дома блог страница 2695

Позитив на денот: Прилепчани направија снешко висок 2,3 метри (Фото)

Снегот кој паѓање вчера ги натера прилепчани за миг да заборават на пандемијата со коронавирусот и барем малку да почувствуваат свеж воздух.

Овие тројца млади луѓе ни испратија фотографии од нивното “монументално” дело кое е високо 2,3 метри.

Ќе признаете, снешкото изгледа импресивно и е вистински позитив на денот.

Известување од Министерството за здравство до сите лица во самоизолација

Согласно Заклучоците на Комисијата за заразни болести содржани во записникот бр. 09-982/34 од 31.03.2020 година, Министерството за здравство ги известува сите лица кои поминале период од 14 дена во самоизолација (домашна изолација) и немаат симптоми дека не е потребно лабораториски да се тестираат – стои во известувањето на Министерството за здравство.

(Видео) Приведени двете момчиња кои крвнички тепаа девојка

Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, министерот Наќе Чулев соопшти дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување.

-Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р., соопшти Чулев.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е Основното јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.

Три нови случаи на коронавирус во болницата „Плодност“ Битола

Болницата Плодност Битола преку соопштение објавено на социјалните мрежи информира за нови позитивни случаи на коронавирус. Ковид-19 е утрден кај двајца доктори и една медицинска сестра.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на болницата Плодност – Битола.

Бевме и ќе останеме транспарентни. Да нема дилеми.Не уште двајца, туку тројца од персоналот се позитивни на корона вирус од Болница „Плодност“. Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог и една медицинска сестра. Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица. Јас побарав да им се земат брисеви. Побрав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале. Сакам да се земат брисеви од сите вработени. Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо. Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата). Тој е асимптоматски носител. Тие се најопасните како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител.
Од таму апелирам до министерот да ги остави препорките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптоматските пациенти и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза.

Министре оставете ги препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптомтските пациентки и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза. Можеби така ќе се создаде паника (паниката е состојба на исклучителен страв од вистинска или претпоставена опасност по живот), но ќе се добие друг ефект….. изолација, а тоа е многу битно бидејќи ако имаме помасовно тестирање ќе имаме помасовна самоизолација и изолација.Тие се големи држави многумилионски Ние сме само 2 милиони народ (помала популација ќе се испаничи). На тој начин ќе се намали бројот на асимптоматски носители на вирусот кои сега слободно шетаат низ градот и се потенцијални вирусоносители. Тие се најопасните за околината. Многу полесно е кога ќе го откриете заразениот. Има многу повеќе заразени во Македонија отколку што се детектирани. Ни фали тестирање. Не знам зошто немаме масовно тестирање. Самоизолација, земање витамини и имуносупортивна терапија, изолација на оние кои биле во најблизок контакт и бројот на заболени полека ќе стивнува.

Гледате што се случува, умира медицински персонал, доктори, сестри техничари и друг персонал. Ние здравствените лица сме на прва борбена линија на фронтот и немаме право да заминеме да се повлечеме од фронтот. На иста опасност се изложени во продавниците и супермаркетите, но тие може да си одат дома. Ние сме први што се заразуваат. Вработените во супермаркетите имаат право да си заминат, ние не, бидејки наша етика е и морал да им помагаме на луѓето.

Вината е и во пациентите, не дека се носители и ќе ни го донесат вирусот, туку се неискрени. Ние имавме направено прашалник епидемиолошки според СЗО критериуми. Интенција ни беше уште пред месец дена да влегува секој пациент во тријажно одделение, за да му направиме епидемиолошка анкета (после 13.04.2020 задолжително ќе поминат низ тој тријажен дел сите оние кои што ќе дојдат во болницата, ќе потпишат формулар за веродостојноста и ќе одговраат кривично ако излажале). Но заклучокот беше дека нашите пациенти не се доволно искрени, кријат, не сакаат да кажат дека имале некој од симптомите на корона вирусот ниту, дека биле со сомнително лице во контакт, а кое дошло од друга високоризична за Ковид 19 држава. Нашите граѓани поготово битолчани се плашат да кажат дек имаат температура, треска, малаксалост, болки во грлото и не бараат да се тестират за корона вирусот плашејќи се од тоа да не бидат анатемисани, жигосани и непожелни да живеат во оваа средина(Битола), а не се плашат од последиците и компликациите на ова инфективно заболување. “Битолчани седете дома и умирајте не кажувајте никому дека имате симптоми на корона вирус затоа што ако ве дознаат, ќе ве жигосат“ -напиша една сограѓанка на својот фб статус.

