“Градоначалниче, кој дели пакети во “Тризла”, граѓаните на куп и пред опасност од Ковид 19?”

Граѓани ни испратија фотографии на кои се гледа дека денеска на Меѓународниот ден на Ромите, во населбата “Tризла” во Прилеп, се делат пакети со продукти на отворено, а на едно место во ек на пандемија собрани се поголем број луѓе.

Според информациите, советникот од СДСМ во Советот на општина Прилеп, Адем Мамудоски, е дел од оваа толпа.

Очекуваме информација и извод од кого е помошта и со кои средства е платена?

Се шпекулира дека ова е обид за партиски поткуп во период кога во Македонија владее пандемија и има 26 мртви?

Инаку, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, на вчерашната прес конференција реагираше на големите гужви пред банките во Прилеп.

“Денеска се соочуваме со застрашувачка глетка на граѓани кои во збиени редови и гужви чекаат пред банките, без да ги почитуваат правилата за заштита од коронавирусот. Мислам дека ваквото невнимавање, може да не’ однесе во далеку непосакуван правец”, истакна меѓудругото Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.