дома блог страница 2706

Маж и жена на возраст од 74 и 73 години се новите заболени од коронавирус во Прилеп

Со денешните нови два случаи на потврдени заболени лица со Ковид-19, во Прилеп вкупно се осум заразени лица. Како што информираат од прилепскио Центар за јавно здравје станува збор за маж и жена на возраст од 73 и 74 години. И двајцата биле во контакт со првите два потврдени случаи на корна вирус. Сместени се на Инфективното одделение во прилепската градска болница „Борка Талески“.

– Во моментов се прават епидемиолошки анкети и се ставаат под здравствен надзор сите нивни контакти. Исто така ќе бидат земени брисеви од сите нивни блиски контакти, изјави директорката на Центарот, Драгица Николоска.

Имено, првите два случаи на заболени во Прилеп се сопружници на над 60-годишна возраст. Вчера евидентираните четири заболен лица се: едно дете на девет годишна возраст, две жени на 35 и маж на 36-годишна возраст.

(Фото) Заштитна маска од Босна стана хит на интернет

Фотографија од заштитна маска од градот Љубушки во Босна и Херцеговина го насмеа целиот регион.

“Од Љубушки со љубов” пишува на описот на фотографијата на која има “заштитна маска” направена од сланина, во босански стил.

Првиот пациент со коронавирус од Битола е доктор од болницата “Плодност”: Toj jавно се обрати на социјалните мрежи

Доктор од болницата “Плодност” е првиот инфициран пациент со коронавирус од Битола. Тој јавно преку својот Фејсбук профил се обрати до јавноста и објасни за што станува збор и така стави крај на сите шпекулации и говор на омраза кои во изминатите 24 часа се ширеа на социјалните мрежи кон него. За кратко време фејсбук статусот на Д-р Христијан Трпчески доби еден куп позитивни коментари и пораки со поддршка, а граѓаните го нарекуваат херој.

Фејсбук статусот го пренесуваме во целост во продолжение:

-Почитувани Битолчани, мои сограѓани.

Ми фрлифте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.

Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн.

Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место.Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства).

Патем да споменам дека последните 3 недели значајно ги редуциравме прегледите интервенциите и операциите (освен хитните) но не и раѓањата. Се правеше строга контрола на пациентките, влегуваа без придружба на влезот, задолжително вршеа дезинфекција на рацете а на подот за дезинфекција на чевли е поставен специјален бришач со хемиски средства ,без никаква посета на стационираните пациентки.

Во еден ваков амбиент некој асимптоматски носител може да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните, а кога ќе го добиете наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои се завидливи и злонамерни.

Пред 6 дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 мин .Имав температура 38. Ја купирав со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корнона вирус. Тестот беше направен и беше негативен. Наредниот ден трет по ред, повторно добив температура 38.5 со трески малаксалост и болки во мускулите, истите поминаа со парацетмол и траеја 1 час. Ден четврти бев во одлична здравствена состојба без трески и температура но останав во домашен карантин. Петтиот ден добив температура 37.5 без трески без кашлица, со чувство на слабост на организмот(типична грипозна состојба). Тоа траеше само половина час.

Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на корона вирус ме натера да одам во Филип Втори каде ми е земен брис од нос и грло кога се покажа дек сум корона позитивен. На шестиот ден немав никакви симптоми и тегоби. Сега доаѓам и до заклучокот дека ако не инсистирав на второто тестирање за КОВИД19 (а имав оправдување дека имав негативен тест), ќе поминеше како грип.

Од сево ова почитувани сограѓани извлечете заклучок: Колкава била мојата совест за да спасам многу луѓе и пациенти со кои би се среќавал во текот на денот. Мој совет за сите Вас – со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинков начин.

Направете го и Вие тоа. Ќе бидете херои. Да ми сте здрви и живи за „на век“.

Жена од Србија го насмеа целиот регион: Ова се вика заштита (Фото)

Ведриот српски дух однесе победа над пeсимизмот, па Интернет корисниците во Србија решиле времето да си го пополнат со бројни досетки и шеги врзани со епидемијата и вонредната состојба.

