дома блог страница 2694

(Видео) Еве какви мерки се преземаат во Србија: Забрана за движење од сабота во 13 часот до 5 часот во понеделник

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ одржаа седница на кризниот штаб за сузбивање на пандемијата од коронавирусот.

Во наредните 72 часа очекуваме зголемен број на заразени и смртни случаи.

“Ова не е предвидување, ова е нешто што е логично да се очекува”, рече Вучиќ и додаде дека во овој момент на респоратори има 81 лице.

“Ќе воведиме забрана за движење од сабота во 13 часот до понеделник до 5 часот наутро”, рече тој и додаде дека таа забрана не важи за пензионерите кои можат наутро во неела до 4 часот да одат во продавница.

Заев призна дека Ахмети го надгласал во Владата за кратење на платите на администрацијата?

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, призна дека лидерот на ДУИ Али Ахмети го надгласал во Владата за кратење на платите на администрацијата.

Гостувајќи во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија тој истакна дека дал предлог за кратење на платите на администрацијата но неговиот предлог со мнозинство бил надгласан на седница на Владата.

Заев сепак најави дека оваа мерка би можела да биде воведена во иднина.

Пожар во куќа во прилепско: Опожарени приземје и кат

На 01.04.2020 околу 08.30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во куќа во с.Бело поле, сопственост на Т.М., а користена од А.М., настанал пожар при што биле опожарени приземјето и катот.

Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

Градоначалникот:”Немав контакт со ни еден вработен во “Ортомедика”

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денес се обрати до јавноста да ги демантира информациите кои вчера се појавија во јавноста и тврди дека немал никаков контакт со вработените во ПЗУ “Ортомедика”.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се укине матурата за оваа година и учебната година да заврши на 10 јуни

ВМРО-ДПМНЕ денес предложи низа мерки кои треба да се спроведат во образованието за подобро справување со новонастанатата ситуација. Од партијата наведуваат дека не смее цела генерација да ја повтори годината само поради тоа што никој во Владата не седнал да размисли за начинот и методологијата за заокружување на учебната година.

Во продолжение ви ги пренесуваме сет мерките на ВМРО-ДПМНЕ:

“„Предлагаме одлука со која полагањето на државна матура во сите средни училишта во Република Македонија за оваа учебна година ќе биде укинато. Полагање на матура може да биде организирано само за оние ученици кои имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември.

Школската година да заврши на 10 јуни.

Учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба.

Укинување на законските ограничувања за просечен успех кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта.

Контролирано одвивање на учење и домашни задачи во домашни услови, да бидат ефектни и суштински без непотребно оптоварување на учениците.

Да се интензивираат телевизиските програми со образовни содржини на сите јазици, и да бидат систематизирани по одделенија и предметни програми.

Воведување на летен семестар за учениците со посебни потреби, кој ќе се одвива во соодветни услови за совладување на знаењата.

Да се организираат обуки за изведување и следење на онлајн настава наменети за сите оние наставници и родители кои имаат потреба од ваков вид помош.

Да се мапираат ученици од социјално ранливи категории кои имаат потреба од обезбедување на опрема за следење на онлајн настава и истата итно да се набави;

Високообразовните институции да размислат целокупниот процес на упис на нови студенти да го организираат по електронски пат“, изјави Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео) Борјан Јовановски до Филипче: Како БЕ 65 излечени во Албанија, а кај нас 12?

Министерот за здравство Венко Филипче беше гостин во интервју кај новинарот Борјан Јовановски.

Тој му се обрати со зборовите:

„Како бе 65 излечени во Албанија, а кај нас 12?“

На овој начин, секако, не е простојно новинар да му се обраќа на министер. Јовановски не знаеше дека емисијата почнала, па му постави вакво прашање.

Со влезот во НАТО, грчки авиони ќе го чyвaaт македонското небо

Откако Македонија и официјално стана членка на НАТО започнува и обврската за контрола на македонското небо. Отпорано се знаеше дека за тоа ќе биде задолжена Грција а тоа за прв пат беше обелоденето за време на посетата на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Скопје.

Тогаш тој објасни дека ќе им биде особена чест да го чуваат небото на соседот и оти на тој начин покажуваат дека ќе се грижат за безбедноста.

За тоа да биде возможно пред неколку месеци двете министерства потпишаа договор за надзор на воздушниот простор.

Станува збор за т.н „Air-policing“придобивка која важи само за земјите членки на Алијансата и вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, вклучувајќи и борбени авиони. Целта е заштита на интегритетот на воздушниот простор на НАТО земјите членки.

Патролирањето во воздухопловниот простор (Air Policing) е под надзор и водство на воздухопловната команда на сојузничките сили

Оваа услуга обично се плаќа но Грција се согласи македонското небо да го чува бесплатно. Црна Гора која исто така нема своја авијација, на Италија и плаќа околу 400.000 евра.

Македонските авиони одамна се приземјени а на располагање имаме само хеликоптери за ниски висини.

За разлика од нас, Грција има една од најсилните авијации во регионот. Во нивната флота има околу 300 авиони и тоа „Ф-16 Фајтинг“, француските „Мираж“, како и„Ф-4 Фантом“.

Европскиот суд ги осуди Чешка, Унгарија и Полска затоа што одбиваа да примат мигранти

Европскиот суд на правдата денеска донесе одлука дека Чешка, Унгарија и Полска го прекршиле законот на ЕУ со тоа што одбиваа да се придржуваат кон програмите за бегалски квоти според кои требаше да примат одреден број бегалци, откако во бегалската криза во 2015 повеќе од еден милион мигранти влегоа во ЕУ.

Во итна постапка во 2015 година, земјите-членки на ЕУ се согласија да преместат околу 160.000 бегалци од Италија и Грција, кои беа погодени од големиот прилив на мигранти.

Пет години подоцна, Грција сè уште се бори да го префрли товарот и илјадници луѓе се уште се во многу лоши услови на грчките острови. Одлуката за „привремено преместување“ беше донесена со гласање за кое беше потребно двотретинско мнозинство земји-членки на ЕУ.

Чешката Република, Унгарија и Полска беа меѓу мала група на држави што гласаа против.

На крајот, само околу 40.000 бегалци беа преселени.

Чешката Република, Унгарија и Полска не згрижија речиси ниту еден бегалец во текот на двете години додека програмата беше во функција.

Европскиот суд на правдата во својата пресуда рече дека „со одбивањето да се придржуваат кон привремените механизми за преместување на апликантите за меѓународна заштита, Полска, Унгарија и Чешката Република не успеаја да ги исполнат своите обврски според законот на Европската унија“.

Трите држави тврдеа дека тоа е одговорност на самите земји на ЕУ, а не на комисијата, која ја состави шемата на квотата и ги изведе земјите пред лицето на правдата..

Извро: “Експрес.мк”

Девет нови заразени во Прилеп, од вкупно 30 за последниве 24 часа

Mинистерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа тестирани се 342 лица, а констатирани се 30 нови случаи со Ковид-19 во Македонија.

Со ова бројката на потврдени случаи се искачи на 384 лица.

Во Прилеп во изминатото деноноќие регистрирани се нови 9 случаи, со што бројката се искачи на 21 лице.

Од новите 30 случаи покрај 9 од Прилеп, 12 се од Скопје, 8 во Куманово и 1 од Крива Паланка.

Нови 30 случаи со коронавирус во Македонија: Бројката се искачи на 384 лица

Во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица.

По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.