дома блог страница 2708

Потврдени нови 18 случаи на коронавируc – четири нови во Прилеп

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 11, Прилеп – 4, Куманово – 2, Тетово – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (134)
– Дебар (43)
– Куманово (17)
– Штип (8)
– Прилеп (6)
– Охрид (3)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Тетово (2)
– Гостивар (1)

(Видео) Италијански свештеник го насмеа светот: Oдржа миса на Фејсбук, но погледнете што направи

Италијанскиот свештеник, Паоло Лонго, одлучи да одржи миса за сите верници кои се заробени во своите домови поради коронавирусот, а како поинаку освен преку лајфстрим на Фејсбук.

Меѓутоа, свештеникот не можел ниту да претпостави дека неговата миса така слатко ќе ги насмее луѓето од целиот свет.

На свештеникот по грешка му се вклучиле филтерите на Фејсбук, па така тој, од робот, се претвораше во мачка, тренер, амиш…

Како изгледаше „маскирањето“ на овој свештеник во живо, погледнете…

Епидемиологот кој предупредуваше што не очекува: „Нема да престане додека не се случат 3 работи“

Пред 14 години Лари Брилијант, епидемиолог кој учествувал во искоренување на морбилите, говорел во својот ТЕД говор за наредната пандемија. Неговите предвидувања биле така застрашувачки што малкумина ги сфатиле сериозно. А, сега на сите им е јасно дека бил во право.

-Милијарди ќе се разболат. Околу 165 милиони луѓе ќе починат. Ќе дојде до глобална рецесија и депресија, а трагедијата од над 100 милиони мртви ќе биде ништо во однос на трагедијата која ќе ги чека преживеаните – рецесија, депресија, недостаток на работа, недостаток на здравствена заштита. Последиците од таа пандемија ќе бидат застрашувачки – говорел тој пред 14 години.

Тој незамислив пекол пристигна, а Брилијант е на чело на тимот за борба против оваа пандемија, која штотуку започна и целосно ни ги промени животите.

Во разговор за магазинот „Wired” проговорил за тоа што не очекува за време и после оваа пандемија:

-Својот ТЕД говор го насловив „Помогнете ми да ја запреме пандемијата“. Желбата тогаш не ми беше исполнета, но некои од системите кои тогаш ги барав се покренати. Смешно е тоа, затоа што сите сте го гледале филмот „Contagion”. Луѓето велат дека предвидел се. Не, науката тоа го говори. Епидемиолозите во последните 10 до 15 години предупредуваа дека ќе дојде до ова, но тешко се тераа луѓето да веруваат.

Коронавирусот е нов, а со самото тоа не постои ниедна личност на планетата која е имуна на него затоа што никој никогаш претходно не го имал. Тоа значи дека може да зарази над 7 милијарди наши браќа и сестри ширум светот.

Имајте на ум дека милиони од нас ќе се заразат со овој вирус. Можно е било што. Ова е најопасната пандемија со која сме соочени. Она што е сега навистина важно е сите да се изолираме за да ја развлечеме кривата на заразата. Со тек на време ќе дојде до пеидемиолошки златен прстен.

Тоа значи дека голем број луѓе ќе ја прележат короната и ќе станат имуни на неа, а друго, ќе развиеме вакцина. Комбинацијата на тие две работи ќе биде доволна да развиеме имунитет, што значи дека заштита за околу 70 до 80 отсто од популацијата.

Добри вести стигаат од Кина и Јужна Кореја. Кинескиот модел за борба е сепак тешко да се примени во другите земји/ Не можеме да ги заклучуваме луѓето. Моделот на Јужна Кореја со масовно тестирање, мноу е полесно применлив. Не заборавајте, додека Америка направи помалку од 1000 трестови, Јужна Кореја направи 200.000. Тестовите се екстремно важни за да знаеме каде се жариштата на вирусот. Мислите дека тоа што Зимбабве нема ниеден случај значи дека таму нема коронавирус? Не, само не прават тестови. Најкорисни би биле домашните тестови.

