дома блог страница 2699

Студенти на Економскиот факултет во Прилеп изработија креативно видео кое мора да го погледнете

Во ова време кога е задолжително да се седи дома, студенти од Економскиот факултет во Прилеп беа креативни и испратија порака до сите, за да се подигне свеста кај луѓето да се заштитат себе си и другите и да седат дома.

За таа цел студентите изработија едно видео кое со сигурност ќе ви биде интересно:

Место во самоизолација, отишол на бербер: Штипјанец доби 5 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.

-Обвинетиот 32-годишник не постапил според решението со кое му била определена задолжителна домашна изолација до 26 март, па на 25 март го напуштил својот дом и отишол во берберски салон. Со ова тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19, велат од обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од Судот побара на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност, односно вкупна парична казна од 5.000 евра​.

Најпознатиот фризер и стилист од Прилеп во хумана мисија: Иницијатива која треба да ја поддржи секој што може!

Прекрасна иницијатива се појави на социјалните мрежи во Прилеп. Иницијативата е насловена како “Заспав гладен”, а целта е да се донира храна и средства за хигиена за најранливите семејства во Прилеп.

Иницијативата е на познатиот фризер и стилист од Прилеп, Алек Палада, а целта е да се собере храна и средства за хигиена од секој оној кој што може да донира, односно прехрамбените компании, поголеми фирми, луѓе кои можат да купат продукти, или имаат вишок храна и да ја достават.

“Во текот на оваа недела оние кои што ќе донираат храна, ќе направиме пакети од сите намирници кои ги имаме и ќе им се достават лично од наша страна на семејствата кои ги имаме како податок од Центарот за социјална работа, како и на семејства кои во меѓувреме побараа помош од нас тука на нашата Фејсбук страна.

Целта е да им се помогне на семејствата кои во оваа ситуација на епидемија немаат никакви примања и немаат со што да се прехранат. Во моментов акцијата го зафаќа Прилеп како град и околината на Прилеп, а во меѓувреме почнуваме соработка со волонтери од Битола. Ќе се потрудиме како акција да ја спроведеме во цела Македонија. Уште еднаш ќе напоменам дека секој кој што сака да донира може да не контактира ТУКА на Фејсбук страната или на Фејсбук профилот од Aлек Палада. Посакајте ни среќа и придружете ни се да направиме да не заспијат гладни”, вели Алек за Маркукуле.

Во меѓувреме од иницијативата “Заспав гладен” објавија дека пристигна и првата донација од компаниајта “Витаминка”

Докторите во Србија демонстративно ја напуштија прес конференцијата: “Ни се заканува италијанско сценарио, што уште ви е потребно за да останете дома?”

Во палата Србија во 15ч. започна прес конференцијата з амедиуми на која се соопштени најновите податоци за бројот на заразени од коронавирусот во Србија. Но, конференцијата траеше само неколку минути затоа што докторите веднаш ја напуштија конференцијата.

“Денес е најлошиот ден во Србија, имаме 7 мртви и 115 заразени, вкупно 23 смртни случаи предизвикани од Коронавирусот. Најлош ден за Србија, а се плашам дека ќе биде уште полошо во иднина, не чекаат многу тешки денови.Ова е резултат на непочитување на препораките , мерките кои ги дававме, молевме постојано. Ако продолжат граѓаните вака неодговорно да се однесуваат и кон себе и кон другите, нас не очекува сценариото на Италија и Шпанија. Воопшто никој не ја сваќа сериозноста на оваа област, и понатаму се однесувааме неодговорно, се дружиме, не се почитуваат мерките за дистанцирање, самоизолација. Ако продолжиме атка, не постои здравствен систем кој може да компензира волкав број на заболени. Тоа е се што имам да ви кажам- изјави главниот доктор Стевановиќ и веднаш ја напуштија конференцијата.

Легендарниот говор на Фидел Кастро: “Ние не користиме бомби и авиони, ние испраќаме доктори и во најмрачните делови на светот” (Видео)

На социјалните мрежи деновиве се прошири видео од еден легендарен говор на поранешниот претседател на Kуба, Фидел Кастро.

“Нашата земја не лансира бомби кон другите луѓе и не испраќа илјадници авиони да бомбардираат други градови. Нашата земја нема нуклеарно оружје, ниту хемиско, ниту биолошко оружје. Десетици илјади доктори и научници кои нашата земја ги има, се едуцирани да спасуваат животи. Ова е гордост на нашите доктори и нашите истражувачки центри. Десетици илјади кубански доктори даваат услуги во најдалечните и здравствени најнеразвиените места. Еднаш реков дека ние никогаш нема да извршиме изненадувачки и превентивни напади никаде во светот, но наместо тоа нашата земја ќе биде способна да испрати доктори, кои би биле потребни и во најмрачните места во светот. Доктори, а не бомби! Доктори, а не современи оружја”, вели Кастро во говорот.

И токму така, денеска Куба испраќа доктори и медицински персонал ширум светот за помош на земјите кои силно се погодени од епидемијата со коронавирусот.

Од ова стигнавме до дното: Државен секретар бара народот во себе да си го шепоти името на Заев

Функционерот на СДСМ Владимир Милошев кој е и државен секретар во Министерството за здравство бара од граѓаните да си му се заблагодарат на лидерот на неговата партија и во себе да си го кажуваат неговото име.

