(Видео) Тие го победија вирусот: Погледнете ја среќата на Италијанците кои излегуваат од интензивна нега

Италија и понатаму лавовски се бори против епидемијата на коронавирусот, забележувајќи најголем број на жртви во светот- 17.127.

Сепак, секој ден оздравуваат неколку стотици луѓе, а посебно среќни се пациентите кои излегуваат од одделенијата за интензивна нега.

На социјалните мрежи се појави видео кое е наречено “Трка со времето”, кое го снимиле италијански лекари од одделението за реанимација во болницата “Сестри Леванте”.

Освен што може да се види низ што поминува медицинскиот персонал, навпечатливи се моментите кога ги испраќаат пациентите од интензивна нега.

Може да се забележи среќата на нивните лица, но и неизмерната радост на лекарите и медицинските сестри.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.