дома блог страница 2704

Неделата ќе започне со топло време и повисоки температури, од среда ново изненадување

Во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури.

Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време.

Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места.

Земјотрес ги вознемири жителите, епицентарот во Штип

Земјотрес со јачина од 3,3 степени по рихтер регистриран е во 12:35 минути по локално време.

Епицентарот е во Штип, а почувствуван е и во други делови од државата. Нема информации за предизвикани штети, туку само за вознмиреност кај жителите.

Нови 18 случаи со Ковид-19 во Македонија – Први случаи во Гевгелија и Струмица

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18.

По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1

Двајца прилепчани фатени кај што крадат за време на полицискиот час

На 28.03.2020 во 16.20 часот на ул.„К. Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.Џ.(35) и Е.Џ.(34), и двајцата од Прилеп, кои биле затекнати по извршување на кривично дело „кражба“ и кај нив биле пронајдени метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од стореното од кривично дело.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информриаат во днавниот билтен на МВР.

Мицкоски: За Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите, ќе дојде ден да одговараат за таквото воено профитерство

Добро е што мојата преписка со Рашковски, за наводно хуманитарната акција на владата, излезе во јавноста бидејќи граѓаните и целата јавност ќе може да ја направат разликата помеѓу луѓе за кои има сведоштва, докази, изјави и сомневања дека прават криминал на грбот на народот, и луѓе кои тоа им го кажуваат во очи, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додава:

„Во оваа прилика ќе кажам дека за тоа што Драги Рашковски незаконски објавил приватна преписка и што како човек од Владата не го почитува законот, не треба да стравува затоа што нема да го тужам, но за тоа дека за Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите, е за тоа треба да се плашат, затоа што ќе дојде ден да одговараат за таквото воено профитерство. Доказите со кој располагам ќе ги доставам до институциите веднаш откако ќе се ослободи судството и обвинителството од стегите на власта и принципот “трас-трас” воспоставен од Зоран Заев, а до тогаш јас бурно ќе реагирам за секоја информација од која се гледа дека некој се богати на грбот на измачениот народ. Очигледно криминалците остануваат тоа и во редовна, и во вонредна состојба.“

Сноуден: Коронавирусот ќе им овозможни на властите моќ преку собирање на податоци

Едвард Сноуден, човекот кој го обелодени големото шпионирање во Американската агенција за национална безбедност, предупредил дека зголемувањето на надзорот во услови на криза поради коронавирусот може да доведе до долготрајни ефекти врз граѓанските слободи.

За време на видео-интервју на коференција во склоп на Фестивалот за документарен филм во Копенхаген, Сноуден истакнал дека, теоретски, новите овластувања воведени од властите како мерки против коронавирусот може да останат на сила и по пандемијата.

„Стравот од вирусот и неговото ширење може да значи дека властите можат да испратат барање до секоја фитнес апликација, податоци за пулсот на луѓето и да побараат пристап до нив. Пет години подоцна, откако COVID-19 нема да е закана, податоците ќе останат кај властите и тие ќе можат да бараат уште повеќе податоци. Властите веќе знаат што гледате на интернет, знаат каде се движите, сега знаат и како ви отчукува срцето. Што ќе се случи кога ќе започнат да ги мешаат овие податоци и да аплицираат вештачка интелигенција?“, истакнал Сноуден.

Иако сѐ уште не се појавиле извештаи во кои државите бараат пристап до здравствени податоци од производите како „Apple Watch“, повеќе држави вовеле нови методи за набљудување за да го разберат, а воедно и спречат ширењето на коронавирусот.

Многу земји од Европа, меѓу кои Италија, Велика Британија и Германија склучиле договори со телекомуникациските компании за користење на веќе собраните податоци за да се следи движењето на населението.

Израел им дозволила на своите служби во итни случаи, да ги хакираат телефоните на граѓаните без налог. Јужна Кореа испраќала смс пораки за да ги предупреди граѓаните за можен контакт со личност заболена од коронавирусот, откривајќи лични податоци како род и возраст. Сингапур користела мобилна апликација за да го набљудува ширењето на коронавирусот преку следење на луѓето кои биле изложени.

Во Полска, граѓаните во карантин морале да користат апликација на Владата која бара повремено објавување на „селфи“ фотографии. Тајван вовел систем на „електрична ограда“ кој ја алармира полицијата доколку пациентите во карантин се движат надвор од своите домови.

Извор: Business Insider

Уапсени двајца прилепчани откако биле фатени во кражба

Двајца прилепчани се уапсени откако биле затекнати како крадат.

-Вчера во 16.20 часот на ул.„К. Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.Џ.(35) и Е.Џ.(34), и двајцата од Прилеп, кои биле затекнати по извршување на кривично дело „кражба“ и кај нив биле пронајдени метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од стореното од кривично дело, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ова е 84-годишниот доктор кој го спаси кинескиот град Вухан

Пред неколку дена се укинати рестрикциите за движење во провинцијата Хубеј, а последните жители на Вухан ќе излезат од карантин на 8 април. За тоа што 50 милиони жители на овој дел од Кина повторно дишат со полни бели дробови заслужен е доктор Жонг Наншан, епидемиолог и пулмолог.

Вирусот COVID-19 е совладан само затоа што тој забранил секакво движење во најзагрозената област, барајќи луѓето да се воведат во строга изолација 24 часа дневно.

