Сакате да се запознаете со Елена Велевска: Пејачката со предизвик до своите фанови

Ја сакате музиката? Македонската музика? Ова е шанса за вас.

Maкедонската фолк пејачка Елена Велевска ве предизвикува времето кое го минувате дома да го исполнете со креативност и да направите нешто за кое што ќе слушнат многумина.

Талентирани сте, имате омилена песна од репертоарот на Елена? Ако е така тогаш овој предизвик е за вас.

Потребно е да снимите видео како пеете една нејзина песна, да го постирате на Инстаграм користејќи го хаштагот #elevavelevskacover.

Оној кој има најмногу прегледи ќе биде победник и ќе има можност да се запознае со Велевска.

Предизвикот трае до крајот на месецот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.