Да бидеме хумани и да го донесеме Велигденскиот дух во секој дом: Донирајте во црковните храмови (Фото)

Црквата Св. Благовештени (Стара црква) од Прилеп, оваа година по 12-ти пат ја организира хуманитарната акција по повод Велигден.

По тој повод се повикуваат сите граѓани кои имаат можност да донираат парични средства. Во сите црковни храмови во градот се поставени кутии за донирање, по што со собраните пари ќе бидат купени прехранбени производи и други намирници што ќе се донираат на семејства кои имаат најголема потреба за тоа.

Граѓаните исто така освен парични средства, можат да донираат и прехрамбени производи кои што не зависат од температурата на чување и не се лесно расипливи.

Секоја година во акцијата се вклучени и повеќе компании.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.