Завчера, главна тема на интернет во Србија беше жена од Краљево, која по тамошните улици се прошета во пригодно издание за оваа ситуација.

Таа се прекрила со зелено ќесе, додека на лицето ставила гас маска.

Така отишла до пекара и до продавница, а оваа глетка ги засмеала нејзините сограѓани, па набрзо и цела Србија.

Нови 22 случаи со Ковид – 19: Нови два во Прилеп, прв случај во Битола

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје- 143
– Дебар – 45 од кои 2 починати
– Куманово – 20 од кои 1 починат
– Штип – 8
– Прилеп – 8
– Тетово- 4
– Охрид- 3
– Велес – 3
– Струга – 3 од кои 1 починат
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1

Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19.

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

Има ли некој кој верува дека денес е Македонија на прав пат? Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони евра за која Заев збореше до пред некој ден, вчера велат дека стана 2 милијарди па ќе слушнете и 3 милијарди евра. Јас сум сериозно загрижен дека државава е пред прагот на најголемата економска криза од нејзиното осамостојување до денес, изјави денеска на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Светот е сериозно погоден од здравствена криза, но Македонија има уште еден голем проблем повеќе, тоа е економската криза. И не се знае што е полошо во вакви моменти, пандемијата со корона или неспособноста, бавноста и неодлучноста на Владата да се справи со економската криза. А кризата значи беспарица, отпуштања, руинирана економија, голема сиромаштија.“

-Три години предупредував за лошите индикатори во економијата. Бев оквалификуван како популист, како човек кој залутал во политиката и не знае економија, па ќе се дрзне еден неуспешен премиер дури да дели часови по економија. Со исмевање гледаа на оние кои укажуваа дека ни се случува крах и слепа улица потоа. А денес, веќе ниту со медиумска поддршка не можат да ја сокрија рецесијата и кризата која ни се удира од глава, и ни велат треба да стиснеме заби, потенцираше Мицкоски и посочи:

„Тие се причинителите, ама сите ние треба да живееме со последиците на нивното незнаење. Целта на оваа прес конференција не е трката по политички поени. Податоците до кој дојдов го вклучуваат црвениот аларм. Државата и економијата се лизга од раце. Постојано сум во комуникација со бизнис фелата, со професори, економисти, стопанственици. Без исклучок велат дека состојбите се алармантни.“

-И ова не го говорам од политички и политикански побуди, туку фактографски со бројки. А тие се немилосрдни. Таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена. Она што владата нема да го признае, а сега јасно се гледа од податоците, е дека ние сме биле во сериозна финансиска криза дури и пред почетокот на кризата со корона вирусот. Тоа е така затоа што Владата целиот буџет недомаќински го концентрирала кон слевање на пари за изборен поткуп за изборите кој беа димензионирани во месец април. Поради партиски интереси се пристапило кон кревање на расходите во буџетот, без за тоа да има покритие. Се креваа плати за да се корумпираат целни групи, се делеле бонуси, повишоци, вработувања на државна сметка, енормно се зголемува бројот на договорни вработувања, а нема за жал раст кој што сето тоа може да го издржи и да го покрие. Поради изборите и изборниот поткуп, што би рекол народот ги пуштиле нозете многу повеќе од тоа што ни е долга чергата, рече Мицкоски и подвлече:

„За првите два месеци е направен буџетски дефицит, замислете од цели 70 милиони евра. Во месец јануари милијарда и 200 милиони денари, додека пак во месец февруари таа бројка надминува 3 милијарди денари или околу 50тина милиони евра. Значи потрошиле 50тина милиони евра повеќе отколку што собрале во буџетот. За тоа време направено е ново задолжување од 250 милиони евра и ли некаде околу 15 милијарди денари. За волја на вистината околу 9 ипол милијарди се обврски кои што треба да сервисираат евро обврзница издадена во минатото, но, затоа пак останатите 4 милијарди 300 милиони денари се практично обврски кои што ги создала оваа влада во месеците јануари и февруари и таа мала ликвидност која што постоела во буџетот ја потрошиле предизборно со една цел а тоа е обид за поткуп на различни целни групи.“

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се мислело за до крајот на годината, бидејќи изборите им биле пред и над се.

