дома блог страница 2713

Машала тие лапале, вие на мининалец? Додека македонските доктори немаат маски за заштита, Шекеринска за ручеци и патувања потрошила над 1 милион и 300 илјади денари за 4 дена

Додека речиси секој во државата се обидува да придонеси за надминување на ситуацијата со корона вирусот, владата е фатена во нов скандал. И покрај тоа што има забрана за патување во странство, во екот на пандемијата со корона вирус, во перидот од 17-20 март оваа година, Шекеринска преку Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошило дополнително речиси 362 илјади денари, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека македонските доктори немаат маски, немаат респиратори, министерството со кое раководи Шекеринска тие пари ги троши на патувања и ручеци. Додека Заев ќе крати плати на работници, Шекеринска троши на ручеци и патувања. Кризата на површина ги извади недостатоците на државниот систем. Три години не убедуваа дека блескаме, за само три недели буџетот доживее колапс. Сосема е погрешно неспособноста на владата да се прекрши на грбот на работниците во администрацијата. Мерката на Заев за урамниловка на примањата на функционерите, министрите и раководителите со примањата на работниците во администрацијата е погубна и неефикасна. Урамниловката на платите на функционерите со платите на работниците е сериозен удар за работниците но и за здравото ткиво на економијата кое е непогодено од кризата затоа што во промет ќе има помала потрошувачка а со тоа и помалку пари, вели Јанушев и додава:

„Со мерката кратење на плати во администрацијата Заев практично осудува на глад многу семејства. Затоа што потрошувачката кошница за минатиот март изнесувала 32 852 денари, а со плата од 14.500 денари каква што предлага Заев не може да се подмират ниту основните трошоци, а не пак за плаќање сметки за струја вода и други трошоци, дополнително на ова трошоци за кредит на едно семејство кое што најчесто сите ги имаме. Министрите може да живеат комотно но не е и граѓаните. Заев осудува на пропаст и банкрот на многу семејства, и пропаст и банкрот на целата економија и затоа јавно го повикуваме да се откаже од намерата за урамниловка на платите на функционерите со платите на работниците во администрацијата“.

Бараме под итно, потенцираше Јанушев, да се примени антикризниот план кој го предлагаме од 8 чекори.

1.Државата да покрие 50% од бруто трошоците за вработените, по основ на нето плати и придонеси, а не само нето плати како што предлага СДСМ.

2.Целосно да се замрзнат плаќањата на рати по основ на отплата на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите.

3.Владата да се откаже од непродуктивните трошоци од буџетот и да овозможи безусловна интензивна реализација на капиталните инвестиции.

4.Владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки, како и да донесе одлука за укинување на сите давачки царински и даночни за набавка на здравствени маски, медицински препарати и уреди потребни за справување со корона вирусот.

5.Аконтацијата на данокот на добивка за месеците април, мај и јуни да биде одложена, а за истото ова треба да се примени и за ДДВ за месец март кој се плаќа до крајот на месец април за дејностите погодени од кризата.
итно и целосно прекинување на непродуктивните трошоци за времени вработувања.

6.Да не се прави, односно да се откаже владата од урамниловка помеѓу платите на функционерите со платите на работниците во администрација и,

7.Веднаш да се обезбедат средства од 1 милијарда евра за да нема негативни последиците врз компаниите и стандардот на граѓаните. Од кој 600 милиони преку средства од Светска банка, ММФ и странски банки, и 400 милиони евра преку државни хартии од вредност кои ќе ги издаде министерството за финансии, со претварање на пасивниот капитал во актива.

-Сосема на крај една порака до власта, овие 29 години поминавме низ транзиција, криминална приватизација, воен конфликт, светска економска и европска должничка криза и никогаш ама апсолутно никогаш немаше кратење на пари на работници односно на граѓаните на Република Македонија. Затоа баталете го па-арот, посветете се на здравствениот систем и економијата, подвлекува тој.

Не ни даваат помош за време на криза, но Македонија доби датум без датум од ЕУ

Еврокомесарот за проширување на Унијата Оливер Вархеји преку Твитер соопшти дека земјите членки постигнале политичка согласност отворање преговори со Македонија и со Албанија.

–Од се срце им честитам на двете земји. Со ова испраќаме јасна порака до Западниот Балкан дека вашата иднина е во Европската Унија, порача Вархеји.

Тој се уште не прецизираше кога точно може да се очекува отпочнувањето на преговорите.

Претходно Ројтерс информираше дека ЕУ ќе донесе одлука за отворање преговори, но повторно без датум.

