дома блог страница 2712

Распишана потерница по две лица кои краделе тоалетна хартија

Австралиската полиција вчера објави потерница за двајца мажи осомничени за „кражба и обид за кражба” на тоалетна хартија во неколку супермаркети во Сиднеј.

Властите на Нов Јужен Велс објави фотографии на осомничените, наведувајќи дека еден од нив се заканувал со нож кон вработен во еден од трговските објекти.

– Граѓаните на Нов Јужен Велс нема да толерираат криминално однесување во кое било време, а особено не во криза, изјави министерот за полиција и итни служби во оваа австралиска сојузна држава, Дејвид Елиот.

Корона-кризата во голем дел од продавниците низ Австралија предизвика недостаток на некои намирници, како што се тоалетната хартија и одредени прехранбени и хигиенски производи. Некаде тоа предизвика и тепачки меѓу купувачите, па трговиските објекти мораа да ограничување на количините што може да се купат. Така, особено внимание привлекува одлуката на еден супермаркет – еден пакет тоалетна да може да се купи за 3,5 австралиски долари, но ако купувачот сака два пакета, ќе треба да плати 99 долари. Ова – со цел рамномерна распределба и да се намали т.н. алчно купување.

Важна информација за сите ученици и студенти

Министерот за образование и наука Арбер Адеми најави дека наставата за учениците и студентите продолжува на интернет. Станува збор за веб платформа, таканаречена е-училница, која е изработена во соработка со УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието и ќе биде ставена во функција од утре.

На неа ќе се прикачуваат видеолекции за сите задолжителни предмети од основно и средно образование, кои ќе траат по 15 минути, а ќе бидат придружени со презентација и нарација од наставниците.

„Јасно е дека образовните установи нема да бидат отворени и учебната година нема да продолжи во училниците во скоро време. Но, тоа не значи дека треба да ја прекинеме учебната година во оваа вонредна состојба“, рече Адеми

Министерот истакна дека до сите училишта во земјава се доставени подготвени формулари и упатства за лекции, а веќе пристигнуваат и подготвени лекции. Стигнати се пријави за над 1.000, а досега се стигнати 400 лекции. Лекциите се проверуваат од содржински аспект и се внимава да не се повторуваат.

Во однос на начинот на оценување, Адеми кажа дека Бирото за развој веќе подготвува упатства за сите наставници и ќе бидат навреме известени.

Чулев: Пристигнаа новите обрасци за пасоши

Новите обрасци за пасоши пристигнаа во земјава, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма.

-Новите обрасци за пасоши пристигнаа. Сега во оваа ситуација се разбира нема голем интерес, бидејќи и границите се затворени. Сепак, има некои граѓани кои и сега аплицираат, во најголем дел тоа се луѓе кои сакаат да аплицираат за виза, па имаат потреба од број на важечки пасош, рече Чулев.

(Видео) Многу луѓе, малку мозок: Еве зошто се шири вирусот!

Гужвите кои беа видено за време на викендот на калифорниските плажи, планинските стази и паркови, му пркосат на државните мерки и препораки за намалување на собирите и избегнувањето на близок контакт со други лица.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Невс, им нареди на 40 милиони жители на оваа држава од 20 март да останат дома како би помогнале во борбата против коронавирусот.

Наместо тоа, многу јавни простори беа преполни, поради што се затворија неколку големи паркови, зони за рекреација и плажи.

Доктор од Австралија е сигурен дека има лек за коронавирусот: „Со овие два познати лекови ги третиравме пациентите, а резултатите се добри“

Тим австралиски експерти за заразни болести велат дека два лека можат да помогнат во лекување на пациенти со коронавирус, вирус кој досега уби над 16.500 луѓе ширум светот и инфицираше речиси 400.000 луѓе.

Тим експерти за заразни болести од Универзитетот Квинсленд во Бризбејн изјави дека со помош на два познати лекови успеале да излечат заболени од коронавирусот.

Во прашање се лекови кои се користат за лекување на пациенти со ХИВ (комбинација на лопинавир / ритонавир) и маларија (хлорохин). Тие биле користени за лекување на пациенти заразени од коронавирус. Професорот Дејвид Патерсон од Квинсленд вели дека се надева дека ќе има повеќе пациенти вклучени во фармацевтското истражување до крајот на месецот.

– Ова е потенцијално ефикасен третман. Пациентите кои го примиле, го уништиле коронавирусот во нивното тело по завршување на терапијата. Заболените од првиот бран кои пристигнале од Кина во Австралија добро одговориле на третманот на хлорокин, со кој се третира маларија. Сега сакаме да направиме големи клинички испитувања во најмалку 50 болници низ Австралија. Ќе ја споредиме ефикасноста на едениот лек, па друг и нивната комбинација – рече Патерсон.

Тој посочи дека пациентите имаат одлично прифаќање на овие лекови. Покрај тоа, рече тој, предност е што тие не бараат долгорочно тестирање, како кај новите лекови, кои предизвикуваат голем број на несакани ефекти.

Досега во Австралија се пријавени 2.136 пациенти со коронавирус, со 8 мртви. Професорот Патерсон исто така изјавува дека има позитивни искуства во третманот на коронавирусот ширум светот. Тој ги наведе Кина и Сингапур како примери.

