Maрта сеуште не му прави место на април: Еве какво време не очекува деновиве

Под влијание на влажен и студен воздушен бран денеска ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе бидат за 8 до 10 степени пониски од тие вчера. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места ќе се формира тенка снежна покривка.

Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури во поголемиот дел од земјава под нулата.

Во Прилеп денеска температурата ќе се движи од -2 до 2 степени, а ладното време ќе продолжи и во четврток (-3 до 4) и петок (-1 до 6 степени).

Облачноста ќе се задржи и за време на викендот, но температурата во недела ќе достигне 10 степени целзиусови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.