Дали Србија воведе “покорисен” полициски час од Македонија? Eве од кога до кога трае полицискиот час таму

“Дами и господа новинари, денеска е најтешкиот ден за Србија! Имаме вкупно 171, денеска 36 нови заразени! 22 случаи се откриени попладнево!”, истакна на најновата прес конференција српскиот претседател Александар Вучиќ.

“Ќe предложам нови мерки до Владата, полицискиот час да започнува од 17 часот”.

“Дали разбирате што се случува? Ко Бог ве молам, не го правам ова поради политиката, туку да ги заштитиме животите! Ако не биде доволно до 17, ќе биде до 13! Ќе биде 24 часа! И не ме интересира што ќе кажете! Во тек е борба за вашите животи! Во Италија 793 мртви денеска, дали го сакате тоа? Ова е рекорд после Втората светска војна!”, истакна Вучиќ и додаде:

“Денеска е исто така голем ден за нас, стигна кинеската помош”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.