Поранешниот германски вицеканцелар: “Загрижен сум дека Европа може да се распадне после оваа криза”

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел изразил загриженост дека Европската унија би можела да се распадне доколку не постои солидарност во борбата против пандемијата со коронавирус.

Габриел за „Билд“ рекол дека Германија треба дополнително да се задолжи за да може и натаму да им помогне на Италија и Шпанија финансиски да се справат со кризата.

„Некој треба да ми објасни зошто ние Германците, во моментот кога се задолживме, не ставиувме еден процент на располагање на Италија и Шпанија за помош на нивната економија. Јас сум за тиоа да се издвојат и 10 проценти. Не верувам дека ќе имаше бунтување ако се позајмевме 160 наместо 150 милијарди евра “, изкавил Габриел.

Поранешниот министер смета дека Германија има голема корист од ЕУ, додавајќи дека се плаши за опстанокот на Унијата.

„Ако не сме подготвени да споделиме благосостојба, тогаш не знам што ќе биде со Европа“, рече Габриел и додаде дека „Загрижен сум дека Европа може да се распадне по оваа криза“, пренесе „Ал џезира“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.