Фотографиите и пораките на лидерот на Националната здравствена комисија во истражувањето на новиот коронавирус ги преплавиле кинеските социјални мрежи, во чест на нациолналниот херој, како што го нарекуваат тамошните медиуми, а се печатат и календари со неговиот лик.

Доктор Наншан има 84 години, иако секој би му дал барем 30 помалку. Секојдневно вежба, мускулите му се истакнати како на бодибилдер. Професорот на Универзитетот во Гуангжу одамна е во пензија, но кинеските власти биле во право кога одлучиле да го активираат. Требало да се врати потресената доверба во службениците во Вухан, кои не кажале веднаш дека новиот вирус не е под контрола.

Само докторот херој можел да ги увери луѓето кои ги обземала паника дека мораат во тотална изолација и дека ќе биде се во ред. Меѓу другото, тој во 2003-та година го победил и САРС.

Наншан не се плашел да каже дека во ситуација кога епидемија убива луѓе, не е важно кој ќе биде шампион во светот во БДП, дали Кина или САД. На властите им порачал дека нема да биде добро ако не го послушаат. Сите во изолација, без исклучок, била неговата прва порака.

Некои луѓе имаат огромни срца! Македонка бесплатно нуди објект за болница на државата (Фото)

Елена Коцевска Груевска од Скопје преку нејзиниот Фејсбук профил се обрати до министерот за здравство Венко Филипче и понуди објект бесплатно за пренамена во болница.

“Видно од настанатата ситуација, видовме дека државата има потреба од дополнителни објекти, кои ќе служат како монтажни болници. Би сакала да понудам објект (се разбира бесплатно) од 650м/2 на едно ниво поделен на 2 еднакви простории, комплетно реновиран со 15 санитарни чвора…

Доколку имате потреба од таков простор и истиот е соодветен за потребите на државата со задоволство ќе го ставиме на располагање на истата, се со цел да се заштедат пари од државната каса за изградба на објекти, кои средства би се искористиле за други цели. Објектот се наоѓа во Аеродром, на булеварот карши Американ Колеџ”, пишува на својот Фејсбук профил Елена Коцевска Груевска.

Aнкета на “Зенит”: Ќе се затвораат дуќани, чаршијата ќе плаче со години

Анкета на весникот “Зенит”: Вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот како ќе се одрази врз трговците?

Како економски ќе се одрази на занаетчиите состојбата со пандемијата на корионавирусот? Врз чаршијата, на малите бизнис, колку се моќни да издржат?

Oд весникот “Зенит” ги прашааа прилепските трговци, пазарџиите…

Кирил Трпчески – Претседател на занаетчиската регионална комора – Моментно никој не работи, бидејќи нема луѓе во чаршијата. Општата ситуација е паника, страв. Оправдано. Заради тие причини нема движење низ чаршијата. И да сакаме да работиме, нема со кого, нема движење. Второ, и ние на одреден начин мора да се заштитиме затоа што никој не знае кој е и што носи. И во Прилеп, секаде така почнуваат жариштата. Се појавуваат еден – двајца, и после кругот е сé поширок и поширок. Нормално е да се плашиме. За економските последици, ќе зависи од тоа колку ќе трае ваквата состојба. Ова ќе се чувствува не со месеци, туку со години. Ако потера неколку месеци, ќе крахираме сите. На никого нема да му биде лесно. Во старава чаршија 90 отсто се кираџии, а кириите течат, течат и обврските. Нормално е да не можат да ги издржат трошоците кои ќе ги направат овие месеци. Занаетчиската комора на РСМ достави официјално барање до Владата и Министерството за труд и до Фондовите за здравствено и пензиско осигурување да се пролонгираат обврските за овие неколку месеци како олеснување на занаетчиите. Меѓутоа, досега уште нема конкретни одговори од сите економски мерки на Владата. Можеби имаат приоритетни задачи, меѓутоа треба Владата да донесе мерки за помагање на занаетчиите и на сите мали стопанственици кои мошне тешко ќе го поднесат ова. Мора да опстои занаетчиството и чаршијата. Последиците долго ќе ги чувствуваме и нема да закрепнеме брзо.

Ангелчо Ацески – трговец – Преку 35 години сум во чаршијата, трговец со прехранбени производи. Ако продолжи оваа ситуација, многу тешко ќе биде за нас трговците. Прометот е паднат 90 насто. Тешко е, немаме резерви, не може да се издржи. Дуќаните се затвораат и ќе биде за плачење.

Марјан Петрески – трговец на пазар – Досега доаѓаа пензионерите. Со новите прописи веќе заминаа до 11 часот. Штама. Тек-тук по некој муштерија, во среда, во пазарен ден. Немаме резереви на производи. Ова се земјоделски расипливи производи. Ама, кромид лук ни носат од Росоман. Има секогаш. Но, исчезнаа мутериите. Се плашат да излезат. Така и ние ќе си заминеме, иако сме обезбедени, работиме со маски и со ракавици. До кога ќе издржиме и како, никој не знае.

Дончо Неделкоски – трговец на пазар – Нужно е да се работи. Сите стравуваат. И пензионерите ги има сé помалку. Не трупаме резерви во производи. Може и пазарот да го затворат. Пред неколку дена вратите беа затворено поради дезинфекција. Така набавуваме мали количества. Се надеваме дека ќе помине до мај и ќе се вратиме на стариот начин на бизнис и живот, макар што последици ќе има.

Извор: “Неделник Зенит”