Светот ќе се врати во нормала кога ќе се случат три работи:

Прва, да видиме како тече заразата и дали ги знаеме сите начини на пренесувае. Ако сега го видиме врвот на легендарниот брег поради недоволно тестирање, во проблем сме.

Втора, мораме да имаме третмани кои делуваат, лекови или вакцина или и двете.

Трета, можеби најважна, најважните луѓе – медицинските работници, лекарите, полицајците, пожарникарите и учителите да стекнат имунитет и да се тестираат за да бидеме сигурни во тоа. Дури потоа ќе можеме да не се плашиме и да тргнеме полека да водиме нормален живот. Во првиот налет, би требало да работат само оние кои го прележале овој вирус. Така ќе бидеме сигурни дека лекарите и медицинските работници кои негуваат стари лица нема да пренесуваат вирус, дека можеме слободно да одиме на заболекар, да можат децата да одат на училиште.

Како и од секоја катастрофа и од оваа ќе имаме многу да научиме и да применуваме. Мораме да ревидираме како функционираат работите, што треба да се менува во системот и што можеме да подобриме, а што да отфрлиме – заклучил Лари Брилијант.

Јонче и Алек од Охрид осми ден во изолација (Видео)

Јонче Спироски од Охрид неодамна се вратил од Романија, па сега е во самоизолација со својот миленик Алек во охридското село Дрслајца.

Тој досега објави неколку видеа на кои може да се види како му поминува времето со неговиот германски птичар кој е 5 години стар.

Веќе видовме како Алек на својот газда му носи запалка, смоки, пиво со ручекот, носи дрва за огнот, пазари, а во најновото видео Алек е одново послушен.

Погледнете за што станува збор овој пат:

(Видео) Казната во Индија за прекршување на карантинот не удира по џебот, туку по грбот

Во Индија живеат над 1,3 милијарди луѓе, а од пред неколку дена целата држава е во карантин.

Сепак, како и во секоја друга држава и во Индија постојат граѓани кои не ги почитуваат мерките за справување со коронавирусот, па слободно се движат наоколу.

Но, наместо со кривични пријави и казни, полицијата во Индија на поинаков начин се справува со прекршителите…

Не е шега, Европската Комисија се пофали дека Германија и Франција донирале повеќе маски за Италија отколку Кина

Необична објава на Фејсбук страната од Европската Комисија.

Имено од ЕК се пофалија дека Германија и Франција заеднички донирале повеќе заштитни маски за Италија отколку Кина.

Која е пораката во оваа објава не навлегуваме, но истата под истата осамнаа и голем број коментари на Италијанци кои ја критикуваат ЕУ.

“Луѓе умираат, ова не е натпревар”, вели само еден од луѓето кои коментираат.

Скандал од СДСМ: “Вработуваат во време на ПАНДЕМИЈА, а кратат плати на администрацијата”

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска- Стојковски преку свој Фејсбук статус пишува дека СДСМ во вонредна состојба прави епидемија со вработувања.

СДСМ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРАВИ ЕПИДЕМИЈА СО ВРАБОТУВАЊА

-Во време кога целиот свет се бори против КОВИД19, ние мора да се бориме дополнително со уште една епидемија – епидемија на партиските вработувања на СДС во администрацијата. Само последните неколку денови се склучени 65 договори со Агенции за привремени вработувања, кои од буџетот на државата ќе потрошат милиони евра. Ова однесување е недозволиво и срамно, спротивно на закон, спротивно на моралните норми и нечовечно.

Почитувани граѓани, во ова време трошењето буџетски средства за вработувања, не значи ништо друго туку одземање пари од здравството.
Македонија нема недостаток на вработени во јавната адиминистрација, туку има недостаток на заштитна опрема за докторите и медицинските сестри. Македонија нема недостаток од партиски војници во јавната администрација, туку има недостаток на медицинска апаратура и тестови во јавните здравствени установи.

