дома блог страница 2693

Ристески: “Ви предлагаме олеснителни мерки за сите грѓани и стопански субјекти” (Видео)

Пандемијата предизвикана од корона вирусот освен што претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, е вистинска опасност која се одразува и по економијата, секојдневниот живот на граѓаните и работењето на деловните субјекти – истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до Советот на Општина Прилеп предлага низа конструктивни мерки, кои ќе бидат од огромна корист за угостителските објекти, занаетчиите, дуќанџиите во чаршијата, но и сите други погодени стопански субјекти, како и граѓаните кои губат работни места, со цел справување со економската криза. Предлагаме:

1. Предлагаме намалување за 50% на данокот за имот за тековната 2020 година, како и 50% на данокот за наследство и подарок;

2. Целосно ослободување од плаќање на фирмарина на деловните субјекти за 2019 и 2020 година.

3. Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните простории (вклучително и летните тераси пред угостителските објекти до крајот на 2020 година)

4. Предлагаме и намалување за 50% на сметките за вода и комунални услуги за најпогодените физички и правни лица во период од 6 месеци.

5. Во периодот додека трае кризата да се раскинат сите договори на дело на лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања, авторски договори и слично, мерка со која ќе се заштедат околу 10 милиони денари.

6. Предлагаме и укинување на сите непродуктивни трошења на Локалната самоуправа и јавните претпријатија, вклучително и на средствата предвидени за репрезентација, како и рационално и ограничено користење на возниот парк на институциите. На овој начин ќе се заштедат цели 5 милиони денари.

Ова се мерки кои ќе значат заштеда на голема сума пари, но истовремено и ќе обезбедат дополнителни парични средства за граѓаните и стопанските субјекти во справувањето со оваа глобална пандемија.

Предлагаме мерки, кои во овој период кога сите угостителски објекти не работат, кога речиси целата чаршија е затворена, а дел од граѓаните остануваат без работа, ќе значат надеж дека некој се грижи за сите.

Со оглед на тоа дека пандемијата зема замав во Прилеп и бројот на заболени од коронавирус секојдневно се зголемува, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка структура комплетно ги става на располагање сите свои човечки капацитети на Локалната самоуправа, а со цел заштита на здравјето на граѓаните и што поефикасно справување со оваа глобална опасност.

Ова е време кога е потребна солидарност, кога секоја подадена рака е добредојдена, кога секоја понудена помош треба да се прифати и кога треба да заборавиме на егоизмот и политичкото профитирање”.

Премиер лигата би можела да се доигра во Кина?

Англичаните се решени по секоја цена да ја доиграат сезоната, пред сѐ поради огромните пари кои во спротивно би ги загубиле од продажбата на телевизиските права, поради што секојдневно се појавуваат идеи за тоа како би се направило тоа, меѓу која дефинитивно е најлуда таа за одигрување за сите преостанати средби во – Кина.

За денеска е закажам состанок на челниците на Премиер лигата, на кој ќе се разговара за евентуалниот календар односно за тоа што би било кога ќе се смири пандемијата со коронавирусот. Ќе се разговара и за намалувањето на платите на фудбалерите, нешто што дел од клубовите веќе го направија со цел да ги сочуваат работните места на вработените во администрацијата.

Засега мораториумот за средби е со важност до 30 април, но со оглед на стравичната ситуација во бројот на заразени со Ковид-19 во Велика Британија, тешко е да се очекува дека на почетокот на мај би можело да се продолжи со натпревари. Поради тоа, дури и идеја за преселба на Премиер лигата во Кина во моментов и не изгледа до толку луда.

Мицкоски: Лицемерно е човекот во чиешто семејство возниот парк е неколку милиони евра, каде што има Мајбах и Бентли, да зборува за солидарност

Во интервју за „Фактор“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говори за економските мерки, задолжувањето на државата, солидарноста…

Вас ве прозиваа во јавноста во однос на вашиот став, кога зборуваме за солидарноста во оваа ситуација, за парите со коишто се финансираат партиите.

