дома блог страница 2683

Претставник од СЗО: “Ќе треба да одиме по семејства и да ги отстраниме оние кои можеби се болни” (Видео)

Aмериканската телевизија “Фокс Њуз” објави дел од изјава на официјален претставник на Светската здравствена организација, во која тој вели дека заразата со коронавирус од улица се пренела во домовите помеѓу семејствата.

“Сега ќе мораме да одиме во семејства и да ги најдеме тие луѓе кои можеби се болни, да ги отстаниме и изолираме во безбедни места”, вели претставникот на СЗО.

На тоа новинарот од “Фокс Њуз”, Такер Карлсон, кој патем уште во јануари прв алармираше за опасноста од Ковид-19 што тогаш се ширеше само во Кина, иронично додава: “Само да знаете доаѓаме во вашите домови, ви ги земаме децата и ги изолираме”.

Сопственик на ресторан од Скопје ja воодушеви цела Македонија: “Не ги отпуштам вработените по цена и фирмата да пропадне”

Сопственикот на националниот ресторан “Maл Алтан” од Скопје напиша статус на својот Фејсбук профил со кој ги освои симпатиите на целата држава:

“Јас Горан Блажевски, сопственик на Мал Алтан, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам, а посебно пошто знам како е да немаш, и така да ако треба ќе делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка целосна, од мене и мојата фамилија”, напиша Блажевски.

Неговиот статус на Фејсбук за кратко време се прошири на социјалните мрежи, а Блажевски добива пофалби од сите страни за ваквиот гест.

СЕКОЈА ЧЕСТ МАЈСТОРЕ!

Да бидеме хумани и да го донесеме Велигденскиот дух во секој дом: Донирајте во црковните храмови (Фото)

Црквата Св. Благовештени (Стара црква) од Прилеп, оваа година по 12-ти пат ја организира хуманитарната акција по повод Велигден.

По тој повод се повикуваат сите граѓани кои имаат можност да донираат парични средства. Во сите црковни храмови во градот се поставени кутии за донирање, по што со собраните пари ќе бидат купени прехранбени производи и други намирници што ќе се донираат на семејства кои имаат најголема потреба за тоа.

Граѓаните исто така освен парични средства, можат да донираат и прехрамбени производи кои што не зависат од температурата на чување и не се лесно расипливи.

Секоја година во акцијата се вклучени и повеќе компании.

(Видео) Голем пожар изби во близина на нуклеарната централа Чернобил – наоколу се шири радијација

Пожарот кој изби пред два дена во близина на нуклеарната централа Чернобил, се прошири денеска на околу 35 хектари земјиште, соопшти украинското Министерство за вонредни ситуации.

Во гаснењето учествуваат два хеликоптера Ми-8 и еден авион Ан-32П, а врз огнот веќе се фрлени 72 тона вода.

Се наведува дека нивото на радијација во Киев и околината на овој град е во нормални граници.

Претходно полицијата соопшти дека е уапсен одговорниот за пожарот, а станува збор за 27-годишно момче кој палел отпад и сува трева.

Ѓорѓе Давид: “Пред мене почина човек кој беше примен кога дојдов и јас”

Познатиот рок пејач Ѓорѓе Давид веќе две недели се бори против коронависурот, откако на јавноста и соопшти дека е позитивен на Ковид 19, а се лекува на оделението за пулмологија на Клиничкиот центар во Србија.

Откривајќи детали од болницата, пејачот истакна и дека починал човек кој лежел покрај него, а кој бил примен таму истиот ден со него.

– Страшно е да бидеш болен од болест која носи жртви. Претходната недела покрај мене умре човек кој беше примен истиот ден кога и јас. Во таква ситуација не е паметно да зборувам за прогноза на болест против која се борат светските лекари, а која носи животи – вели Давид за Телеграф.рс.

Сепак, Ѓорѓе вели дека и натаму верува оти ќе излезе како победник во оваа битка.

– Ми останува вербата дека ќе излезам како победник. Ќе зборуваме низ што поминав и како изгледаше моето лекување кога ќе ми кажат дека вирусот веќе не е присутен – истакна поранешниот пејач на бендот „Генерација 5“.

“60% повисоките сметки за вода можете да ги платите електронски”

Наместо да се создаваат непотребни гужви пред наплатно-услужните центри, ЈКП Водовод и канализација Прилеп нуди можност граѓаните сметките за вода да ги плаќаат од дома по електронски пат.

Во услови кога постои опасност за ширење на пандемијата со коронавирусот и појава на нови заразени, граѓаните треба што повеќе да ги користат ваквите услуги, а со тоа да се заштитат себе си и останатите.

Сметките за вода граѓаните можат да ги плаќаат електронски на следниот ЛИНК

“Ние санкции, тие ни вратија со помош: АФЕРИМ”

Во рамките на борбата со COVID-19, Турција ќе и даде на Македонија помош во медицински материјали.

Авионот на турските воени сили кој го носи здравствениот материјал ќе слета на меѓународниот аеродром во Скопје утре попладне.