„Ако можеме да ги тестираме лековите на првиот бран на пациенти, очекуваме дека доколку има инфекции во наредните месеци, ќе ги имаме најдобрите информации за можен третман за идните пациенти“, додаде Петерсон.

Извор: “Press24”

(Хит видео) Пензионери што почитуваат препораки- “Одат” во продавница, а не го напуштаат балконот

Во овие тешки денови сите треба да покажеме меѓусебна солидарност, особено кон постарите лица. Тоа најдобро може да се види на оваа снимка од Младеновац, Србија. Имено, продавачката најде начин како да им помогне на пензионерите кои се во изолација, погледнете:

Мицкоски: СДСМ имаат за цел во матното што повеќе да ги наполнат џебовите и да го злоупотребат трудот на лекарите во функции за својот пи-ар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвинува дека власта наместо да се справува со пандемијата, ја користи ситуацијата во која што се наоѓа земјата се со цел полнење на сопствените џебови во оваа матна ситуација, како и создавање на сопствен пи-ар злоупотребувајќи ја довербата на медицинскиот персонал, полициските службеници и на армијата.

-Денеска прочитав изјава каде што СДСМ вели дека тие се бореле со пандемијата, а ВМРО-ДПМНЕ правело паника, па еве им ја користам оваа прилика да им одговорам на нивната небулозна изјава. Она за кое што најмногу се борат функционерите на СДСМ е што повеќе да ги наполнат џебовите во оваа матна ситуација и втората работа е да ја злоупотребат практично искреноста на граѓаните, довербата во докторите, во полицијата, во Армијата за да создадат личен ПИ-АР дека еве они се тие кои што всушност се борат заедно со тие лица, а всушност ништо не направија, вели Мицкоски во гостување на Македонската радио телевизија.

Според Мицкоски единствен кој што покажал грижа и целосна посветеност за спречување на ескалацијата со пандемијата е министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој што вршел контроли и посети на граничните премини, контрола на полицискиот час, како и контрола во општина Дебар која што беше жариште на пандемијата.

-Единствен кој што се бори против сето ова е министерот од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев кој што ќе го видите и во Дебар, и на граничниот премин Табановце, ќе го видите и на Блаце, ќе го видите и на контролните пунктови за проверка дали се почитува ограничувањето на движењето на граѓаните, а дали го видовте министерот Филипче да појде во болниците во Дебар на инфективна клиника? Единствено нешто што ја видовме Радмила Шекеринска кога отиде во Пепелиште кај онаа група од 200 луѓе треба да бидат таму, па им исчезнаа 191 и останаа само 9мина и со помош на социјалните мрежи видовме каде се сместени, истакна Мицкоски.

(Видео) Путин во посета на заразените од Ковид-19

Рускиот претседател Владимир Владимирович Путин ја посети болницата во Коминарк, предградие во Москва, во која се сместени најголем број од заболените пациенти од коронавирус. На влезот облече жолто заштитно одело.

Путин разговараше со главниот доктор на болницата, Денис Проценко, кој оваа установа ја нарече “космос”.

“Ова е како космос. Не можам да говорам како е сега во светот, но се усовршував и бев на размена во Европа. Ова болница е многу подобра”, одговори Проценко, на прашањето на претседателот.

 

 

 

Маркови точакџии со хуман гест – бесплатна вело достава во Прилеп

Маркови точакџии започнуваат со навистина хуман гест, бесплатна достава на намирници за критичните групи на граѓани.

Имено, со цел да им се помогне на нашите сограѓани со инвалидитет и постарите лица над 65 години, Маркови точакџии примаат нарачки за пазарење на намирници, лекови и други неопходни работи, по што ќе следи бесплатна достава до вашиот дом.

Можност за нарачки ќе имаат и останатите прилепчани, но доставата ќе ве кошта симболични 30 денари.

Нарачките може да се извршат на телефоните 077/852-808 и 075/552-023, како и на апликациите Viber i Whatsapp на истите броеви.

Ова е време да ја покажеме нашата хуманост и да им помогнеме на било кој начин на сограѓаните кои имаат потреби, а не се во можност да ги извршат. Секоја чест Маркови точакџии!

Проеска: “Парите ги потрошил за шетање, а можеше да направи тестирање за многу сограѓани”

(Фејсбук статус на кандидатката за пратеник од Крушево на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Проеска)

“Дали, наместо за екскурзии, парите можеа да се потрошат за тестови за проверка на моите сограѓани???

Бидејќи,се покажа како вистинито, дека во време на Корона од 17 март до 20март, Општина Крушево, потрошила скоро 1000е за патување во странство, а парите можеле да се искористат за тестови, маски и дезинфекциони средства за крушевчани.

ПРЕДЛАГАМ, во најбрз можен рок,со парите од откажаните паушали на советниците,да се направи проверка на сите граѓани,значи да се обезбедат тестови,да се набават маски,нараквици и се’ што е најпотребно за луѓето,а влезовите да се затворат дури трае проверката. Во Крушево живеат 2000 жители, плус-минус, да не речам на прсти се бројат.
Градоначалниче, сега Крушево е во твои раце!”