дома блог страница 2682

Kривични пријави за двајца прилепчани

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ќ.(32) и С.Х.(19), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на
сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

На 08.03.2020 вработени во шумската полиција од СПШ Прилеп, на место викано „Дервен“, забележале возило „опел“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревни букови дрва и во кое се наоѓале пријавените.

При обид за сопирање на пријавените, истите со возилото се оддалечиле од местото на настанот, при што полицајците биле спречени во службените дејствија од првопријавениот – информираат во дневниот билтен на МВР.

Нови 4 случаи со коронавирус во изминатите 24 часа во Прилеп: Бројката достигна 38 лица

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија дијагностицирани се нови 18 случаи со коронавирус.

Со тоа бројката на заразени се искачи на 617, а оздравени се само 35 лица.

Во изминатите 24 часа има два нови смртни случаи, со што бројката на починати достигна 29 лица.

Во Прилеп се регистрирани нови 4 случаи со коронавирус, па сега вкупната бројка изнесува 38 лица.

Во изминатите 24 часа, освен во Прилеп нови случаи, позитивни на коронавирусот има и во: Скопје – 7, Куманово – 2, Битола – 2, Кавадарци -1 (дијагностициран откако починал), Крушево – 1 и Кочани -1.

Нови 18 случаи заразени со коронавирус во Македонија: Вкупната бројка достигна 617 лица

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот.

Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261 Куманово – 130 Дебар – 49
Штип-20 Прилеп – 38 Тетово – 29 Струга – 28 Велес – 10 Битола – 8 Охрид – 3 Кавадарци – 3 Гостивар – 4 Гевглелија – 4 Струмица – 2 Крива Паланка-3 Радовиш – 4 Крушево – 3 Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

Денеска нема да се одржи редовната прес-конференција, но одделението за односи со јавност е отворено за сите новинарски прашања и истите ќе бидат одговорени во најкус можен рок – информираат од Министерството за здравство.

“Градоначалниче, кој дели пакети во “Тризла”, граѓаните на куп и пред опасност од Ковид 19?”

Граѓани ни испратија фотографии на кои се гледа дека денеска на Меѓународниот ден на Ромите, во населбата “Tризла” во Прилеп, се делат пакети со продукти на отворено, а на едно место во ек на пандемија собрани се поголем број луѓе.

Според информациите, советникот од СДСМ во Советот на општина Прилеп, Адем Мамудоски, е дел од оваа толпа.

Очекуваме информација и извод од кого е помошта и со кои средства е платена?

Се шпекулира дека ова е обид за партиски поткуп во период кога во Македонија владее пандемија и има 26 мртви?

Инаку, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, на вчерашната прес конференција реагираше на големите гужви пред банките во Прилеп.

“Денеска се соочуваме со застрашувачка глетка на граѓани кои во збиени редови и гужви чекаат пред банките, без да ги почитуваат правилата за заштита од коронавирусот. Мислам дека ваквото невнимавање, може да не’ однесе во далеку непосакуван правец”, истакна меѓудругото Јованоски.

Ристески: “ВОДОВОД одделил 288.000 евра за партиски вработувања? А, сметките 60% повисоки”

На вчерашната прес конференција пред општина Прилеп, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, истакна дека во време на вонредна состојба и пандемија, ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра

Целосната изјава на Ристески проследете ја во продолжение:

Денеска е Собор на свeтиот архангел Гаврил- еден од седумте серафими најблиски до Бога

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 март.

Денеска е Собор на св. арх. Гаврил.

Тој е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Свети Јован Предвесник и самиот за себе рече: “Јас сум Гаврил кој стојам пред Бога”. Неговото име Гаврил значи маж Бог.

Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Некои дознаа дека истиот тој Гаврил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие.

Светите отци мислат дека Гаврил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат поблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.

(Видео) Вухан одблокиран по 76 дена: На луѓето конечно им е дозволено да го напуштат градот- погледнете како изгледаше тоа

Кинеските власти го одблокираја излезот на Вухан, градот кој беше жариште од каде започна епидемијата на коронавирусот и 76 дена беше отсечен од светот.

Ноќта на 8 април властите ги отворија патиштата на излезот од градот и им дозволија на луѓето да го напуштат.

Вухан од 23 јануари беше целосно изолиран од надворешниот свет поради епидемијата. Сообраќајот во градот беше целосно запрен, вклучувајќи го метрото, автобусите, траектите. Затворени беа и аеродромите и железничките станици, а на граѓаните им беше забрането да излегуваат без посебно одобрение.

Лукашенко: “Вирусот ги “фаќа” оние кои вчера пиеле алкохол, а денес пушат цигари”

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко смета дека подложни на вирусот се луѓето кои пијат алкохол и пушат цигари.

“Вие и јас (обраќајќи му се на народот) го цениме здравјето на поединци повеќи отколку што тие самите си го ценат здравјето- во тоа е нашиот проблем. Сите се смееја кога пред една година зборував дека треба да спортуваме, да трчаме, да пиеме помале и да го избегнуваме пушењето. Бог да чува, мислеа луѓето. За што ли сега зборува претседателот? А денес се уверивме дека тој несреќен вирус ги пронаоѓа оние кои вчера пиеле, а денес пушат”, изјави Лукашенко.

(Видео) Тие го победија вирусот: Погледнете ја среќата на Италијанците кои излегуваат од интензивна нега

Италија и понатаму лавовски се бори против епидемијата на коронавирусот, забележувајќи најголем број на жртви во светот- 17.127.

Сепак, секој ден оздравуваат неколку стотици луѓе, а посебно среќни се пациентите кои излегуваат од одделенијата за интензивна нега.

На социјалните мрежи се појави видео кое е наречено “Трка со времето”, кое го снимиле италијански лекари од одделението за реанимација во болницата “Сестри Леванте”.

Освен што може да се види низ што поминува медицинскиот персонал, навпечатливи се моментите кога ги испраќаат пациентите од интензивна нега.

Може да се забележи среќата на нивните лица, но и неизмерната радост на лекарите и медицинските сестри.

Охриѓани си седат дома и го направија најкреативно нешто што сте го виделе деновиве (ВИДЕО)

Група охриѓани, познати и помалку познати, во еден викенд направија уникатна преработка на легендарната песна
“Боемска рапсодија” од групата “Квин”, која стана “Охридска рапсодија”.

Од она што го најдовме по социјалните мрежи, видеото е дело на Пеце Настевски, а идејата и инспирацијата е на Никола Јосифоски.

Во видеото учествуваат 74 луѓе и сето тоа е одлично спакувано.

Уживајте во продолжение и направете нешто слично и вие во овие денови кои сите ги поминуваме дома.