Предавањето на здравствниот материјал ќе се изврши од страна на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок.

Македонија воведува санкции против Турција?!

Американски болничар со потресна порака: “Ветив дека ова нема никогаш да го напишам, но не можам да молчам“ – низ што поминуваат заразените од Ковид-19

Американски болничар Џејк Савоие кој работи во одделение за интензивна нега во болница, на својот Фејсбук профил сподели објава во која се открива низ што поминуваат пациенти кои заради коронавирусот мора да треба бидат ставени на респиратор. Со ова, сака да ги предупредат луѓето кои не ја сфаќаат сериозно можноста од инфекција.

Неговата објава доби над 50.000 лајкови и ја споделија скоро 100.000 луѓе.

„Ветив на себе си дека никогаш нема да напишам ваков натпис, но не можам да молчам. Ме вознемирува кога гледам колку луѓе сè уште не го сфаќаат ова сериозно, па сакам да ви кажам колку е реално”, започна Џејк.

Тој опиша како, како болничар во одделот за интензивна нега, тој ментално се подготвил да работи напорно и да носи тони заштитна опрема, но не се подготвил за емотивните последици што ќе ги доживее во грижата за најранливите пациенти.

„Заштитната опрема што ја гледате на оваа слика е само мал дел од она што го гледаат пациентите на Цовид-19 секој ден, секогаш кога некој ќе влезе во нивната соба. Тие поминуваат часови и часови сами во просторијата. Овие пациенти немаат никаков контакт со човек од моментот кога ќе влезат во болница се додека не бидат прогласени здрави, или до последниот здив. Моето срце се крши секој пат кога ќе му пристапам на пациент и ќе го видам стравот во неговите очи“, напиша тој.

Стравот и осаменоста, истакнува, не е најлошото нешто што го доживуваат овие луѓе.

„Доаѓа време кога нивните бели дробови веќе не можат да функционираат самостојно, па морам да им ја кажам лошата вест дека треба да ги ставиме на респиратор. Тие мораат сами да се справат со оваа вест. Единствениот извор на поддршка и удобност за нив сум јас, докторот или било кое медицинско лице. Една од најтешките работи што требаше да ја направам во мојата кариера беше кога морав да и кажам на возрасена расплакана личност дека ќе дојде моментот од кој најмноу се плаши. Им кажувам да ме држат рака и да замисат дека е на мое место едно од нивните деца. Размислете за следниот пат кога сакате да поканите неколку гости затоа што сте осамени “, пишува Џејк.

Тој додаде дека од таа судбина се погодени не само пациентите, туку и нивните најблиски, кои се во постојан страв и грижа за нив, ама и лекарите кои сакаат да помогнат, но понекогаш не можат.

„Размислете за тоа следниот пат кога ќе кажете дека е сето ова е политичко разочарување игнорирајќи ги предупредувањата. Моите колеги и јас сме исцрпени, трауматизирани и исплашени, но ќе ја издржиме оваа криза. Ние ќе се бориме за нашите пациенти секој ден, без оглед на околностите, но ве молам, не ни го отежнувате излегувањето и собирањето со луѓе ако тоа не е потребно. Останете дома, охрабрете ги вашите најблиски да останат дома, да бидат одговорни и да се молите за оние што се борат со пандемијата “, заврши тој.

Борко Ристовски:”Мојата “борба” за мојот углед, чест и мојата МАКЕДОНИЈА допрва почнува”

“Драги пријатели, познаници, фанови. Мојата фан страна изминативе денови беше нападната, хакирана од непознати сторители (засега). Доколку сте добиле било какви пораки од мојата фан страна со навредлива содржина, сакам однапред да ви се извинам. Изминатиов период добивав дирекни и индирекни пораки, “совети” за тоа дека треба и мора да ја прифатам реалноста во однос на новото име на мојата земја Македонија и да намалам со моите постови каде експлицитно го употребувам името Македонија 🙂 . Па од тука би сакал да им порачам на сите тие советодавачи. Никогаш нема да ја прифатам вашата реалност. НИКОГАШ!!! Мојата “борба” за мојот углед, чест.. мојата МАКЕДОНИЈА допрва почнува”, напиша на Фејсбук македонската ракометна легенда Борко Рисовски.

Уште една европска држава ја става ситуацијата под контрола: Повеќе излекувани од новозаразени

Во Австрија, четврти ден по ред, има повеќе излекувани отколку нoвoзaрaзeни лицa со Koвид-19.

Од понеделникот се пријавени дополнителни 583 лицa кои се излекувани, додека има нoвoзaрaзeни 332 лицa.

Вкупно, во моментов се зaрaзeни 8.043 лицa и нивниот број е намален за 3,4 проценти во однос на претходниот ден, додека 12.332 лицa се тестирани позитивно од почетокот на eпидeмијaтa во Австрија.

Тековните движења, велат експертите, не укажуваат дека постои ризик од пpeоптoваpyвaњe на болничките капацитети.