Нови 30 случаи со коронавирус во Македонија: Бројката се искачи на 384 лица

Во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица.

По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.