За двајца полицајци покрената дисциплинска постапка, а третото лице од Прилеп ќе добие казна до 800 евра за лажно претставување

(Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев)

“Во однос на информациите и фотографиите објавени во дел од медиумите на кои се гледа лица облечени во полициска униформа и на истите се гледа навредливa содржина поврзана со одлуката на владата, а кои се во насока на спречување на ширење на вирусот COVID 19 ја информирам јавноста дека:

Министерството за внатрешни работи веднаш ги презеде сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактичката состојба и санкционирање на наведените сторители.

❗ Притоа, истакнувам дека на една од заедничките фотографии Министерството за внатрешни работи утврди дека станува збор за овластени полициски службеници и против истите согласно законските одредби ќе бидат преземи соодветни постапки од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а за исходот од истите благовремено ќе биде информирана јавноста.

❗ Додека пак на фотографијата каде што стои само едно лице, Министерството за внатрешни работи утврди дека не станува збор за полициски службеник, туку за граѓанин за кој веднаш се преземени мерки од страна на ОВР, по извршениот разговор ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник.

?️ Апелирам, граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи и воедно потенцирам дека најостро ќе бидат казнувани сите лица кои со своето однесување ќе го нарушат угледот на полицијата”.

Порталот “А1он” пак дознава дека лицето кое лажно се претставувало на социјалните мрежи е 27-годишен прилепчанец.

Повеќе детали погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.