Познатиот снимател Љубомир Бубе Домазетов направи дрон видео од вчерашниот викенд полициски час во главниот град.
Погледнете во продолжение:
Државите кои се приклучуваат кон НАТО, како Македонија, мора да имаат безбеден начин на комуникација – изјави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка.
– Постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5Г. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите кои не се членки, но, ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат – изјави Столтенберг, одговарајќи на прашањето за Кина и нејзиното влијание во регионот.
Нашите воени операции и сили зависат од цивилната инфраструктура, од патишта, мостови, аеродроми и подводни телекомуникациски мрежи кои ги поврзуваат двете страни на Атлантикот. Неодамна ги обновивме основните барања за цивилна инфраструктура, кои опфаќаат 5Г технологија – рече тој.
На прашањето зошто е важно НАТО да има отворена врата за малите држави, кои не се воено и безбедносно силни, Столтенберг рече:
– Кога нашите соседи се стабилни и ние сме безбедни. Кога тие ќе се приклучат кон НАТО, тогаш ќе станеме уште побезбедни – изјави Столтеберг, нагласувајќи дека на тој начин ќе се обезбеди демократија, просперитет и мир за стотици милиони граѓани од Источна и Централна Европа.
Поранешниот министер за здравство и еден од признатите епидимиолози во земјава проф. д-р Драган Даниловски на својот фејсбук објави ново „важно“ сознание за ширењето на кронавирусот.
“Вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа! Значи, се шири и аерогено (низ воздухот)! Досега се сметаше дека тоа е малку веројатно.
Ова најново сознание, од една страна, ја објаснува „филмската“ брзина со која се рашири низ светот, а од друга страна, значи итно менување на стратегијата за лична заштита! Веќе не знаете кој поминал пред вас по улица.
И дали, можеби, нема да поминете низ облак од вируси, кои си лебдат во воздухот цели три часа. Особено ако времето не е ветровито…
Затворени простории не треба ни да спомнеме…
Значи, седете дома уште поригорозно. И носете маски, какви-такви, дури и кога одите по улица.
Ова не значи дека ви се забранети прошетки низ природа! Напротив! На организмот му е потребен свеж воздух. Но, одберете место кајшто нема луѓе или ги има многу малку. И проветрувајте ги што почесто просториите на својот дом!”, напиша Д-р Даниловски на својот Фејсбук профил.
(Фејсбук статус на Антонио Милошоски)
“Кога Короната зема замав во Македонија, градоначалникот на Ѓ.Петров (СДСМ) фрлил 180.000€ за дополнителни времени вработувања.
Во исто време Заев бара на вработените наставници, учители и професори да им се скратат платите на 14.500ден.
Ова не е солидарност, туку неодговорност! Овие средства ќе бидат многу покорисни доколку се искористат за поддршка на медицинскиот персонал, како и за помош на вработените во стопанството”, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција упати и три пораки:
“Првата е до неспособните министри во владата на СДСМ, немојте да кревате паника, немојте да ја плашите администрацијата, затоа што ефектите од тој страв кој што вештачки и артифицијално го наметнувате дека ќе немало средства за плата на администрацијата, може да доведе до паника, а паниката може да предизвика несогледливи, негативни ефекти врз нашата македонска економија. Доколку вие не сте како карактери подготвени да се справите и да работите под притисок, напуштете ги местата и оставете им на луѓе кои што се подготвени да работат под притисок и знаат како да се справат со предизвиците.
Втората порака е кон администрацијата, сите оние кои што ве убедуваат дека урамниловката е решение, јас стојам пред вас и ви велам, не тоа не е решение. Се консултирав и со мојот стратешки соработник професорот Хозе Караско кој што предава на кралскиот универзитет во Мадрид Шпанија и споделивме искуства. Таков случај воопшто не постои, ниту во Европа, ниту во Светото. Но, сакам да бидам искрен како што впрочем секогаш сум бил искрен со вас, кратење мора да има, тоа кратење во месец март според нашите анализи ќе биде до 10проценти, а потоа од месец за месец ќе го анализираме и врз основа на тие анализи ќе носиме заклучоци и ќе предлагаме до владата. Но ве уверувам сето она кое денеска заеднички ќе го скратиме ќе ви биде во подобри времиња вратено. Верувајте затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имам единствена цел сите заеднички да ја победиме оваа пандемија, а потоа сите заеднички да ја победиме економската криза и да излеземе сите заедно сплотени и обединети како победници од целата работа.
