дома блог страница 2714

Kaко Путин експресно се справува со профитерите за време на пандемијата со коронавирусот (Видео)

На седница на кризниот штаб за справување со пандемијата со коронавирусот, Путин беше запрашан што да се прави со оние aптеки кои ја кренале цената на заштитните маски.

Минатата година биле по 50 рубљи, а сега цените скокнале на 70 до 100 рубљи.

На тоа Путин кратко одговори: “Одземете им ја лиценцата, за тоа да не се повтори во иднина”.

Пензионерите и малолетните ќе седат дома – еве колку часа

Владата реши да се забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден, сопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски.

Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.

Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна премиерот Спасовски во вечерашното гостување на ТВ24.

Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.

Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.

Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените.

Апелира до сите да ги почитуваат воведените мерки и да останат дома, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Приберете се дома! Од вечерва нема повеќе опомени, следуваат директно казни

“Мој впечаток и впечатокот на колегите коj утрово го споделивме на координативното тело во рамки на Министерството за внатрешни работи е дека одлуката на Владата, односно ограничувањето на движењето во текот на изминатата вечер се спроведуваше без посериозни отстапки“.

Ова меѓу другото го изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на почетокот од денешната прес конференција во МВР на која што ги презентираше сите релевантни информации за јавноста а во врска со спроведувањето на мерките и одлуките на Владата на РСМ во врска со состојбата предизвикана од епидемијата со корона вирусот – “Ковид 19“.

Изразувајќи задоволство но и благодарност за дисциплинираноста на граѓаните по воведеното ограничување на движењето, како и на полициските службеници кои покрај неповолните временски околности беа на висина на задачата, министерот Чулев потенцираше дека вчера во периодот од 21 часот до утрово во 06 часот до кога беше на сила т.н. полициски час, на територијата на цела држава од страна на полициските службеници од слобода биле лишени 18 лица.

“Пет лица на подрачјето на Тетово и две на подрачјето на Гостивар кои и покрај опомената од полициските службеници, агресивно се однесувале по што се лишени од слобода.

На територијата на Куманово пак две лица се лишени од слобода кај кои е пронајдено оружје. Во Радовиш лишени од слобода се две лица, едно лице во Штип, а шест во Кочани. Во Виница е констатиран еден случај на прекршување, но лицето се оддалечило и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, нагласи министерот Чулев.

Исто така тој посочи дека на територијата на цела држава опоменати се 74 лица, кои веднаш постапиле по насоките од полициските службеници.

Од вечерва нема повеќе опомени, туку ќе следуваат казни за секој оној кој ќе го прекрши полицискиот час.

Чудни европски вредности: Чешка и Полска заплениле маски и респиратори кои од Кина биле испратени за Италија

Чешка и Полска запреле испорака од Кина на медицинска опрема за Италија, тврди италијанскиот весник “Република”.

Еден транспорт заштитни маски и опрема се застанати и запленети во Полска, а друг во Чешка.

Во првата испорака која стигнала од Кина имало 680.000 маски и респиратори, кои чешките цариници ги заплениле.

Во чешките медиуми, како што пренесува “Република”, пишувало дека таа опрема била украдена во Чешка и дека поради тоа била запленета, а потоа се објавени фотографии на кои јасно се гледа италијанското и кинеското знаме.

Запленетата опрема веќе е поделена на чешките болници, тврди италијанскиот весник.

Преку Твитер министерот за внатрешни работи Јан Хамачек признал дека очигледно се направила грешка и дека еден “мал дел” од испораката бил хуманитарна пратка за Италија.

Исто така и министерот за надворешни работи Томаш Петричек ја признал грешката и рекол дека заплената не била намерна, како и тоа дека се бараат начини маските да се испорачаат до Италија.

Во Полска, царината исто така запленила опрема наменета за Италија, а во истата имало и 23.000 маски.

Италијанските власти рекле дека се работи за “озбилен и апсурден случај”, а Министерството за надворешни работи извршило притисок врз колегите во Варшава.

(Видео) Професорот ја објасни разликата меѓу грип и корона: Еден човек може да зарази и до 59.000 луѓе

Британскиот професор Хју Монтгомери, директор на УЦЛ Институтот за здравје на лондонскиот универзитет, ја објасни разликата меѓу обичниот грип и новиот коронавирус. Имено, заразата може да потекне само од една личност, а разликите се големи.

“Ако добијан нормален грип, ќе заразам 1,3 – 1,4 луѓе. Ако тие го пренесат тоа понатаму, тоа е втор круг на пренесување. Но кога ќе се случат 10 кругови на пренесување, ќе бидам одговорен за 14 случаи на грип. Овој, коронавирусот е многу, монгу позаразе, така што секој човек го пренесува на најмалце три луѓе. Е, сега, тоа на прв поглед не изгледа како голема разлика, но ако секој од овие три луше зарази по тројца, по десет пренесувања- ќе бидам одговорен за инфицирање на 59.000 луѓе”, вели тој.