Затоа почитуван г дин Министре, мислам дека е потребно помасовно тестирање на пациентите за да ги откриеме асимптоматските носители на вирусот. Така ќе се створи малку поголема паника, но ќе го спречиме ширењето на вирусот. Сеуште не е касно, имаме уште малку време се додека не се “скрши здравствениот систем“, кога возот ќе замине низ брдо, а ќе треба секојдневно да се објавувате повеќе смртни случаеви од новозаболени.

Со голема почит за Вас Министре д-р Венко Филипче, прифатете го мојот совет. Направете увоз на тестови. Веќе фармацевстката индустрија ги работи на големо и не е тешко да се набават, а и не се скапи (барем овие кои се на база антиген- антитело). Иако тие не покажуваат точно присуство на вирусот, ќе направат скрининг кои се за ПЦР методата. Што се однесува до точноста на тестовите за докажување на Ковид 19 и самите фармацевтски фирми, објаснуваат дека се многу сензитивни иако има и најмало пореметување на морфологијата на вирусот, дава во 50% лажно позитивни резултати (ние на наша кожа тоа најдобро го сетивме и немаме веродостојни информации дали Христијан е позитивен или негативен, а немаме клиничка слика за постоење на виросот). Христијан со мала симптомологија бараше да се тестира на корона вирус. Ќе поминеше се како една грипозна настинка. Истото се случува со другите наши врботени. Сега немаат никакви симптоми. Можевме кај никој да не бараме да се тестираат и се ќе поминеше како да е обична настинка.

Рескирав мои драги Битолчани да докажам дека може да сме носители на таков вирус (затоа што некој ни го донесол) во името на безбедноста, сигурноста и грижата на пациентите, рескирав и ја затворив болницата, а Вие уште фрлате отровни стрели. Каде згрешивме? Вршите притисок во МВР дека Христијан пред месец дена, 15 дена итн си дошол од Копаоник ,Банско, па од Тирол Аустрија, за да станеме предмет на вештачење на секторот за криминал од МВР. Тие имаат сознание дали Христијан ја напуштил и кога ја напуштил границата и дали бил на тие места, а сите Вие кои тврдите на фб дека д-р Христијан Трпчевски беше во едно од споменатите места во последните два месеци, напишете го тоа, ама на прав, не на лажен фб. Е тоа ќе треба да го докажете и на суд, ама и ќе си ги сносите последиците од тоа судење.
Ќе ви дојди дома вирусот, седете со температура и кашлица, да не дознае некој друг, оти ќе Ве сатанизират битолчани од најгрдскиот град на конзулите. Епа битолчани, “Ова е мојата Битола најуба на светот“.

Еве што предлага Бил Гејтс:”Затворете буквално се’ на 10 недели- ова што се случува сега е катастрофа!”

Oсновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, во неговиот авторски текст за “Вашингтон Пост” апелираше до властите во САД да затворат буквално се на 10 дена, како би се избориле против пандемијата која ја предизвика коронавирусот.

“Нема сомнеж дека САД ја пропушти можноста да биде во предност во борбата со коронавирусот. Но сеупте постои простор за донесување на важни одлуки. Изборите кои ги донесуваме ние и нашите лидер денес, ќе имаат големо влијание на тоа колку брзо бројот на заразени ќе почне да опаѓа, колку долго економијата ќе се гуши и колку
Американци ќе мораат да се разделат од нивните најмили за секогаш поради Ковид-19.

Низ работата со “Фондацијата” разговарав со многу експерти и лидери во Вашингтон и ширум земјата. Ми стана јасно дека треба да преземеме три чекори.

Прво, потребен ни е доследен национален пристап во затварање на буквално се. И покрај повикот на експертите од јавното здравство, некои држави и окрузи не затворија баш се. Во некои држава плажите се и понатаму отворени, во други, рестораните и понатаму работат.

