Претставник од СЗО: “Ќе треба да одиме по семејства и да ги отстраниме оние кои можеби се болни” (Видео)

Aмериканската телевизија “Фокс Њуз” објави дел од изјава на официјален претставник на Светската здравствена организација, во која тој вели дека заразата со коронавирус од улица се пренела во домовите помеѓу семејствата.

“Сега ќе мораме да одиме во семејства и да ги најдеме тие луѓе кои можеби се болни, да ги отстаниме и изолираме во безбедни места”, вели претставникот на СЗО.

На тоа новинарот од “Фокс Њуз”, Такер Карлсон, кој патем уште во јануари прв алармираше за опасноста од Ковид-19 што тогаш се ширеше само во Кина, иронично додава: “Само да знаете доаѓаме во вашите домови, ви ги земаме децата и ги изолираме”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.