За двајца полицајци покрената дисциплинска постапка, а третото лице од Прилеп ќе добие казна до 800 евра за лажно претставување

(Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев)

“Во однос на информациите и фотографиите објавени во дел од медиумите на кои се гледа лица облечени во полициска униформа и на истите се гледа навредливa содржина поврзана со одлуката на владата, а кои се во насока на спречување на ширење на вирусот COVID 19 ја информирам јавноста дека:

Министерството за внатрешни работи веднаш ги презеде сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактичката состојба и санкционирање на наведените сторители.

❗ Притоа, истакнувам дека на една од заедничките фотографии Министерството за внатрешни работи утврди дека станува збор за овластени полициски службеници и против истите согласно законските одредби ќе бидат преземи соодветни постапки од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а за исходот од истите благовремено ќе биде информирана јавноста.

❗ Додека пак на фотографијата каде што стои само едно лице, Министерството за внатрешни работи утврди дека не станува збор за полициски службеник, туку за граѓанин за кој веднаш се преземени мерки од страна на ОВР, по извршениот разговор ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник.

?️ Апелирам, граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи и воедно потенцирам дека најостро ќе бидат казнувани сите лица кои со своето однесување ќе го нарушат угледот на полицијата”.

Порталот “А1он” пак дознава дека лицето кое лажно се претставувало на социјалните мрежи е 27-годишен прилепчанец.

Повеќе детали погледнете ТУКА

Народот се буди: Повеќе од 36.000 граѓани потпишаа петиција за воведување евтина тарифа во време на вонредна состојба

Над 36.000 граѓани досега ја поддржаа петицијата за воведување евтина тарифа на струјата за време на вонредната состојба, поради коронавирусот. Група граѓани го доставија барањето до Владата.

„Задолжителноста на самоизолацијата подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци (повисоки сметки за струја, вода, греење итн.). Затоа бараме од Владата вонредната состојба да ја искористи преку донесување низа уредби со законска сила за помош на населението преку социјални трансфери. Но, пред да се донесат истите, неопходни се итни мерки кои треба да се донесат веднаш! Во прв ред тоа е воведување евтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, а со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја. Сметаме дека оваа мерка може да се донесе веднаш!“ се наведува во петицијата.

„Членот 71 од Уставот и натаму важи, т.е. во услови на прогласена вонредна состојба, 10.000 граѓани и натаму се овластени предлагачи, ако не на закон, тогаш на уредба со законска сила! Имено, во вонредна состојба суспендиран е парламентот, но граѓанските права не сè! Може да се зборува за ограничување на нивните права, но во никој случај не може да стане збор за нивно целосно укинување! Во случајов, Владата ги презема ингеренциите и обврските на парламентот, а една од ингеренциите и обврските на парламентот е да одлучува по предлог-закон на 10.000 граѓани. Така што, во услови на прогласена вонредна состојба, 10.000 граѓани се и натаму овластен предлагач на закон/уредба за законска сила!

Издадени се препораки со сила на наредби. Веќе не се работи за препораки за самоизолација, туку се работи за директни забрани, имајќи ги предвид дневните полициските патроли кои разбиваат и најмали собири на граѓани, а воведен е и полудневен полициски час. Оттаму, може да констатираме дека се работи за наредби за задолжително седење дома, имајќи го предвид брзото и лесно ширење на коронавирусот.

Сето ова го прави сосема неможно остварувањето на уставно загарантираното право од членот 71 од Уставот. Собирањето потписи и нивно евидентирање во подрачните единици ширум Републиката, би значело собирање повеќе граѓани на едно место, нешто што е невозможно, имајќи го предвид и фактот што, прво, граѓаните нема себеси да се изложат на опасност од зараза, колку и да им значи иницијативата, а второ, полицијата би го разбила таквото собирање.

Затоа ве молиме со должно внимание да ја разгледате оваа иницијатива за донесување уредба со законска сила за воведување евтина тарифа на струјата. Со оглед на тоа што над 36.000 граѓани ја поддржаа петицијата, сметаме дека сте обврзани оваа иницијатива да ја ставите на разгледување и гласање на првата следна седница на владата“, се вели во петицијата.

Кинезите го премислија Вучиќ: Еве како ќе се лечи коронавирусот во Србија

Со промена на пристапот во борбата против епидемијата на коронавирусот, Србија суштински и агресивно ќе го нападне вирусот, изјави претседателот Александар Вучиќ, на вчерашната прес-конференција, која ја почна со информација дека во Србија е забележан и трет смртен случај од коронавирусот, на жена на возраст од 60 години, пренесува Република.мк,

Вучиќ со премиерката Ана Брнабиќ по седницата со членовите на економскиoт и здравствен кризен штаб и тимот на лекари од Кина, по нивна препорака за кинеското искуство ги објасни мерките на агресивниот пристап во борбата против коронавирусот.

