Додека речиси секој во државата се обидува да придонеси за надминување на ситуацијата со корона вирусот, владата е фатена во нов скандал. И покрај тоа што има забрана за патување во странство, во екот на пандемијата со корона вирус, во перидот од 17-20 март оваа година, Шекеринска преку Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошило дополнително речиси 362 илјади денари, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека македонските доктори немаат маски, немаат респиратори, министерството со кое раководи Шекеринска тие пари ги троши на патувања и ручеци. Додека Заев ќе крати плати на работници, Шекеринска троши на ручеци и патувања. Кризата на површина ги извади недостатоците на државниот систем. Три години не убедуваа дека блескаме, за само три недели буџетот доживее колапс. Сосема е погрешно неспособноста на владата да се прекрши на грбот на работниците во администрацијата. Мерката на Заев за урамниловка на примањата на функционерите, министрите и раководителите со примањата на работниците во администрацијата е погубна и неефикасна. Урамниловката на платите на функционерите со платите на работниците е сериозен удар за работниците но и за здравото ткиво на економијата кое е непогодено од кризата затоа што во промет ќе има помала потрошувачка а со тоа и помалку пари, вели Јанушев и додава:
„Со мерката кратење на плати во администрацијата Заев практично осудува на глад многу семејства. Затоа што потрошувачката кошница за минатиот март изнесувала 32 852 денари, а со плата од 14.500 денари каква што предлага Заев не може да се подмират ниту основните трошоци, а не пак за плаќање сметки за струја вода и други трошоци, дополнително на ова трошоци за кредит на едно семејство кое што најчесто сите ги имаме. Министрите може да живеат комотно но не е и граѓаните. Заев осудува на пропаст и банкрот на многу семејства, и пропаст и банкрот на целата економија и затоа јавно го повикуваме да се откаже од намерата за урамниловка на платите на функционерите со платите на работниците во администрацијата“.
Бараме под итно, потенцираше Јанушев, да се примени антикризниот план кој го предлагаме од 8 чекори.
1.Државата да покрие 50% од бруто трошоците за вработените, по основ на нето плати и придонеси, а не само нето плати како што предлага СДСМ.
2.Целосно да се замрзнат плаќањата на рати по основ на отплата на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите.
3.Владата да се откаже од непродуктивните трошоци од буџетот и да овозможи безусловна интензивна реализација на капиталните инвестиции.
4.Владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки, како и да донесе одлука за укинување на сите давачки царински и даночни за набавка на здравствени маски, медицински препарати и уреди потребни за справување со корона вирусот.
5.Аконтацијата на данокот на добивка за месеците април, мај и јуни да биде одложена, а за истото ова треба да се примени и за ДДВ за месец март кој се плаќа до крајот на месец април за дејностите погодени од кризата.
итно и целосно прекинување на непродуктивните трошоци за времени вработувања.
6.Да не се прави, односно да се откаже владата од урамниловка помеѓу платите на функционерите со платите на работниците во администрација и,
7.Веднаш да се обезбедат средства од 1 милијарда евра за да нема негативни последиците врз компаниите и стандардот на граѓаните. Од кој 600 милиони преку средства од Светска банка, ММФ и странски банки, и 400 милиони евра преку државни хартии од вредност кои ќе ги издаде министерството за финансии, со претварање на пасивниот капитал во актива.
-Сосема на крај една порака до власта, овие 29 години поминавме низ транзиција, криминална приватизација, воен конфликт, светска економска и европска должничка криза и никогаш ама апсолутно никогаш немаше кратење на пари на работници односно на граѓаните на Република Македонија. Затоа баталете го па-арот, посветете се на здравствениот систем и економијата, подвлекува тој.