дома блог страница 2698

Предизвик – влези во Прилеп ако можеш (Видео)

Први април е, но снегот не е шега.

Иако беше најавен пред една недела, сепак одново ги изненади општинските власти, па снежните врнежи создаваат проблеми во сообраќајот низ градот.

Се разбира, освен ако не го користат како природна бариера за карантин на градот.

МВР: 46 лица не ја почитувале забраната за движење, издадени 101 решение за изолација

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (31.03/01.04) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица , а за останатите лица се изготвени записници.

Марија и Орде од Прилеп се вистински херои! Домот го претворија во работилница за изработка на заштитни маски (Фото)

Марија и Орде Велески кои се родени во Прилеп, а сега живеат во Скопје, во својот дом со свој труд и материјали прават заштитни маски. Нивниот хуман гест на социјалните мрежи го сподели ќерката Ирена, а за кратко време пофалби стигнаа од сите страни на државата.

Марија веќе 20 години повеќе од успешно шие свечени и невестински фустани и голем дел од своето време поминува и на пазарите каде се продаваат материјали. Поттик за нешто вакво големо и хумано била и провокацијата поради тоа што некои луѓе профитираат и на нечовечки начин ја користат оваа кризна состојба предизвикана од пандемијата со корона вирусот.

Токму затоа Марија и Орде имаат за цел да ја урнат колку што можат заработувачката на оние кои профитираат и да предизвикаат позитивна енергија кај луѓето, но и поттик повеќемина да го следат нивниот пример.

Заштитните маски започнале да ги изработуваат минатата недела, но бидејќи сеуште оделе на работа стигнувале да изработат помал број. Овие денови бројката изнесува и по 200 заштитни маски дневно, а досега имаат изработено околу 800.

Маските ги изработуваат со свои средства, а во изработката помага и другата ќерка Елена, додека пак Ирена процесот го менаџира од Германија, каде моментално престојува.

Велат дека маските ќе се произведуваат додека е потребно. Со оглед на тоа дека се откажани сите прослави и веселби, па Марија нема порачки за фустани, целосно ќе се посвети на изработката на заштитни маски.

Овој хуман гест нека биде поттик за секој кој е во можност да направи нешто слично. Ова се времиња кога сите можеме да бидеме од помош и секоја подадена рака ќе значи чекор поблиску кон совладување на пандемијата со корона вирусот.

Функционерите ќе ги плаќаат рамковните што седат дома, трас-трус мерки

Откако сите држави во регионот јавно ги соопштија економските мерки што ќе ги преземе државата за да им помогне на граѓаните полесно да го пребродат овој тежок период, конечно и македонската Влада вчера го соопшти вториот сет на економски мерки.

Меѓу нив, како што се најавуваше се намалува платата на сите избрани и именувани функционери, односно тие ќе земаат минимална плата во износ од 14.500 денари за април и мај.

Добро е што во овие тешки моменти државата мисли и на рамковно враработените, односно за лицата кои се дел од неформалната економија, па го задолжи Министерствотo за труд и социјална политика во соработка со Министерстовото за финансии во рок од два дена да изготви и на Владата да и достави Предлог- Уредба со законска сила за реализирање на оваа мерка.

Во продолжение ги наведуваме останатите владини мерки:

– Финансиска поддршка на правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Финансиска подршка на погодени од кризата правни субјекти, работодавачи од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, со износ на минимална плата (14.500 денари/месчно) по работник;
– За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај;
– За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура;
– Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот, во време од 6 месеци;
– Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризата;
– Се запира Законот за извршување до крајот на јуни;
– Одложување на кредитите кај банките;
– Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите;
– Се ослободуваат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови;
– Дополнителни безкаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра;
– 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка пласирани преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниите;
– Се забранува отварање на стечајна постапка ;
– Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од лани – во јавниот сектор;
– Формирање на солидарен COVID-19 фонд;
– Намалување на авторски хонорари .

Извор: “Инфомакс”

Сакате да се запознаете со Елена Велевска: Пејачката со предизвик до своите фанови

Ја сакате музиката? Македонската музика? Ова е шанса за вас.