Како прва мерка на промена на пристапот, тој најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, на што е можно поголем број граѓани, кое ќе почне во наредните 48 часа.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Ново жаритште во Европа – една земја ја „надмина“ Италија

Шпанија е второ европско жариште на коронавирус и до сега има 2.182 смртни случаи. Тој број денеска скокна за дури 410.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вели дека „најлошото дури сега доаѓа“.

„Ова е војна!“, рече Санчез.

Во Италија има 5.476, и таму бројот опаѓа, а Кина има 3.270 жртви.

Иран има 1.411 смртни случаи и на црната листа е четврт на светот.

Досега потврдени се 347.000 заболени, а излечени се 100.321.

И Германија има раст на бројот на заразени, откако се потврдени нови 1.286 случаи и сега вкупно ги има 26.159. Во Германија досега има 106 починати од КОВИД-19.

Започнува летното сметање на времето: Еве кога да ги поместите стрелките на часовникот

Летното сметање на времето ќе почне во недела, на 29 март во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Ќе биде ли ова последното менување на стрелките на часовникот?

За укинување на ваквата пракса во рамките на ЕУ се зборуваше и минатата година кога Европската комисија предложи укинување на летното и зимското сметање на времето најдоцна до оваа година, а Советот на министри за транспорт и телекомуникација изрази загриженост за подготвеноста на земјите членки да се прилагодат на новите услови во толку краток временски период по што повика на одложување на суспензијата за промена на времето. По ова, постигнат е компромис новата директива да стапи на сила од 1 април, а последното менување на сказалките да се случи во март 2020 година. Дотогаш, земјите членки треба да преговараат за временските зони и трајното прифаќање на летното или зимското сметање на времето.

Иако промената на времето е генерално корисно за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку придобивки. Досега, поместувањето на часовникот беше право на избор за секоја земја – не постои закон што вели дека часовникот мора да се менува, а во моментов повеќето европски земји и речиси цела Северна Америка ги поместуваат стрелките на часовникот два пати во годината, додека остатокот од светот се откажал од ова или никогаш не го ни поместил часовникот.

Докторите дојдоа до заклучок: На овој натпревар се раширил вирусот во Италија

Италијанските пулмолози дошле до заклучок дека клучен ден за нагло ширење на корона вирусот во регионот на Бергамо бил 19 февруари. На тој датум локалниот тим Аталанта играше со Валенсија во осмина финалето од Лигата на шампионите.

Мечот е играше во Милано поради тоа што стадионот во Бергамо не ги исполнува условите. Тој ден десетина илјади фанови на Аталанта од Бергамо и околината организирано со возови и автобуси заминале за Милано. И тогаш се случила т.н темпирана бомба на трибините кога вирусот најмногу се раширил.

Згора на тоа, еуфоријата беше голема бидејќи Аталанта победи со 4-1 па сигурно имало многу бакнување и гушкање меѓу навивачите.

-Овој меч е извор на ширање на вирусот. Концентрацијата на десетина илјади луѓе од ист регион на едно место е важен фактор за ширење на заразата-објаснува Масимо Галип од оделението за инфектоогија во болница во Милано.

(Видео) Италијанци ги отстрануваат знамињата на ЕУ и поставуваат знамиња на Кина и Русија

Се почесто на социјалните мрежи се поставуваат фотографии и снимки од државјани на Италија кои својата благодарност за помошта во справувањето со коронавирусот ја изразуваат на Народна Република Кина или на Руската Федерација, незадоволни од реакцијата на Европската Унија и Западна Европа, од каде не пристигна помош.

Таков е и примерот кој на социјалните мрежи го објави Федерико Кане, италијанец кој знамето на ЕУ го замени со знамето на Руската Федерација порачувајќи „Грацие Путин, грацие Росија“.

Бесни пораки на италијанските градоначалници до несовесните граѓани (Видео)

И покрај целосниот карантин, во Италија и понатаму постојат луѓе кои не се придржуваат на пропишаните мерки. Затоа тамошните градоначалници се бесни на овие граѓаните, а нивните пораки се споделуваат на социјалните мрежи.

Голем број луѓе излегуваат од становите и ги шетаат кучињата, џогираат, играат пинг-понг на плажите и на сфаќаат дека на таков начин не помагаат во спречувањето на пандемијата.

Eве како градоначалниците се справуваат со несовесните граѓани: