дома блог страница 2681

Дурловски со уникатна видео поддршка ќе ги освои вашите срца

-Кога Светот застана и ние социјално се дистанциравме, вие кои останавте да ја вршите вашата работа за да имаме барем малку понормален живот, станавте НАШИОТ СВЕТ. За тоа Ви благодарам! -напиша Дурловски на Фејсбук.

Градоначалникот викаше да нема гужви, а денеска сами направија: Може ли вака да се прошири вирусот во Прилеп?

Граѓани денеска претпладне до нашата редакција испратија фотографии од поголем број граѓани собрани на едно место во населбата “Tризла” во Прилеп.

Се делеле пакети со прехрамбени продукти и средства за хигиена, без притоа да се почитуваат препораките за оддалеченост на граѓаните и за избегнување на групи поголеми од две лица на едно место.

Маркукуле ја објави оваа сторија и праша “Кој тоа дели пакети во Тризла?”

Дел од акцијата беше и советникот од редовите на СДСМ, Адем Мамудовски.

Неколку часа потоа градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, излезе на прес конференција и истакна дека општината организирала хуманитарна акција, при што биле поделени 330 пакети.

Никој не го спори тоа да се помогнат социјално ранливите семејства, но не вака и не на ваков начин, без почитување на сите препораки и изложување на граѓаните на опасност, особено во овие денови кога бројката на новозаразени со коронавирус во Прилеп секојдневно расте.

Пакетите со хуманитарна помош ќе било далеку подобро и побезбедно доколку на граѓаните им се поделеле пред нивните домови, а не во голема група на едно место.

Самиот градоначалник во текот на вчерашната прес конференција пак, реагираше на огромните колони на граѓани пред филијалите на банките во градот.

“Денеска се соочуваме со застрашувачка глетка на граѓани кои во збиени редови и гужви чекаат пред банките, без да ги почитуваат правилата за заштита од коронавирусот. Мислам дека ваквото невнимавање, може да не’ однесе во далеку непосакуван правец”, истакна Јованоски.

Маркукуле им го честита Меѓународниот ден на Ромите – 8-ми Април, на сите граѓани од ромската популација!

(Видео) Вирусот им предизвика голема штета и на милијардерите: Направена е нова листа на Форбс

Пандемијата на вирусот корона ја измени листата на Форбс. Многу луѓе “тргна” од листата, но дури ни разводот и загубата од 40 милијарди долари не можеше да го спречи основачот на Амазон, Џеф Безос, да остане на првото место.

Безос е на врвот на листата со 113 милијарди долари, иако бележи пад од 18 милијарди во однос на минатата година, пренесува Банкар.ме.

Најголемата причина за тоа е неговиот развод со Мекензи Безос. Меѓутоа, акциите на Амазон пораснаа за 15% минатата година, што му помогна да ја надополни загубата од разводот.

Mекензи Безос за прв пат се појави на листата на светските милијардери и тоа благодарение на спогодбата од разводот од 38 милијарди долари- како дел од спогодбата таа доби 25% од акциите на Амазон, што ја доведе на 22-то место на листата на Форбс.

Форбс ги откри своите 34 милијардери, но паднемијата на вирусот го измени списокот, а многу луѓе се и отстранети. Во првата половина на март 226 луѓе го изгубија статусот на милијардери, а 58 луѓе има помалку на листата во однос на истиот период минатата година.

Бернар Арно, претседател и извршен директор на луксузното царство “LVMH”, го смени Ворен Бафет на третото место со богатство од 76 милијарди долари, па Бафет со 67.5 милијарди падна на четврто место.

Ова се критериумите за маркетите кои сакаат да вршат достава во викенд за време на полицискиот час

Општина Прилеп ги објави критериумите за маркетите кои сакаат да вршат достава во викендот во време на забрана за движење на лица во вонредна ситуација.