-Не е чесно, лицемерно е човекот во чиешто семејство возниот парк е неколку милиони евра, каде што има Мајбах, Бентли, да зборува за солидарност. Нема легитимитет тој човек тоа да го збори, да не ги споменувам сите афери поврзани со неговото име. Не е тоа солидарност, друго е солидарност, не можат тие да зборуваат за солидарност. Ја уништуваат смислата на зборот солидарност. Јас во своето обраќање реков дека доаѓаат тешки времиња да, треба да се намали платата на јавната администрација, да има кратење, за месец март според нашите анализи треба тоа да биде до 10 отсто, а потоа ќе носиме месец за месец одлуки врз основа на информациите со коишто ќе располагаме. Но, тоа не може да биде „урамниловка“, тоа ни во најболшевичките држави не е така. Да, се сложувам дека треба да има определена редукција, но ајде да видиме како да го направиме тоа да биде како што треба.

Но, прва точка на владина седница нека биде именуваните функционери да работат про боно до крајот на нивниот мандат, втора точка веднаш да биде укинување на финансирањето за политичките партии. Еве и ние имаме функционери, сложни се и тие да работат про боно, вели Мицкоски.

Иконата на Мајката Бојжа од 18 век почна да мироточи (Фото)

Во Храмот „Архангел Михаил“ во селото Урусово на подрачјето на градот Венов во Тулската област во Русија (50 километри од Тула и 180 од Москва) почна да мироточи иконата на Мајката Божја од 18 век наречена „Знамение“, пишува на официјалниот сајт на Руската православна црква., пренесува “Russia Beyond” на Македонски јазик.

Мироточењето е појава на лачење на миризливо масло од икона како последица на чудо. Оваа појава е забележана многу пати во црковната историја. Верниците сметаат дека таквите икони имаа исцелителна моќ.

Мироточењето на иконата е забележано повеќе пати од 8 февруари, во интервали од по неколку дена.

Гувернерот на Њујорк: “За шест дена остануваме без респиратори”

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо предупреди, доколку бројот на тешки случаи од Ковид-19 се зголемува со ова темпо, за 6 дена државата ќе остане без респиратори.

Респираторите се најважниот дел од опремата и се користат за најтешките случаи од Ковид-19.

Њујорк од своите залихи додели 400 респиратори на градот Њујорк и уште 200 на околните предградија, но гувернерот Куомо предвидува дека државата ќе се соочи со недостаток на респиратори.

Гувернерот најваи дека државата ќе нареди во употреба да се пуштат машините за анестезија или на еден респиратор да бидат поврзани повеќе пациенти.

Бројот на болни и починати во Њујорк расте со забрзана динамика- само во последните 24 часа умреа 432 пациенти.

(Видео) Русите го купуваат “суперзачинот”: Сметаат дека ќе ги заштити од коронавирусот

Продавниците во Русија забележаа зголемена побарувачка на ѓумбир за време на пандемијата од вирусот Ковид-19, соопштија претставниците на “X5” трговската група и ланецот супермаркети “Магнит”.

“Бележиме зголемена побарувачка на ѓумбир, бидејќи купувачите во желба да се заштитат од инфекцијата сметаат дека на ваков начин ќе го зајакнат имунолошкиот систем”, вели претставникот на Магнит компанијата, пренесува “Тас С”.

(Видео) Природата сепак е посилна од човекот: Неверојатна снимка од македонски рис кој го закопува својот плен

Ексклузивно видео од начинот на кој што се храни македонскиот рис е објавено на Фејсбук страницата „Балкански рис“. На видеото може да се забележи како овој заштитен вид го закопува својот плен откако завршува со оброкот. Ова е едно од ректите видеа кои што можат да се видат од овој вид за кој се верува дека има околу 100 единки на целиот Балкански Полуостров.

Балкански рис (науч. Lynx lynx martinoi) е подвид на евроазискиот рис од родот рис (Lynx) кој што може да се најде и во Македонија. Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка на континентот. Балканскиот рис бил на работ на истребување. Се проценува дека има околу 100 единки останато. Балканскиот рис започнува да се пари во јануари до февруари, а се раѓаат малите во април.