Ова е рецепт за катастрофа. Бидејки, ако луѓето можат слободно да патуваат преку државните граници, така може и вирусот. Државните власти мора да бидат јасни: Затворање било каде, значи затворање секаде.

Се додека бројот на заболени не започне да паѓа ширум Америка- што би можело да биде за 10 недели или повеќе- никој не може да продолжи со работа како и претходно или да го занемари престанокот на работењето. Секоја конфузија околу оваа точка само ќе ја зголеми болката во економијата, ќе ги зголеми шансите вирусот да се врати и ќе предизвика уште смртни случаи…”

Научниците го открија најчестиот симптом на коронавирусот: Не е високата температура, ниту сувата кашлица

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон заклучија дека најчестиот симптом на заразата од коронавирусот е губењето на сетилото за мирис.

Според резултатите на британските студии, губењето на способноста за препознавање на мириси било забележано кај речиси 60% од пациентите, кои потоа биле регистрирани како позитивни на Ковид-19.

“Според нашите податоци, а во комбинација со другите симптоми, кај лицата кои го губат сетилото за мирис веројатноста да се заразат од Ковид-19 е три пати поголема, па затоа е потребно тие да се самоизолираат на седум дена, како би се намалило ширењето на заразата”, истакна професорот Тим Спектор.

Ова ги донесе научниците до заклучок дека губењето на сетилото за мирис е најчестиот симптом за коронавирус и тоа пред повишената температура или сувата кашлица. Во понатамошното истражување, научниците направиле модел кој овозможува да се одреди, на основа на комбинација од симптомите, попрецизно да се прогнозира дали личноста е заразена од Ковид-19.

(Видео) Kaко Белорусија се справува со коронавирусот: Претседателот препорачува вотка, хокеј и “трактор терапија”

Се повеќе земји во Европа воведуваат карантински мерки за да спречат ширење на опасниот коронавирус Ковид – 19.

Но, поранешната советска република Белорусија продолжува да живее нормално како ништо во светот да не се случува.

Иако соседните земји Украина, Русија, Латвија, Литванија и Полска преземаат силни мерки, се чини дека претседателот Лукашенко има сосема спротивно гледање на работите.

“Подобро да умреме соејќи, отколку да живееме на колена”, вели тој во една прилика.

Границите на Белорусија се отворени, луѓето нормално одат на работа и нема панично купување по маркетите. Училиштата, театрите и трговските центри работат без проблем и ограничувања, а не се забранети ниту масовните собири.

Исто така и фудбалските и хокеарските натпревари се во тек, а трибините се полни со навивачи.

Лукашенко препорачува вотка и физичка работа по полињата, така наречена “трактор терапија”.

“Дали гледате вирус овде? Дали гледате да лета некој вирус? Јас не ги гледам, овде е како во фрижидер. Овој спорт е вистинското нешто за здравјето, особено на ладно, ова е антивирусна медицина”, вели Лукашенко облечен во хокеарска опрема.

Белорусија досега има пријавено 163 случаи на заболени од Ковид-19.

Прилеп потонат во полициски час: Магични фотографии од центарот на градот

Прекрасни фотографии од централното градско подрачје на Прилеп…

Уживајте!

(Видео) Вистинска мистерија: Место со 1.200 жители во срцето на Ломбардија нема ниту еден заразен од коронавирус

Градче на северот од Италија, во срцето на Ломбардија, на само 45 километри оддалеченост од Милано, со 1.200 жители, нема ниту еден заразен од коронавирус.
Жителите на Ферера Ербоњоне тврдат дека ги презеле сите превентивни мерки од првиот ден и денес се горди што немаат ниту еден заразен од вирусот.
Градоначалникот Џовани Фасина ги известил сите семејство дека до 2 април ќе можат да закажат за крвни анализи во лабораторијата во соседниот град Саназаро де Бургинди (Павиа), за детално да ја проучат причината за овој феномен.

Еве ги надоместоците на советниците на Заев, за нив не важи ли минималецот?

Истражувачката репортерска лабораторија изминатите три дена објави серијал стории за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев. Тој има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани. ИРЛ побара одговори од Владата како се мери нивниот успех или дали имаат резултати во работењето?

Погледнете ги резулатите од нивното истражување и видете колку заработуваа советниците на Заев.