Оваа досега невидена јавна порака на партиски функционер во демократска земја Милошев ја дава откако Заев прво најави дека буџетот на Македонија ќе биде за речиси 60 насто помал од предвидениот а администрацијата треба да зема минималец од 14,500 денари.

“Кажете си , макар и во себе
#благодарамЗоранЗаев
#НАТО
#ЕУ
#ИДНИНА”, напиша Милошев на социјалните мрежи.

Добри вести од Германија: Вирусот не останува во воздух, ниту пак на овошје и зеленчук!

Унивезитетската клиника во Бон, направи сеопфатно истражување поврзано со ефектите и однесувањето на корона вирусот

Центарот за вирусологија во Бон, кој работи во рамките на клиниката, им ги соопшти на граѓаните првите резултати од истражувањето на вирусот, за да можат најдобро да ја проценат ситуацијата.

Студијата спроведена од лекари во овој Центар откри дека коронавирусот не останува во воздухот, значи дека не може да се вдишува, не останува на овошје, зеленчук, леб, но дека главниот пат на пренесување е инфекција со капки. Ова може да се случи преку директен контакт со некоја личност, а честопати и преку контакт со рацете, ако потоа следува контакт на заразеното лице со носот, лицето.

На површини како пластика, металот останува максимум три часа затоа што се суши, додека во вода останува подолго. За коронавирусот се вели дека опстојува долго време во тоалетната шоља, мијалникот, кујната или на сите влажни површини бидејќи нему влага му го продолжува животот. Она што граѓаните треба да го знаат е дека останува и на облека, но не се дефинирани случаи на зараза со облеката, а овие експерти дури ја исклучуваат можноста. Единствениот докажан метод на пренесување е директен контакт со заразеното лице.

Носењето маски и раквици е индивидуална работа, но нема потреба од тоа, исто така, ако одржувате доволно растојание и ако редовно ги миете рацете при пристигнувањето.

Срце планина: Погледнете што направи оваа скопјанка – ќе ви го стопли срцето (Фото)

Во вакви тешки времиња секогаш постојат херои кои постојано не потсетуваат на човечката хуманост и добрина. Денеска една скопјанка пред „Рамстор“ во населбата Тафталиџе оставила кеси полни со храна наменети за оние кои поради корона вирусот западнаа во финансиска криза.

До кесите пишува:

-Доколку имате криза во вашиот дом, оваа кеса е со храна за вас. А, оние кои можат да си дозволат нека ја повторат оваа постапка.

MOZZART донира 50.000 евра на болниците низ целата земја за справување со коронавирусот

Компанијата Mozzart подготви донација за болниците во износ од 50.000 евра, односно нешто повеќе од 3 милиони денари. Првата реализирана донација од 15.000 евра е наменета за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Како поддршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, лидерот во областа на приредување на игри на среќа – Моzzart Bet, донира 50.000 евра на македонските болници, распределени по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.

„Давајќи ја нашата несебична поддршка за непречено функционирање на нашиот здравствен систем во овие тешки и кризни моменти, вложуваме максимален напор во борбата со овој голем непријател. Се надеваме дека со оваа донација, ќе придонесеме во полесно справување со предизвикот кој ни претстои. Како и целиот свет и нашата земја не е одмината, а ваквите хуманитарни акции се од огромно значење. Како компанија која и досега е позната по својата голема општествена одговорност, ги повикуваме и другите компании и поединци да се вклучат кон овој пример. Воедно, апелираме граѓаните да останат во своите домови и да не ги ризикуваат своите животи, ниту животите на своите најблиски.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Првата реализирана донација во износ од 15.000 евра е наменета за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Во следниот период компанијата Mozzart ќе донира уште 35.000 евра наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Пандемијата на коронавирусот претставува силен удар за глобалната економија на која никој не е отпорен, но охрабрува тоа што постојат позитивни примери и мерки кои некои компании ги воведуваат со примарен фокус на своите вработени и нивните семејства. Од компанијата Mozzart истакнуваат дека еден од приоритетите е да ги зачуваат сите работни места и да обезбедат егзистенција за своите вработени.

„Работењето на нашата компанија е во целост прилагодено на новонастанатата ситуација. Нашите уплатно-исплатни места привремено се затворени со што директно трпиме и огромни финансиски загуби. Свесни за ситуацијата, настојуваме секоја наша донесена мерка, на ниеден начин да не ги загрози нашите вработни. Освен донацијата, компанијата Mozzart ќе помогне и на нашата држава со тоа што даваме сè од себе да ги задржиме сите наши вработени. Со речиси 600 вработени ние сме едно големо семејство кое низ годините го создававме. Тие се нашиот најголем ресурс. Тоа значи, сите наши вработени, ќе ја добијат својата плата во полн износ и со сите сили ќе се трудиме така и да остане. Принудни одмори и отпуштања не се наша опција.“ – додадоа од менаџментот на компанијата Mozzart Bet.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и ќе продолжи со хуманите гестови кои ќе помогнат во борбата со коронавирусот.

Кривична пријава за прилепчанец кој не ја почитувал мерката за самоизолација

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.Б.(44) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот на 16.03.2020 остварил влез во државата на Граничен премин „Табановце“ и потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.

На 25.03.2020 на ул.„Богомилска“ во Прилеп, при извршена контрола од полициски службеници, било констатирано дека истиот не бил пронајден на адреса која била наведена во изјавата како место на кое ќе ја спроведува самоизолацијата – информираат во дневниот билтен на МВР.