„Ова не го зборувам затоа што сакам да водам политиканство туку едноставно сите оние кои што следат и пратат економија можат Извештајот за реализација на Буџетот во месеците јануари и февруари да го најдат на страницата на министерството за финансии. Недомаќинското работење доведе до лоша кондиција на буџетот. И таа е уште полоша со финансиската криза предизвикана од корона пандемијата. Да преминам на суштината и најважното за денес. Во ваква една ситуација видливо е дека владата нема стратегија, ниту одржлив план. И не е ова време кога политички треба да се пресметуваме или докажуваме. На народот му е преку глава од обвинувања и политиканство, на народот му треба сигурност и здравје. Да е сигурен дека се има план и му требаат луѓе на кои што може да им верува.“

-Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто како и на државата. И јас подавам рака за да помогнам. И сум силно убеден дека она што го предлагаме и овие предлози кои ги нудиме е излезот од оваа криза. Затоа подготвен сум ако треба да дојдам во влада и да ги образложам, да ги одбранам решенијата, да споредиме и да се извлечеме од оваа криза, а да го аплицираме она што е најдобро за Македонија и за нејзини граѓани. Еве го начинот на кој што владата може да дојде до 1 милијарда 200 милиони евра без кратење на плати, удирање по бизнисот и работниците. И тоа ќе го соопштам во три чекори, посочи Мицкоски и додаде:

„Покрај веќе она задолжување кое што како процедура е отпочнато, а владата бара 400 милиони евра како заемобанките и заемодавателите и останати околу 200 милиони од ММФ и Светската банка која што доколку успешно се реализираат средствата би биле достапни за бизнисот и за граѓаните некаде во првата половина на месец мај. Вториот чекор кој што всушност треба да биде и прв чекор е веднаш благајничките записиа кои што стерелизираат од прилика 25 милијарди и 200 милиони денари средства ликвидност на банките во Народната банка веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.“

-Вториот чекор кој што го нудиме а голем број европски држави, пред се тука мислам на Балтичките држави кои што во времето на финансиската криза во 2008 и 2009 година, потоа државите од Централна Европа, како што е Полска, Унгарија го направија во услови на криза а тоа е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите. Еве начин како да обезбедиме дополнителни 35, 36 милијарди денари заедно со оние 600 милиони евра кои што веќе тргнавме во потрага во обезбедување во Светот, ќе значи сигурно, надежно и безбедно пребродување на оваа пред се здравствена, а потоа и економска криза, кажа Мицкоски и подвлече:

„Тоа е планот 1 милијарда и 200 милиони евра кои што веднаш владата може да го реализира. Повторувам веднаш без одлагање, бидејќи свесни сме и ние и сведоци сме дека се што во минатото ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предложивме беше на прво одбиено, за да 15 – 20 дена потоа беше аплицирано, за жал задоцнето и ефектите од таквата апликација изостанаа. Затоа стојам овде и ве предупредувам, аплицирајте го ова за веднаш да излеземе од оваа финансиска криза. Благајничките записи заменете ги со државни хартии од вредност и оние средства кои што требаа да се уплаќаат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат со уредба со сила на закон на владата пренаменети во средства кои што ќе се уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд.“

Мицкоски упати и три пораки:

Првата е до неспособните министри во владата на СДСМ, немојте да кревате паника, немојте да ја плашите администрацијата, затоа што ефектите од тој страв кој што вештачки и артифицијално го наметнувате дека ќе немало средства за плата на администрацијата, може да доведе до паника, а паниката може да предизвика несогледливи, негативни ефекти врз нашата македонска економија. Доколку вие не сте како карактери подготвени да се справите и да работите под притисок, напуштете ги местата и оставете им на луѓе кои што се подготвени да работат под притисок и знаат како да се справат со предизвиците.

