дома блог страница 2707

“Кој губи има право да се лути?” Заев вели губел на анкети, затоа што анкетарите се опозициони

Заради тоа што анкетите покажуваа дека СДСМ ќе изгуби на изборите кои требаше да се одржат на 12 април, Заев ги обвини агенциите кои ги правеле тие анкети, биле опозициони.

Во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, поранешниот премиер Зоран Заев истакна дека на анкетите кои го испитуваа јавното мислење, додека земјава се подготвуваше за одење на избори, а кои јасно покажуваа дека СДСМ и Зоран Заев ќе изгубат, било така затоа што тие анкети ги организирале според него проопозициони институти.

–Имаше анкети во кои што губевме спроведени од проопозициони анкетари или институти, за мене тоа е така, рече Заев.

Пијана девојка за време на полициски час лежела на улица “Прилепска”: Ќе заработи вртоглава казна

33-годишна битолчанка во алкохолизирана состојба била затекната од страна на полициските службеници како лежи на улицата „Прилепска“ половина час после полноќ на 26 март. Заради кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија , Основното јавно обинителство Битола му предложи на Основниот суд Битола да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. Обвинителството побара казна и за 18-годишен битолчанец кој не ги почитувал прописите и наредбите согласно мерките за спречување на коронавирусот. Тој, за време на полицискиот час, исто така на 26 март во 1:25 часот со возило без регистрарски таблици возел по улицата „8-ми Септември“ во Битола.

Во изминатото деноноќие на територијата која ја покрива СВР Битола ( Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски брод) регистрирани се 25 прекршувања на полицискиот час.

Од нив најголемиот дел се во Битола – вкупно 20 лица не го почитувале полицискиот час во последните 24 часа. Од нив две се деца под 18 години, 9 лица над 67 години и 9 граѓани од 18 до 67-годишна возарст.

Од СВР Битола апелираат да се почитуваат мерките дадени од страна на Министерството за внатрешни работи и апелираат максимално почитување на полицискиот час, бидејќи секое непочитување соодветно ќе се санкционира.

Инаку, вкупниот број лица кои се наоѓаат во самоизолација во Битола изнесува 194.

Новите позитивни во Прилеп се 9-годишно дете, две жени на 35-годишна возраст и едно машко лице на 36 години

„Од вкупно земените 20 брисеви во текот на вчерашниот ден, 4 се позитивни на коронавирус, а 16 се негативни. Од нив, едно е дете на 9-годишна возраст, две се женски лица на возраст од 35 години и едно машко лице од 36 години. Епидемилошката служба работи на изнаоѓање на поврзаноста на случаите. Токму тоа е нивната задача, да се најде изворот на заразата. Можам само да потврдам дека детето и неговата мајка кои се инфицирани со коронавирус, се во фамилијарно сродство со претходно потврдените два случаи. Анкетирани се сите оние кои биле во примарен и секундарен контакт со потврдените случаи на заразени со Ковид 19.

Од понеделникот, за прв пат почнаа да работат 14 пунктови за тестирање за коронавирус на територијата на Македонија, а еден од тие пунктови е во општина Прилеп и се наоѓа во просториите на Центарот за јавно здравје. Закажувањето е преку матичен лекар, на ‘Мој термин’. Досега беа дозволени само 7 брисеви во текот на едно деноноќие. Меѓутоа, како што се променува состојбата, со потврдувањето на нови позитивни случаи на заразени со коронавирус, бројот на дозволените брисеви по епидемиолошка индикација полека се зголемува“, информираше директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп”, Драгица Николоска.

Директорката Николоска потенцираше дека е негативен тестот на синот на брачната двојка, на кои вчера им беше утврдено дека се позитивни на коронавирус и кои од вчера се наоѓаат во Инфектолошката клиника во Скопје.

Во врска со четирите нови случаи на инфицирани со вирусот Ковид 19, Николоска соопшти дека сите се во добра здравствена состојба и моментално се во домашна изолација.

(Видео) “Тоа не е Унија, туку легло на змии и скакулци”: Салвини распали по ЕУ- “Кога ќе ја победиме короната, ЗБОГУМ!”

Лидерот на најпопуларната италијанска политичка партија “Лега” и поранешниот потпретседател на владата Матео Салвини, ја критикуваше Европската унија поради тоа што го одолговлекува донесувањето на мерки за борба против вирусот. Тој дури и се закани дека земјата ќе ја напушти Унијата”, пренесува порталот “Афариталијани”.

“Тоа е лудост. На Европа и требаат уште 15 дена да одлучи што да прави и на кого и како да му помогне, ако воопшто и помага, и тоа во вонредни услови. Луѓето денес умираат од воспаление на белите дробови, а утре можеби ќе умираат од сиромаштија”, изјави политичарот.

