(Видео) “Тоа не е Унија, туку легло на змии и скакулци”: Салвини распали по ЕУ- “Кога ќе ја победиме короната, ЗБОГУМ!”

Лидерот на најпопуларната италијанска политичка партија “Лега” и поранешниот потпретседател на владата Матео Салвини, ја критикуваше Европската унија поради тоа што го одолговлекува донесувањето на мерки за борба против вирусот. Тој дури и се закани дека земјата ќе ја напушти Унијата”, пренесува порталот “Афариталијани”.

“Тоа е лудост. На Европа и требаат уште 15 дена да одлучи што да прави и на кого и како да му помогне, ако воопшто и помага, и тоа во вонредни услови. Луѓето денес умираат од воспаление на белите дробови, а утре можеби ќе умираат од сиромаштија”, изјави политичарот.

Говорејќи за сериозните противречности внатре во Унијата, кога станува збор за преземање мерки за време на пандемијата, Салвини изјави дека “тоа воопшто не е Унија, туку легло на змии и скакулци”.

“Прво ќе го победиме вирусот, а потоа ќе размислиме за Европа. Ако биде потребно, ќе се опростиме и без благодарам”, заврши тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.