КРИТЕРУИМ 1 – Маркетот да располага со голем асортиман на производи вклучувајќи и
овошје и зеленчук ( Прилог 1. – Изјава )

КРИТЕРИУМ 2 – Минимум 10 вработени лица кои ќе бидат ангажирани во сменско работење, вклучени во процесот за достава. ( Прилог 2 – список на лицата со заснован редовен работен однос во фирмата, заверен со печат и потпис )

КРИТЕРИУМ 3 – Најмалку две службени возила за достава ( Прилог 3 – список на возила кои ќе вршат достава на намирниците, заверен со печат и потпис )

КРИТЕРИУМ 4 – Минимум 2 телефони за контакт/ за нарачки (Прилог 4 – листа на броеви кои ќе бидат во функција на потрошувачите, заверена со печат и потпис)

(превземи го документот со клик)

Барање со дополнителни прилози:
Прилог 1. Изјава
Прилог 2. Табела/список на вработени
Прилог 3. Список на регистриани службени возила
Прилог 4. Список на броеви кои ќе бидат во функција на граѓаните

Целокупната документација, заедно со барањето, пополнета со печат и потпис на овластено лице, скенирана да се испрати на следната email адреса: [email protected] најдоцна до четврток 09.04.2020 год. до 12:00ч.

Дозволите ќе може да ги подигнете најдоцна до петок 10.04.2020 год. до 12 часот.
За дополнителни информации: 048/401-701

Пациентка која се избори со коронавирусот сведоци за “Алфа ТВ”: 12 дена постојано имав температура (Видео)

47-годишна пациентка која живее и работи во Скопје за “ТВ Алфа” раскажува како се изборила со Корона вирусот. 12 дена имав температура, роднините и соседите ми носеа храна вели таа за “Алфа”.

За неа Ковид 19 е минато или барем додека не покаже тестот дека е негативна.

Kaтерина Гетева

Центарот на Прилеп во 16:00 часот (ФОТО)

Главната сообраќајница во центарот на Прилеп, булеварот “Гоце Делчев” целосно празен во 16:00 часот.

Деновиве во полицискиот билтен на МВР нема информации за прекршување на полицискиот час од страна на прилепчани.

Шок видео од Франција: Заштитната опрема се распаѓа како да е од хартија- властите имаат објаснување и за тоа

Шокантна снимка од болница во Марсеј се појави на социјалните мрежи во понеделникот.

На снимката се гледа како медицинска сестра од детската болница “Тимоне” облекува заштитно одело, какво што се користи за работа со пациенти кои имаат коронавирус, а тоа се распадна за неколку секунди како да е од хартија.

“Пари за СЈО и двојазични табли имаа, а сега ја молат дијаспората за донации?”

Генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен испратил апел до тамошната македонска дијаспора да донира парични средства кои ќе бидат наменети за заштита на сограѓаните во Македонија од корона вирусот.

Од конзулатот информираат дека за таа цел Министерството за здравство има отворено единствена сметка каде може да се уплатуваат средства кои ќе бидат искористени за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни.

Апелот е упатен до сите граѓани кои живеат и работат во сојузните покраини Баварија и Бадерн Виртенберг, а се подготвени да придонесат за надминување на состојбата со корна вирусот и заштита на населението во татковината, стои во апелот за донации.

(Фото) Сите се прашуваат зошто во ова место во Германија нема коронавирус: Тука се наоѓа центарот за обука на НАТО

Германското село Обермергау, во кое се наоѓа НАТО центарот за обука, еден од најголемите во светот, нема ниту еден регистриран случај на коронавирус, а мештаните веруваат дека од епидемијата ги чува заветот стар 400 години.

Мештаните на Обермергау веруваат дека од зараза ги штити заветот кој го дале уште во 1633 година, за време на “чумата”, пишува Њујорк Тајмс.

Епидемијата на “чумата” во 17 век одзела многу животи во ова место и тогап, како што вели локалниот свештеник Томас Гронер, жителите на ова место му ветиле на Бог дека редовно ќе ја изведуваат претставата “Живот, смрт и воскресение на Исус Христос”, само да ги поштеди.

Легендата вели дека од тогаш никој во ова баварско село не умрел од епидемија.

(Видео) Трамп го откри главниот виновник за коронавирусот

Светската здравстена организација навистина потфрли, рече американскиот претседател Доналд Трамп говорејќи за вирусот корона и се закани дека САД ќе се повлечат од нејзиното финансирање…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Светската здравствена организација и ги обвини дека се премногу опуштени кон Кина, но и дека давале лоши совети на почетокот од епидемијата.

“СЗО навистина потфрли. Од некоја причина тие се најмногу финансирани од САД, а и потнатаму се насочени кон Кина”, напиша Трамп на Твитер, пренесува Ројтерс.

Додаде дека тој “за среќа” го отфрлил советот на СЗО за границите со Кина и понатаму да бидат отворени на почетокот од епидемијата и запраша зошто оваа организација давала толку грешни препораки.