Koронавирусот ги откажа сите бокс случувања: Одложено Генералното Собрание и семинарот за професионални бокс судии

Информација од П.Б.М за, одложување на Е.Б.У Генералното Собрание и официјалниот семинар за професионални бокс судии.

Според програмата и календарот на Европската Боксерка Унија Е.Б.У, на 30 мај требаше да се одржи Генералното Собрание на Е.Б.У во Ла Коруња Шпанија.

Право на учество имаат сите полноправни членови на Е.Б.У како и нашата организација “Про Бокс Македонија”, а делегат е Дарко Чатлески oд Прилеп.

Според сегашната ситуација со коронавирусот Ковид-19, Генералното Собрание се одложува за 2021 година, исто така во овој период се забранети секакви професионални боксерски манифестации во Европа, се до излегување од оваа криза.

Исто така во организација на хрватскиот Сојуз на професионални боксерски спортови Х.С.П.Б.С, на 16.05.2020 на островот Крк требаше да се одржи семинар за професионални судии.

Овој семинар требаше да го води членот на У.О на Е.Б.У и В.Б.Ц, господинот Петар Штуки од Швајцарија, во соработка со судијата на Е.Б.У и В.Б.Ц, Звонко Рукавина.

“Услов беше дека може да учествуваат судии кои се членови на ПБМ и суделе на интернационални боксерски мечеви за титула. Од нашата организација беа предложени искусните судии кои имаат судено за титули и беа прифатени за семинарот :

Ѓорѓи Чатлески : WBC , WBU , UBF
Цане Горгиоски : UBF
Трајче Попов : UBF

Имавме и други планирани активностi со нашите професионални боксери, но мораме да почекаме да помине ова зло. Посакувам никој да не заболи, а заболените брзо да се опорават”, вели Дарко Чатлески.

Дали сте виделе нешто вакво? Нашинец сними уникатен “коронамобил” низ улиците на Шведска (Видео)

Нашинец кој живее во Стокхолм, Шведска, забележал уникатен автомобил на три тркала од кој ни испрати видео и го нарече “коронамобил”.

Погледнете за што станува збор:

Овој град го нарекуваат “германскиот Вухан”: Цела населба во овој град во Германија ќе биде претворена во лабораторија

Цела населба во германскиот град Хајнсберг ќе стане лабораторија за експертите да го проучуваат ширењето и однесувањето на коронавирусот и како тој може да се запре.

Хајнсберг, градот на границата на Германија и Холандија го нарекуваат ‘германскиот Вухан’ – во тој град има потенцијално најмногу заразени луѓе од коронавирусот.

Во градот во кој што има 250.000 жители, од коронавирусот заразени се 1.281, а починати 34 луѓе. Досега излечени се 550 пациенти.

Според проценките на германските експерти, овој град, кога станува збор за ширењето на коронавирусот, е две до две и пол седмици пред останатите градови на Германија.

Поради тоа, германските епидемиолози и вирусолози дел од овој град го претвориле во ‘лабораторија во живо’ за да го испитуваат коронавирусот.

„Резултатите наскоро ќе бидат користени како основа за тоа што Германија треба да го направи во наредниот период, а истите ќе бидат корисни и за останатие земји во светот“ -изјавил Хендрик Штрејк од Универзитетот во Бон.

„Ќе собереме информации и практични совети како да се бориме со Ковид-19 и како можеме во иднина да го задржиме, а да не го блокираме целиот живот на луѓето“.

Научниците ќе испутуваат 500 домаќинства, градинки, училишта за да ги проучат начините на ширењето на вирусот.

Тие ќе се обидат да одговорат на прашањата дали вирусот може да се пренесе преку мобилните телефони, кваките, чаши, далечински управувач, храна и сè она што е дел од секојдневниот живот на еден човек, но и како вирусот се пренесува меѓу семејствата и социјалните контакти.

„Врз основа на тие резултати, ќе може да дадеме насока која што политичарите можат да ја искористат како управување со крзата“.