граѓани

На социјалните мрежи се прошири петиција за воведување на евтина струја, а истата досега ја потпишаа над 32.000 корисници.

Соопштението во иницијативата ви го пренесуваме во целост:

“Опасноста од забрзано ширење на Корона вирусот е реалност.

Затоа, ги поздравуваме здравствените мерки кои се преземени од страна на Владата и Министерството за здравство и наредбите за самоизолација на населението.

Но, истовремено ја потенцираме опасноста од настанување нов проблем, а тоа е социјалната криза и сиромаштија која ќе ја предизвикаат здравствените мерки доколку не бидат навремено проследени со социјални мерки.

Имено, задолжителноста на самоизолацијата, подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци (повисоки сметки за струја, вода, греење итн.).

Сето ова во ситуација кога граѓаните остануваат без работа поради затворањето на голем дел субјектите од производствените дејности и сите услужни дејности. Сето ова во ситуација кога сосема е за очекување да има семејства без ниту еден вработен во периодот кој престои…

Затоа бараме од владата вонредната состојба да ја искористи преку донесување низа уредби со законска сила за помош на населението преку социјални трансфери. Но, пред да се донесат истите, неопходни се итни мерки кои треба да се донесат веднаш!

Во прв ред тоа е воведување ефтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, а со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја.

Сметаме дека оваа мерка може да се донесе веднаш!”

Петицијата можете да ја потпишете ТУКА

Искористете го времето поминато дома да направите нешто хумано: Три девојки од Прилеп го прават токму тоа (Фото)

Ерика, Марија и Наја се девојките, кои мошне паметно и креативно се потрудиле да го ,,потрошат“ времето во карантин, почитувајќи ги препораките и мерките од Владата, за наше добро.

“Започнавме со тоа што зедовме 2 сложувалки со 1000 пазли, за интересна занимација, но кога увидовме дека за брз период успеавме да ги наредиме двете, дојдовме до идеја истите да земиме уште 3 нови, како би можеле да бидеме креативни, а и послушни. Откако ги наредивме двете сложувалки, дојдовме до идеја истите да ги подариме/донираме во Домот за стари лица во нашиот град, сметајќи дека со тоа би направиле добро, а и хумано дело. Во моментов работиме на уште 3 нови сложувалки кои се со детско-едукативна тематика, а по нивно завршување одлучивме да ги подариме во Дневниот Центар за деца со посебни потреби ,,Ѕуница“ во Прилеп”, велат тие.

И покрај работните обврски кои ги имаат Марија и Ерика, како и училишните обврски кои ги има Наја со online настава, тие успеваат да ги реализираат зацртаните планови, поведени пред се од мотивот кој го имаат дека некому ќе направат за момент добро дело, и со нивниот труд ќе разубават нечии простории.

Марија, Ерика и Наја се надеваат дека со ова ќе бидат пример за останатите млади, да ги почитуваат во поголема мера препораките и мерките, а сето тоа за наше добро.

“Седи си дома, биди креативен и биди хуман”, порачуваат тие.

Чулев им се заблагодари на полицајците: Вие сте херои, неизмерно сум ви благодарен

Ви благодарам херои, неизмерно сум благодарен за се што правите за Македонија. Ова е само мал дел од полициските службеници кои во изминатите деновиве секојдневно се на располагање на граѓаните и го гарантираат јавниот ред и мир на територијата на Дебар и Центар Жупа.

Тие деноноќно се на своите работни места, за да им ја олесните работата останете дома, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.

“И се прди на Европа за нас?” Забpaнето е да се извезува мeдицинска и зaштитнa опрема во Македонија и соседните земји од ЕУ

Европската комисија вчера информира за амандманите на регулативата за авторизација на извоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ кон трети земји, со кои се воведени неколку исклучоци, а во нив не спаѓаат земјите од Западен Балкан каде што и Македонија припаѓа, и покрај барањата на владите од регионот, пренесува МИА од Брисел.

Ова е привремена мерка и не е забрана за извоз, целосно е во согласност со обврските на ЕУ. Со оглед на еволутивната природа на ситуацијата Европската комисија ревидираше неколку аспекти за да се исполнат целите, изјави Даниел Росарио, портпарол на ЕК.

Земјите изземени од посебните авторизации за извоз се Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Фарските Острови , Андора, Сан Марино и Ватикан, соопштија од ЕК.

ЕУ одлучи да воведе посебни авторизации за извоз на лична заштитна опрема поради недостатокот со кој се соочуваат земјите членки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна остро ја критикуваше ЕУ поради оваа одлука, изјавувајќи дека „солидарноста на ЕУ е само на хартија“ и дека Србија може да смета само на нејзините „кинески браќа“.

Бившиот премиер Зоран Заев, пред референдумот за смена на името на Република Македонија, на граѓаните им ветуваше дека во ЕУ не чека бесплатно здравство за сите. Сега откако името и Уставот се сменети, не само што го нема ова небулозно ветување од Заев, туку е оневозможено и за пари да се набави медицинска и заштитна опрема од ЕУ, кога на Македонија и е најтешко и се соочува со пандемијата од коронавирусот.