Втората порака е кон администрацијата, сите оние кои што ве убедуваат дека урамниловката е решение, јас стојам пред вас и ви велам, не тоа не е решение. Се консултирав и со мојот стратешки соработник професорот Хозе Караско кој што предава на кралскиот универзитет во Мадрид Шпанија и споделивме искуства. Таков случај воопшто не постои, ниту во Европа, ниту во Светото. Но, сакам да бидам искрен како што впрочем секогаш сум бил искрен со вас, кратење мора да има, тоа кратење во месец март според нашите анализи ќе биде до 10проценти, а потоа од месец за месец ќе го анализираме и врз основа на тие анализи ќе носиме заклучоци и ќе предлагаме до владата. Но ве уверувам сето она кое денеска заеднички ќе го скратиме ќе ви биде во подобри времиња вратено. Верувајте затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имам единствена цел сите заеднички да ја победиме оваа пандемија, а потоа сите заеднички да ја победиме економската криза и да излеземе сите заедно сплотени и обединети како победници од целата работа.

Трета работа која што исто така сакам да ја упатам до пензионерите, а тоа е доколку се аплицира овој предлог кој што ВМРО-ДПМНЕ го предлага и тие 10 милијарди денари кои што беа предвидени да се слеат во вториот задолжителен приватен пензиски столб, се слеат во првиот задолжителен државен пензиски столб ќе има пензија за сите. Ќе има пензија навреме без доцнење и во времето на кризата.

-Конечно на крај сакам да упатам порака до бизнисот и сакам да упатам порака до владата. Ви ја подавам оваа рака за да седнеме и да разговараме. Едно е битката да се санираат последиците од пандемијата но и од економската криза, а онаа позначајната и поважната битка е како во услови на ваква пандемија и како во услови на ваква економска криза да го раздвижиме стопанството да може да создава производ, да може да создава додадена вредност за да ја одржиме економијата онолку колку што можеме за да веднаш после првиот ден откако ќе престане оваа криза и здравствена и финансиска го достигнеме максимумот и зошто да не и повеќе од тој максимум. Она што како ВМРО-ДПМНЕ во периодот планираме да го спроведеме подготвени сме навремено да ја информираме и јавноста но и оние самобендисани министри во владата на Македонија, заклучи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Народна Банка: Гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен

Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се коментираат девизни курсеви на онлајн-платформи, би сакале да укажеме дека овие онлајн-платформи не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот, велат од Народната банка на Македонија, додавајќи дека објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување со валути.

-Единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ние како централна банка ја објавуваме на нашата веб-страница – www.nbrm.mk. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар. На курсната листа којашто е во важност и во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари.

-Апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Секое произволно толкување на информациите во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти за нашата економија. Апелираме онлајн-платформите да не се користат како релевантен извор на информации и нивното прикажување на виртуелни пресметковни курсеви да не се смета за релевантен податок. Овие платформи не ја прикажуваат вредноста по која странските валути се купуваат на домашниот пазар, односно кај банките и менувачниците, се вели во соопштението на НБРМ.

Од НБРМ смируваат дека девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво.

-Во повеќе наврати истакнавме дека располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Потсетуваме дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година. Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен!, велат од НБРМ.

Во Албанија само еден член од семејството ќе може да пазари со посебна дозвола, сите пензионери во карантин

Од понеделник со специјална дозвола, само еден член од семејството ќе може да излегува по еден нас со цел да ги набави потребните продукти, одлучи владата во Албанија.

Истовремено, се воведува и целосен карантин за пензионерите и повозрасните лица.

За разлика од Македонија, во Србија не размислуваат за кратење на платите и пензиите

Наспроти најавите во Македонија од експремиерот Зоран Заев, поткрепени од поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во Србија не се размислува за намалување на платите, ниту на пензиите.

„Мислам дека направивме сериозна програма, како и во 2014 година. Не брзавме да му се додворуваме на народот во Србија, туку дадовме сериозни мерки, кои ќе покажат дека Србија може побрзо од другите да излезе од економските проблеми во кои нè фрли короната. Во ниту еден момент не размислувавме, ниту размислуваме за намалување на платите и на пензиите, а сите во регионот, ќе видите, ќе ги намалуваат и платите и пензиите, бидејќи не можат да го издржат нивото на јавниот долг“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пакетот мерки за справување со економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе биде претставен в недела.

Вечерва не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Од ноќеска почнува летното сметање на времето. Вечерва стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија.

Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.