дома блог страница 2697

Koстадинов: Државата ги спасува работните места на граѓаните и обезбедува приход за секој човек

„Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните и обезбедува приход за секој човек! Преку конкретни мерки за зачувување на секое работно место и директна помош за сите граѓани, за работниците, за стопанството ќе ја надминеме економската криза, која доаѓа како последица од борбата со коронавирусот. Владата усвои втор голем пакет на економски мерки за справување со економската кризата, вреден 200 милиони евра, кои имаат за цел да го ублажат економскиот удар и да им помогнат на граѓаните и работниците“, изјави денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Ги поддржуваме одлуките на Владата и го поздравуваме фактот што усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме, но и донесе дополнителни мерки. Со овие мерки, опфатени се граѓаните, работниците, малите и средните претпријатија, дуќаните, занаетчиите, и оние што се дел од неформалната економија, спортистите, уметниците…“, додаде тој.

“Лидер”: Ординацијата на градоначалникот на Прилеп затворена поради опасност од „Ковид 19“ – вработените изолирани!

Здравствената установа „Ортомедика“ која е во сопственост на градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, од вчера превентивно е затвроена, а четворицата вработени се испратени во изолација.

Причината се симптоми кои ги почувствувала медицинската сестра која вчера била и тестирана на корона вирус.

Информацијата за „Лидер“ ја потврди и градоначалникот на Прилеп, кој ни одговори дека веднаш целиот медицински персонал е испратен во изолација.

-Да, точно е, ординацијата е затворена. Двата тимови кои работат таму се испратени во изолација. Денеска ги очекуваме резултатите од медицинската сестра на која вчера и беше земен брис. Од нив ќе зависи какви чекори ќе преземеме понатаму, изјави за „Лидер“ прилепскиот градоначалник.

Прилепска текстилна компанија затворена поради заболено лице од коронавирус

Директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска, на денешната прес конференција рече дека денеска во Прилеп има два нови случаја на заболени од коронавирус, со што нивниот број се искачи на 12.

„Имаме уште два потврдени случаи позитивни на COVID-19, што значи дека вкупната бројка се искачи на 12. Станува збор за маж и жена, на возраст од 61 и 64 години. Во моментов чекаме извештај за уште 5 брисови, за кои немаме никаква информација, а секојдневно во Институтот за јавно здравје во Скопје се пуштаат помеѓу 10 и 20 брисови“, истакна Николоска.

Николоска ја потврди информацијата дека по однос на вчерашниот случај, кога беше потврдено уште едно новозаболено лице, станува збор за жена на возраст од 59 години, вработена во фабрика за текстилна конфекција од
Прилеп. Од истиот момент фабриката е затворена и сите вработени се ставени во домашна изолација.

Михаела од Скопје: Го победив коронавирусот, а сега ќе им пеам на докторите (Видео)

“Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас”, напиша Михаела Јаневска од Скопје на својот Фејсбук профил.

Градоначалникот повторно го отвара градскиот пазар во Прилеп: Се прави ли ризик по здравјето на прилепчани?

“Општинскиот кризен штаб донесе одлука за повторно отварање на градскиот пазар во Прилеп, кој што од утре повторно ќе функционира врз основа на заострени критериуми. На влезовите од пазарот ќе бидат поставени средства за дезинфекција, а ќе бидат ангажирани и зголемен број на редари кои ќе помагаат во одржувањето на редот во градскиот пазар”, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Тој додаде дека закупците на тезги во градскиот пазар ќе бидат ослободени од плаќање на кирија од денеска, па се до завршувањето на вонредната состојба.

Инаку бројот на заболени од коронавирус во Прилеп денеска се искачи на 12, а градскиот пазар превентивно беше затворен минатата недела.

Сега општината одлучи истиот одново да го пушти во употреба, иако во повеќе општини во државата градските и сточни пазари остануваат и натаму затворени.

Забрана за тешки возила на планинскиот превој Плетвар

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Кавадарци – Прилеп преку планинскиот превој Плетвар од 14:40 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информира АМСМ.

Претходно, утрово во 10:45 часот е воведена на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, а од шест часот и на планинскиот премин Стража.

(Видео) Зимно време, март, април, мај….

Извадок од филмот “Викенд на мртовци” кој баш одговара на времето надвор…

Два нови случаи со коронавирус во Прилеп: Бројката се искачи на 12

Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција предмалку соопшти дека во изминатото деноноќие има нови 25 случаи со коронавирус во Македонија.

По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

Бројката на лица инфицирани сега изнесува 354 лица.

Филипче соопшти и дека оздравени се уште 5 пациенти, а за жал има уште еден смртен случај.

Се работи за 65-годишна жена од струшко Лабуништа.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

 Скопје – 183

 Куманово – 54

 Дебар – 47

 Штип – 15

 Прилеп – 12

 Тетово -13

 Струга – 9

 Велес – 6

 Битола – 4

 Охрид – 3

 Кавадарци – 2

 Гостивар – 1

 Гевгелија – 2

 Струмица- 1

 Крива Паланка – 1

 Кочани – 1

(Видео) Еве како Ноле се држи во форма во домашна изолација – наместо рекет зеде тава

Светскиот број еден тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, заедно со семејството времето во изолација го поминува во градот Марбеља во Шпанија.

Како и сите други спортски натпревари, пандемијата со коронавирусот ги прекина го прекина и тенисот, но Ноле знае како да остане во форма.

Наместо рекет во домашни услови, Ѓоковиќ зеде тава.

„Натпреварувањето никогаш не престанува“, напиша Ноле под видеото на кое тој игра партија тенис со импровизиран рекет во рацете.

Светиот Благодатен оган од Ерусалим, сепак ќе патува низ светот за Велигден

Светиот Благодатен Оган од Ерусалим ќе биде пренесен во православните земји како и досега, и покрај драконските мерки против коронавирусот, соопштува весникот Jerusalem Post, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи на Израел.

Поконкретно, согласно објавата, државата Израел изрази подготвеност да ги прими специјалните летови од православните држави, што секоја година го земаат Светиот Оган од Ерусалим.

„Точниот начин на процесот сè уште не е утврден, изјави изворот од Министерството за надворешни, бидејќи Министерството за здравство би можело да додаде повеќе ограничувања поради коронавирусот, но веќе се организирани летови за да го однесат Огнот во Русија, Украина и Грција“, објаснува подробно Jerusalem Post.

Според истиот весник, службата во Светиот Гроб ќе се одвива нормално, во присуство на 10, најмногу до 15 претставници на христијански цркви и во продолжение Светиот Оган ќе се пренесе до аеродромот во Тел Авив, каде ќе биде предаден на делегациите на христијанските земји, коишто, сепак, нема да се симнуваат од авионите на израелска почва, со цел да се запази карантинот.

/Бигорски