Говорејќи за сериозните противречности внатре во Унијата, кога станува збор за преземање мерки за време на пандемијата, Салвини изјави дека “тоа воопшто не е Унија, туку легло на змии и скакулци”.

“Прво ќе го победиме вирусот, а потоа ќе размислиме за Европа. Ако биде потребно, ќе се опростиме и без благодарам”, заврши тој.

Макрон пpeдупрeдува дека kpизата ќе ги поткопа столбовите на Унијата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги прeдупреди лидeрите на земјите-членки на Европска Унија дека kpизата со новиот кopoнавирус го доведува под прашање „опстaнокот на европскиот проект“.

– Постои pизик дека eпидeмијата ќе ги поткопа основните столбови на Унијата, изјави Макрон на вчерашниот Европски совет, што се одржа преку видеоконференциска врска.

Тој додаде дека постои опacност од рacпаѓање на шенген просторот за слободно движење. Шенгенскиот договор вчера одбележа 25 години со зaтворени внатрешни граници на ЕУ поради Ковид-19.

На виртуелниот Самит на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни пpотив издавањето на заеднички европски „коpoна обврзници“ со цел да се поддржи економијата.

Франција и Италија неодамна предложија издавање на такви „обврзници“.

(Видео) Морничави сцени од светот: Со дронови ги снимаа празните градови

Од празна Будимпешта до пустите плажи во Бразил- градовите ширум светот изгледаат како да се целосно напуштени.

Поголем дел од населението се повлече во своите домови, па улиците изгледаат морничаво, што може да се види на снимките направени од дрон над неколку светски метрополи.

Патолошки лажговци во време на корона

Кој лаже, тој краде, вошки има и на таван спие… Ова е една од народните верзии за опис на ликот и неделото на лажгото, барем онака како што нашите стари го виделе. Има повеќе варијанти, но со слични зборови и идентична конотација.

Минале многу години од моментот кога некој народен бард ја смислил и сковал реченицата која и ден-денес на шега се користи, а реално, ништо многу-многу и не се променило. Како и секогаш, народецот наш бил мудар и воочувал работи кои биле и ќе бидат трајни и исправни, ама засекогаш.

Се менуваат само дел од именките во народното сказание.

Новокомпонираната верзија би била: Кој лаже, тој краде, милиони има и во хациенда спие… Се’ тече и се менува, само ова не. Од независноста до сега, тоа е константа за која „панта реи“ не важи. Јок. Исклучок, попостојан здравје.

А мора да признаете, случајно или не, но „новокомпонованата“ одлично им одговара на актуелните властодршци. Ко „саливена“ за нив, абе бонбона, исто како и бизнисите кои нон-стоп ги тераат врз грбот на народот.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.

(Видео) Погледнете како изгледаат белите дробови на заразен од коронавирус

Снимка која ја отсликува виртуелната реалност покажува колку брзо коронавирусот се шири по белите дробови и каква штета на нив предизвикува.

Лекарите ставиле пациент на респиратор, но тоа не помогнало и бил транспортиран на Универзитетот Џорџ Вашинготн.

Многу брзо видеото со јасен контраст меѓу здравото ткиво и ткивото инфицирано со вирус – вели д-р Мортман, објаснувајќи ја разликата меѓи синото, здравото ткиво и инфицираното тквио кое е означено со зеленкасти облаци.

-Разликата е така воочлива што не морате да бидете лекар за да забележите и сфатите дека ситуацијата е сериозна – додава лекарот, додавајчи дека вирусот очигледно не е изолиран на едно белодробно крило, туку се шири на двата.

Поради тоа што двете белодробни крила се заразени во толкава мера, не помогнал ни респиратор.

Како што статистиката досега говори, околу 80 отсто од пациентите од коронавирус искусуваат благи симптоми и инфекција. Останатите 20 отсто мораат да биде хоспитализирани, од што скоро 14 отсто се наоѓаат во тешка ситуација. Нешто над 6 отсто се во критична состојба.

118 македонски граѓани вратени од Малта, се организира враќање и од Хрватска – авиопревозот ќе си го платат сами, а карантинот на товар на државата

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, денеска организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата, понуди најниска цена за авио билетите. Од МНР потсетуваат, дека граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15-дневен карантин којшто беше еден од условите за нивно враќање е на товар на државата.

Воедно, повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови ќе бидат превезени и девет странски државјани – по четворица од Хрватска и од Црна Гора и еден од Косово.

-Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство, стои во соопштението.

Вирусот не познава функција: Британскиот премиер болен од корона

Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на „Ковид-19“, и во моментов има благи симптоми. Тој ќе се самоизолира во Даунинг Стрит, но ќе остане на чело на владата.

„Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми бев тестиран и сум позитивен на коронавирусот“, рече Цонсон.

„Сега сум самоизолиран, но ќе продолжам да ја водам Владата преку конференциски разговори бидејќи се бориме против овој вирус“.