Maкедонската фолк пејачка Елена Велевска ве предизвикува времето кое го минувате дома да го исполнете со креативност и да направите нешто за кое што ќе слушнат многумина.

Талентирани сте, имате омилена песна од репертоарот на Елена? Ако е така тогаш овој предизвик е за вас.

Потребно е да снимите видео како пеете една нејзина песна, да го постирате на Инстаграм користејќи го хаштагот #elevavelevskacover.

Оној кој има најмногу прегледи ќе биде победник и ќе има можност да се запознае со Велевска.

Предизвикот трае до крајот на месецот.

ВАЖНО ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ: Еве како ќе се формираат оценките за оваа школска година

Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засновани на резултатите што ги постигнале учениците во текот на целата година преку редовната настава, како и преку активно учество на онлајн-платформите и мрежите, е-портфолиото.

Ќе се засноваат и на други начини за бележење на нивните трудови – белешки водени од наставниците, кои можат да се добијат преку разни видови размена на трудови (домашна работа, вежби и проверки, есеи, проекти, презентации, цртежи, слики и др.) кои учениците може да им ги обезбедат на наставнците преку е-пошта или преку избрана мрежна платформа.

Сите формативни оценки и согледувања на наставникот во текот на реализацијата на онлајн-наставата ќе се користат за формирање на сумативнаа оценка за трето тримесечје на секој ученик во паралелка. Оценките за третото тримесечје (описни за ученците од прво до шесто и бројчани за ученици од седмо до деветто одделение) наставникот ги внесува во соодветниот Евидентен лист (објавен на веб-страницата на Бирото за развој на образованието).

И во основното, и во средното образоване, наставникот ќе ги користи оценките од прво тримесечје, прво полугодие и трето тримесечје за да ја формира оценката на крајот на наставната година. (Кај основците – описна оценка за учениците од прво до трето и бројчана за учениците од четврто до деветто одделение). Сите оценки за време на вонредната состојба наставниците ги внесуваат во Е-дневник.

Во Упатството наменето за наставниците за начинот на оценување на учениците во период на учење на далечина односно од дома, потпишано од министерот Арбер Адеми, кое МОН го објави на веб-страницата, наведено е дека планирањето, организацијата и реализацијата на наставата при учење од далечина треба да се приспособи и спроведе на начин што ќе овозможи постигнување на очекуваните резултати од учениците согласно со наставните програми.

-Наставниците од основните и средните училишта треба да ја приспособат секојдневната пракса, да вложат дополнителна работа, да соработуваат со колеги, родители/старатели, и да преземат одговорност за својата работа, стои меѓу другото во упатството.

Реализација на наставата преку далечинско учење од дома подразбира модификација на планирањето и начинот на реализација на наставата со користење пристап, методи и техники соодветни за овој вид настава, а во согласност што ги нудат електронските платформи (на училиштата, општините и/ или на МОН) како и за начинот на следење, проверување и оценување на постигнувањата на учениците. Се користат дигитални алатки за интеракција, подготовка на визуелни и анимирани задачи, квизови, решавање проблемски ситуации итн. но сè да биде во согласност со дефенираните цели во наставните програми.

Проверувањето и оценувањето, исто така, треба да биде испланирано согласно со условите, при што, во овие услови, предност му се дава на формативното оценување со кое наставниците го следат ученикот како го усвојува материјалот, дали ги постигнува очекуваните резултати и врз основа на тие согледувања му дава дополнителни насоки и совети преку дополнителни активности.

Форматвното оценување бара и поголема интеракција меѓу наставниците и учениците и за да профункционира треба да се користат спомнатите пристапи, методи и форми на работа за учениците да можат да истражуваат, соработуваат меѓу себе… Корисни се вибер или скајп-диксуии, мултимаедијални презентации, тестови на знаење, есејски прашања, согласно со наставните програми, а може да се користат разлилни дигитални алатки, како Edmondo, Zoom, Google Forms, OneNote, Мој глас итн.