Трета работа која што исто така сакам да ја упатам до пензионерите, а тоа е доколку се аплицира овој предлог кој што ВМРО-ДПМНЕ го предлага и тие 10 милијарди денари кои што беа предвидени да се слеат во вториот задолжителен приватен пензиски столб, се слеат во првиот задолжителен државен пензиски столб ќе има пензија за сите. Ќе има пензија навреме без доцнење и во времето на кризата.
-Конечно на крај сакам да упатам порака до бизнисот и сакам да упатам порака до владата. Ви ја подавам оваа рака за да седнеме и да разговараме. Едно е битката да се санираат последиците од пандемијата но и од економската криза, а онаа позначајната и поважната битка е како во услови на ваква пандемија и како во услови на ваква економска криза да го раздвижиме стопанството да може да создава производ, да може да создава додадена вредност за да ја одржиме економијата онолку колку што можеме за да веднаш после првиот ден откако ќе престане оваа криза и здравствена и финансиска го достигнеме максимумот и зошто да не и повеќе од тој максимум. Она што како ВМРО-ДПМНЕ во периодот планираме да го спроведеме подготвени сме навремено да ја информираме и јавноста но и оние самобендисани министри во владата на Македонија”, заклучи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Францускиот претседател Емануел Макрон денес се заложи за буџетска солидарност во Европската унија во борба против коронавирусот и истакна дека “Европа не смее да биде себична”.
Во интервју за најчитаните италијански весници тој предупреди дека кризата не може да се надмине без европска солидарност, пренесува Ла Стампа.
Тој истакна дека Франција ќе застане со Италија.
“Франција е тука да и помогне на Италија. Она што ме загрижува е болеста на секој човек, а ако не покажеме солидарност Италија, Шпанија или некој друг на европските партнери ќе им рече: каде бевте кога бевме на фронтот? Не сакам себична и поделена Европа”, нагласи Макрон.
Истакнувајќи дека многу се зборува за кинеската и руската помош на Италија, тој го постави прашањето зошто никој не кажува дека Франција и Германија на Италија и испорачаа помош од 2 милиони маски и десетина илјади заштитни одела.
Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел изразил загриженост дека Европската унија би можела да се распадне доколку не постои солидарност во борбата против пандемијата со коронавирус.
Габриел за „Билд“ рекол дека Германија треба дополнително да се задолжи за да може и натаму да им помогне на Италија и Шпанија финансиски да се справат со кризата.
„Некој треба да ми објасни зошто ние Германците, во моментот кога се задолживме, не ставиувме еден процент на располагање на Италија и Шпанија за помош на нивната економија. Јас сум за тиоа да се издвојат и 10 проценти. Не верувам дека ќе имаше бунтување ако се позајмевме 160 наместо 150 милијарди евра “, изкавил Габриел.
Поранешниот министер смета дека Германија има голема корист од ЕУ, додавајќи дека се плаши за опстанокот на Унијата.
„Ако не сме подготвени да споделиме благосостојба, тогаш не знам што ќе биде со Европа“, рече Габриел и додаде дека „Загрижен сум дека Европа може да се распадне по оваа криза“, пренесе „Ал џезира“.
На 27.03.2020 во 11.17 часот во Полициска станица Прилеп, И.Џ.(20) од Прилеп пријавил дека на ул.„Гостиварска“ во Прилеп настанал пожар, при што била опожарена разводна табла со електрични броила, сопственост на ЕВН Македонија.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Прилеп.
Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.
Руската Федерална агенција за биомедицина направи препарат за лечење на коронавирус на основа на антималарискиот лек мефлоквин, соопшти прес службата на оваа организација.
Овој препарат ги блокира цитопатолошките ефекти на коронавирусот на ниво на ќелии и го запира нивното размножување.
Покрај тоа, имуносуперсивното дејство на мефлоквинот ги блокира било каквите воспаленија.
Како што наведува Агенцијата, овој препарат ќе осигури ефикасно лечење на пациентите кои заболеле од коронавирусот во различни фази на инфекција.
Да потсетиме, Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија. Првите случаи на заразени од овој вирус се забележани на крајот од 2019 година во Кина.