(Фото) Најјаката чкембарска тетоважа досега

Член на навивачката група “Чкембари” од Битола ја има најјаката тетоважа…

Извор: babambitola.mk

(Фото) Млади мајки од Прилеп со своите дечиња испратија креативна и полна со љубов порака до сите

Шест млади мајки од Прилеп со своите дечиња направија креативен и инспиративен фото колаж, преку кој испратија порака до сите граѓани:

“Останете дома, заштитете ги вашите блиски <3"

Фотографијата зрачи со многу позитивна енергија и љубов, па моравме да ја споделиме со сите наши читатели.

Секоја чест!

МВР објави кои лица од Прилеп и Битола кои си дошле од странство добија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Т. (43), Т.Т.(41), Е.Т.(18) од Битола и М.А.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 14.03.2020 З.Т., остварил влез во Република Северна Македонија преку Грција, заедно со М.А и Е.Т. кои доаѓале од Италија, поради што сите потпишале изјава за самоизолација од 14 дена и примиле писмена наредба од Министерството за здравство. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници пријавените, заедно со Т.Т., биле затекнати надвор од домот, односно не се придржувале до изречените мерки од Министерство за здравство.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Х.С.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Тој на 17.03.2020 допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир“, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирус и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом во с.Големо Коњари.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 пријавениот допатувал од ризична земја на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирусот и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена. На 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом на ул.,,Пере Тошев“.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Л.(24) од с.Житоше, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 пријавениот допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир“, каде потпишал изјава и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 ден, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом, односно не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Извор: Дневен билтен на МВР

Редуциран железничкиот сообраќај: Ова е новиот возен ред

Воведувањето на зaбраната за движење на граѓаните во ноќните часови прeдизвика промени во железничкиот возен ред, соопштија денеска од Железници на Република Македонија.

Од Железници информираат дека ќе сообраќаат возовите на релација Велес – Скопје – Табановце – Скопје – Велес, и тоа возот 600 со поаѓање по возен ред од Скопје и возот 601 со поаѓање по возен ред од Табановце. За релација Велес – Скопје – Велес ќе сообраќаат возовите 2080/2081/2082 – по возниот ред, а на релација Скопје – Гевгелија – Скопје ќе сообраќа возот 611 со поаѓање од Скопје во 06:57 часот (со задоцнување +34 мин.), и возот број 632 со поаѓање од Гевгелија по возниот ред.

На релацијата Скопје – Табановце – Скопје ќе сообраќа возот 2022 со поаѓање од станицата во Скопје по возниот ред, и возот 2023 со поаѓање од Табановце по возниот ред. На релација Скопје – Кочани – Скопје ќе сообраќа возот 651 по возен ред, и возот 642 до Велес.

На релација Скопје – Битола – Скопје ќе сообраќа возот 642 од Велес со поаѓање во 16.50 часот – со задоцнување 86 минути. Возот 645 со поаѓање од Скопје во 19.15 часот – предвреме, ќе сообраќа до Велес и возот 640 од Велес со поаѓање во 06.45 часот – со задоцнување 60 минути.

На релација Скопје – Кичево – Скопје ќе сообраќа возот 660 со поаѓање од станицата во Скопје по возен ред, и возот 661 со поаѓање од станицата во Кичево во 06.30 часот – со задоцнување 60 минути.

Од Железници на Република Македонија ги наведоа возовите кои нема да сообраќаат, и тоа возот 600 на релација Велес-Скопје, возот 2083 на релација Скопје – Велес – Скопје, возовите 2020, 2024 и 2025 на релација Скопје – Табановце – Скопје, возот 611 на релација Табановце – Скопје со релација Табановце – Скопје – Гевгелија, возовите 631 и 630 на релација Скопје – Гевгелија – Скопје,

– На релација Скопје – Битола – Скопје изостануваат возовите 641, 643 и возот 644, возот 640 и возот 642 изостануваат на релација Битола – Велес, возот 645 изостанува на релација Велес – Битола. На релација Скопје – Кочани – Скопје изостанува возот 650, а возот 651 изостанува на релација Велес – Кочани, соопштија од Железници.

Во согласност со новите мерки кои стапија во cила, од Железници информираат дека го планираат возниот персонал и возните средства согласно овој план, додека преку соопштение на патничките благајни и службата за информации ке ги извести корисниците на превоз за новонастанатите измени.

(Рецепт) Вистинска витаминска бомба: Овој домашен сок го зајакнува имунитетот- еве кој не смее да го пие

Потребни состојки:

-3 лимони
-15 грама свеж ѓумбир
-115 мл обична вода
-2 лажици мед
-¼ лажица кајанен пипер

Подготовка:

Излупете го лимонот па заедно мешајте го плодот со ѓумбирот и водата во блендер. Исцедете ја течноста во посебен сад. Во течноста додајте го пиперот и медот и добро промешајте. Ставете ја смесата во стаклено шише и оставете ја во фрижидер.

Како се пие?

Секој ден конзумирајте 30 мл од овој сок промешан со 30 мл обична вода.

Внимавајте! Овој сок не се препорачува за луѓето кои имаат гастритис или оние кои не може да поднесуваат силни зачини.