Еден од начините за формативно оцеување при учење од далечина е и електронското портфолио (е-портфолио) за секој ученик (збирка на трудови, изработки што ги покажуваат постигнатите резултати).

– Тестовите не треба да се обемни и се препорачува да содржат најмногу десетина суштински задачи или прашања, се препорачува во упатството од ресорното министерство.

Сите информации и добиени материјали од учениците ги користи само наставникот, исклучиво за следење на воспитно-образовниот процес и за оценување на постигнувањата на учениците.

Во уптаството од Министерството за образование и наука наменето за наставниците за начинот на оценување на учениците во период на учење на далечина односно од дома, се посочува дека според уредбите од 26-тата седница на Владата, и во изменети услови на реализација на наставата, треба да се почитуваат членови од постојните закони за основно и за средно образование. Според член 138 од Законот за основно образование, постигањата на учениците се проверуваат формативно и сумативно и се запишуваат со описн и/или бројчани оценки, а според член 45 Законот за средно образование, следењето и проверувањето на постигнувањата и успехот на учениците се врши со интерно проверување од страна на наставниците.

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука во наредниот период според условите ќе ги надополнуваат упатствата до наставниците за проверка на знаењето на учениците.

Maрта сеуште не му прави место на април: Еве какво време не очекува деновиве

Под влијание на влажен и студен воздушен бран денеска ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе бидат за 8 до 10 степени пониски од тие вчера. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места ќе се формира тенка снежна покривка.

Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури во поголемиот дел од земјава под нулата.

Во Прилеп денеска температурата ќе се движи од -2 до 2 степени, а ладното време ќе продолжи и во четврток (-3 до 4) и петок (-1 до 6 степени).

Облачноста ќе се задржи и за време на викендот, но температурата во недела ќе достигне 10 степени целзиусови.

(Вознемирувачко видео) Кинеските пазари повторно отворени- се продаваат лилјаци, кучиња и мачки

Живи животни се сеуште на продажба во кинеските пазари за храна кои беа повторно отворени откако владата прогласи победа против коронавирусот.

Кафези полни со кучиња и мачки, кои го чекаат судниот час, ова е сликата од кинеските пазари, често нарекувани “вет-маркети”, пренесува Дејли Меил.

Државата нареди да се затворат вет-маркетите за јануари и февруари, откако се откри дека коронавирусот настанал и се пренесол за прв пат во луѓето преку конзумирање на месо од лилјаци, пренесува Бизнис Инсајдер. Но, сега откако Кина се избори со вирусот, пазарите повторно се отворија, а “продуктите” се исти.

Извор: dailycaller

“Канал 5” дознава дека две штотуку породени жени во Скопје се инфицирани од Ковид19, едното бебе починало

Две жени, кои што се породиле во изминативе два дена на Клиниката за гинекологија се заразени од корона вирус, дознава Канал 5 од извори од здравство.

Се работи за родилки од Куманово и од Охрид, а бебето на едната од нив, за жал починало, но не е позната причината за смртта.

Неофицијално, тие во Клиниката дошле со симтоми на вирусот.

Од Министерството за здравство во изминатиот период најавија дека само тешките случаи на бременост и породување ќе се извршуваат на Клиниката за гинекологија, каде меѓудругото, ќе се примаат и родилки со корона вирус.

Полесните породувања ќе се изведуваат во болницата во Чаир..

“Замислете, Костадинов им кажа на банките како треба да работат?”

Коста Костадинов, портпаролот на СДСМ, им порача на граѓаните да не им се заблагодаруваат на деловните банки доколку тие им овозможат да не ги плаќаат ратите и каматите во наредниот кризен период. Тој на ФБ напиша:

– Не се заблагодарувајте на банките, поздравете го потегот што некои од нив донирале, но заблагодарете си себеси што сте дел од системот на кредитирање и допринесувате вие лично во оваа криза.

А после кризата…

Банките би требало да нудат редовно, многу поефтини кредити на граѓаните, согласно прикажаните добивки…

Е тогаш ќе се заблагодариме.