Новите позитивни во Прилеп се 9-годишно дете, две жени на 35-годишна возраст и едно машко лице на 36 години

„Од вкупно земените 20 брисеви во текот на вчерашниот ден, 4 се позитивни на коронавирус, а 16 се негативни. Од нив, едно е дете на 9-годишна возраст, две се женски лица на возраст од 35 години и едно машко лице од 36 години. Епидемилошката служба работи на изнаоѓање на поврзаноста на случаите. Токму тоа е нивната задача, да се најде изворот на заразата. Можам само да потврдам дека детето и неговата мајка кои се инфицирани со коронавирус, се во фамилијарно сродство со претходно потврдените два случаи. Анкетирани се сите оние кои биле во примарен и секундарен контакт со потврдените случаи на заразени со Ковид 19.

Од понеделникот, за прв пат почнаа да работат 14 пунктови за тестирање за коронавирус на територијата на Македонија, а еден од тие пунктови е во општина Прилеп и се наоѓа во просториите на Центарот за јавно здравје. Закажувањето е преку матичен лекар, на ‘Мој термин’. Досега беа дозволени само 7 брисеви во текот на едно деноноќие. Меѓутоа, како што се променува состојбата, со потврдувањето на нови позитивни случаи на заразени со коронавирус, бројот на дозволените брисеви по епидемиолошка индикација полека се зголемува“, информираше директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп”, Драгица Николоска.

Директорката Николоска потенцираше дека е негативен тестот на синот на брачната двојка, на кои вчера им беше утврдено дека се позитивни на коронавирус и кои од вчера се наоѓаат во Инфектолошката клиника во Скопје.

Во врска со четирите нови случаи на инфицирани со вирусот Ковид 19, Николоска соопшти дека сите се во добра здравствена состојба и моментално се во домашна изолација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.