Вирусот се шири: Нови 9 заболени во Македонија

Министерството за здравство информира дека се регистрирани девет нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера.

Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но, во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката.

Како Виетнам се справува со коронавирусот: Eве зошто имаат само мал број заболени (Фото)

Во една објава на социјалните мрежи која стана вирална деновиве пишува за тоа како Виетнам се справува со коронавирусот и зошто имаат само мал број заболени.

Доколку некој човек се инфицира, целата улица се блокира и сите се сместуваат во домашен карантин. Службите потоа ја дезинфицираат целата улица, а исто така обезбедуваат храна за сите жители на таа улица додека се во изолација.

Виетнам сега има само 94 случаи позитивни на коронавирусот, иако е опкружен со земји кои имаат голем број заболени.

Филмска драма кај Прилеп: Одреден притвор за едно лице после бркотница и пукање

СВР Битола – Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното Јавно Обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава за постоење на основано сомневање за сторено кривично дело ,,Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ на РСМ против лицето Д.Х.К (35) од Прилеп.

Имено на 19.03.2020 година по претходна Наредба од Основен суд Прилеп да се изврши претрес во домот на пријавениот, а во врска со основи на сомневање за извршено кривично дело,,Предизвикување на општа опасност”, истиот при проверката не бил пронајден.

Од страна на полициски службеници, лицето е пронајдено како управува патничко возило марка,, Ауди А6″со прилепски ознаки кое е забележано на улица,, Прилепски бранители”. Со службено полициско возило даден е знак да застане но истиот се упатил на патот Прилеп-Македонски Брод, каде полициските службеници со соодветна опрема и обележување, го запирале возилото,но истиот не го сопирал возилото, а во неколку наврати имало обиди да ги прегази полициските службеници.

Од страна на полициски службеник во воздух било пукано од пиштол, а во еден момент во с.Долнени,од страна на полициски службеник употребено е огнено оружје во левиот пневматик,по што возилото запрело.

Во возилото се затекнати две лица Д. Х. К(35) и З.Ј(37) од Прилеп. Лицата се приведени во полициската станица Прилеп. Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор на ОЈО Прилеп на осомничениот Д. Х. К(35) му определи мерка притвор.

Денеска топло време, од утре драстична промена на температурите

Денеска топло и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во текот на ноќта се очекува постепено зголемување на облачноста.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со максималната дневна температура околу 22 степени.

Во недела, особено во попладневните и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник температурите на воздухот ќе опаднат за околу 10 степени.

Од понеделник на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува формирање на снежна покривка. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

До сега пријавени 2.300 граѓани што сакаат да се вратат

Упативме апел до нашите граѓани кои се во други држави да се пријават во дипломатските претставништва, за државата да организира враќање во татковината.

До сега има пријавени 2.300 низ целиот свет, а концентрацијата е во европските држави.

-На владина седница разговаравме за ова и не задолжи нас во соработка со Министерството за транспорт и врски да организираме хуманитарни летови за да си ги донесеме граѓаните дома.

Се формира и тело за задолжителен државен карантин. Врз основа на законските прописи за заштита на јавно здравје, владата одлучи сите кои ќе дојдат да бидат во државен карантин 15 дена. Ова е за да се заштити и другиот државен интерес, односно заштита на здравјето на сите кои се веќе во татковината.

Димитров, ги повика сите кои се немаат пријавено на меил адреси и на телефони во дипломатските претставништва, до недела во 18 часот.

Мора да имаме прецизни податоци за да организираме превоз – порача Димитров.

-Во договор со Црна Гора, имавме обид да ги донесеме заедно граѓаните од Истанбул, со државниот лет од Црна Гора. Штом ги информиравме дека ќе бидат во државен карантин, никој не сакаше да се качи на летот. Ако ова е индиција, можно е бројката да паѓа – рече министерот.

Во следните денови Димитров рече дека ќе организираат хуманитарен конвој од Црна Гора, каде има седумдесетина граѓани, а и тие ќе бидат во државен карантин.

Уште еднаш повика да се пријават сите заинтересирани до утре до 18 часот, затоа што ова не е процес кој ќе трае.

Исто така, напомена дека немаат податоци за здравствената состојба на пријавените, затоа што тие се пријавуваат по телефон или на меил, па затоа се организира државен карантин на трошок на државата.

135 лица од Прилеп се во самоизолација – поднесени 7 кривични пријави за несовесни граѓани

Бројката на лица кои се наоѓаат во самоизолација во Прилеп порасна од 76 на 135 во текот на вчерашниот ден.

Некои од тие граѓани сепак се несовесни и неконтролирано го напуштаат својот дом, па затоа МВР поднесе уште 3 кривични пријави, така што досега се поднесени вкупно 7 кривични пријави за несовесно однесување.

Обвинителството од Прилеп соопшти дека во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на коронавирусот Ковид-19 и не постапиле по изјавите за самоизолација.

-Обвинетите на 17 март оствариле влез во Република „Северна“ Македонија од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од 14 дена да не го напуштаат престојувалиштето кое го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во нивните престојувалишта, велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Прилеп му предложи на Основниот суд во Прилеп на обвинетите да им изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 30 евра во денарска противвредност.​​