Како дополнителен заменик министер, барам веднаш да запрат сите постапки и да се прекине со оваа епидемија на привремени вработувања во јавниот сектор. Барам Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство на Република Македонија веднаш да постапат и да го заштитат заедничкиот интерес.

Приоритет мора да биде здравјето и животот на граѓаните.

Со почит,

Невенка Стаменковски Стојковски

Дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Мицкоски: Во исто време кога Заев порачува кратење на платите на работниците, во општина Гази Баба обезбедуваат 15 милиони денари за нови партиски вработувања

Ајде што задоцнето, делумно и лошо ги копираат анти кризните мерки што ги предлагаме. Ајде што Зоран Заев копира и оди со интервјуа на истите медиуми каде што веќе сум гостувал, што и не е така лошо, бидејќи граѓаните ќе може да ја направат разликата, но она што вистински загрижува е што не престануваат да бидат лицемери, во исто време кога се неспособни и продолжуваат партиски да вработуваат, реагира преку својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Во исто време кога Заев им порачува на работниците да “стиснат заби” затоа ќе се кратат плати, во општината каде се власт Гази Баба обезбедуваат 15 милиони денари за нови привремени партиски вработувања. Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри. Сакате вистинска солидарност? Повлечете го предлогот за драстично кратење на плати на работниците, откажете се од функционерските плати и работете про боно (бесплатно) додека трае кризата, затоа што само така се сака Македонија! Ова не е време на ситно политиканство, туку на мудри одлуки. Потребна е одговорност, трезвеност и разум, порачува Мицкоски.

Прилепска компанија за пример: Секоја чест за оваа хуманост и општествена одговорност во овие тешки моменти

Компанијата “NEW AGE” од Прилеп е една од ретките компании кои во овие моменти на вондредна и тешка состојба во која се наоѓа земјата, ја покажуваат својата општествена одговорност.

“Почитувани, ова е време кога е потребна солидарност и поддршка.

Во борбата против вирусот “КОВИД-19” не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општевство.

“New Age” како општествено одговорна компанија одлучи да донира антибактериски перници и постелнини во инфективните одделенија во:

?Општа Болница Борка Талески – Прилеп
?Клинички Центар – Скопје

Нашата цел е да помогнеме вистинските херои во моментов (медицинските лица) да имаат подобар и поквалитетен одмор, а пациентите побрзо и посигурно закрепнување.

Вистинско време е за вистинскиот “ПРЕДИЗВИК”!

Се надеваме дека ќе успееме да мотивираме и останати компании да се приклучат на оваа иницијатива.
Малите со мала, големите со голема помош, за на крај сите како победници излеземе од оваа ситуација.

Дотогаш #седетедома, поминувајте прекрасни моменти со вашето семејство и верувајте ќе дојде многу подобро време за брзо”, напишаа на својата Фејсбук фан страна од “NEW AGE”.

Фејсбук фан страната на “NEW AGE” посетете ја ТУКА

Јувентус со повеќе од 0.5 милион купува 150 респиратори, Филипче со 1.2 милиони купува 50 респиратори

‘Јувентус’ со нешто повеќе од 0.5 милион ? купува 150 респиратори за болниците.
Венко Филипче со 1.2 милиони ? купува 50 респиратори за болниците.
П.С денеска ситуацијата е повеќе и од сериозна со неколку градови-жаришта, над 200 заболени, 3 мртви и луѓе што никој не им оди дома да ги тестира, а бараат помош.. ?
Ѓаволот одамна ја однесе шегата со ‘СуперВенко’ и слични глупости и стикери за мачкање очи..
Да си помогнеме сите колективно ?
Да живее Македонија ??
(Пред да хејтаат партиски ботови, нека се подзамислат дека пред 20 дена го предвидувавме ова и укажувавме)
‘семејството аьели кое co години владее co јувентус донирало исто толку, 10 милиони евра за реонот пиемонте. увентус собрал повеке од пола милион евра за локалните болници кои ke можат да купат 150 респиратори за болниите., ова на Фејсбук го напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.