дома блог страница 2671

(Видео) Статуата на Исус “облечена” во бел лекарски мантил: Рио де Жанаиро им се заблагодари на лекарите

Познатата статуа на Исус Христос, симболот на Рио де Жанеиро, католичкиот Велигден го дочека “облечена”во бел мантил и на овој начин градските власти им се заблагодарија на сите медицински работници вклучени во борбата против коронавирусот.

Статуата на Христос Спасителот со посебни светлосни ефекти е облечена во лекараска униформа во знак на благодарност и поддршка на сите медицинкси работници кои се во првиот фронт во борбата против вирусот. На белиот мантил пишува “Благодарам” на сите јазици.

Чкатроски, министрите и градоначалникот одржаа кризен штаб

Денес во посета на Општина Прилеп беа министерката за обрана Радмила Шеќеринска, шефот на Централниот кризен штаб Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тие остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб и разговараа за состојбата во општината во врска со коронавирусот и дополнителните мерки што треба да се преземат за заштита на здравјето на граѓаните.

Од денес и припадници на Армијата беа вклучени за поефикасно спроведување на предложените мерки за справување со епидемијата. Градоначалникот потенцираше дека присуството на Армијата граѓаните не го доживуваат како страв, туку како сигурност. Според него налепниците со натпис “стој овде” и распореденоста на војниците пред банките и маркетите го донеле саканиот резултат.

-Општината го прави своето, Армијата дава поддршка, секој од нас одлучува дали овие препораки ќе спасуваат животи, или нема да се почитуваат, изјави Шеќеринска.

Денеска во Прилеп е забележан вториот смртен случај, на Клиниката за инфектологија во Скопје почина маж на 68 годишна возраст. Регистрирани се 3 нови случаи на инфицирани, а на Инфективното одделение во прилепската болница хоспитализирани се 9 лица со коронавирус, како и 5 лица сомнителни на КОВИД-19.

Народот умира,тој ќе туркал споменици?

Во вчерашното интервју за грчки Етос кој го пренесоа повеќе грчки медиуми градоначалникот на Скопје Петре Шилегов нашироко го образложи планот за целосно демонтирање на сите споменици и фасади кои беа дел од проектот Скопје 2014. После изборите ќе ми дадат зелено светло да почнам со рушење на спомениците изјавува во интервјуто Шилегов, пренесува Инфомакс.

Шлегов како што пишува Етос е член на СДСМ и е охрабрен од премиерот Заев да го спроведе проектот за рушење на спомениците во центарот на градот.

Шилегов истакнува за Етос дека проектот Скопје 2104 е криминално дело на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ . Шилегов за крај истакнува дека е негова должност да ги тргне спомениците и да го врати лицето на градот.

Целото интервју – Ethos

(Фото) Во Србија го нарекуваат херој: Го победи вирусот и направи хуман гест- му се заблагодари и премиерката Брнабиќ

Предраг Џелевски е првиот донатор на крвна плазма во Србија после оздравување од вирусот Ковид-19.

Џелевски бил првиот донатор, во саботата во Заводот за трансфузија на крв во Белград, со надеж дека останатите заболени кои ќе оздрават ќе ги следат неговите стапки.

„Сите беа исклучително љубезни, а во еден момент телефонски ме исконтактира и премиерката Ана Брнабиќ што пријатно ме изненади, ми се заблагодари што од антителата од крвната плазма ќе се прават серуми да им се помогне на заболените“, вели Предраг.

Крвната плазма можно е да се донира 3 недели после вториот негативен тест, кога пациентот уште еднаш се тестира.

„Им советувам на сите кои можат да го сторат истотото и да донираат крвна плазма затоа што така ќе помогнат во оздравувањето на другите луѓе, инаку моја препорака е и понатаму да се седи дома – да се почитуваат мерките, затоа што од коронавирус луѓето умираат“, додал Предраг.

Војници пред банките и маркетите ги држат на растојание прилепчани (Фото)

Во обезбедување на редот пред банките и маркетите во Прилеп од денеска се вклучени припадници на Армијата на Македонија.

Пронајдени уште 6 коронавируси во лилјаците: Еве по што се разликуваат од Ковид-19

Научниците открија шест целосно нови коронавируси кај лилјаците во Мјанмар.

Овие вируси се во истото “семејство” како и SARS-CoV-2 вирусот кој сега се шири низ светот, но истражувачите велат дека овие нови вируси не се генетски тесно поврзани со SARS-CoV-2 или со другите два коронавируси кои предизвикуваат тешки инфекции кај луѓето- тешкиот акутен респираторен синдром (САРС), кој предизвика пандемија во 2002-2003, и Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС).

Истражувачите ги откриле вирусите за време на испитувањето на лилјаците во Мјанмар, во рамките на владината програма за идентификација на заразни болести кои може да се пренесат од животните на луѓето. А лилјаците се главните “осомничени”, бидејќи се смета дека кријат илјадници вируси кои треба да се откријат.

“Шеќеринска во Прилеп не кажа на која aрмија е министер? Да ја потсeтиме…”

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес беше на средби во касарната “Мирче Ацев” во Прилеп како и во локалниот кризен штаб.

Обраќајќи им се на војниците и старешините на АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, министерката упати благодарност за нивниот ангажман.

“Нашите граѓани имаат потреба од вас, институциите имаат потреба од вас, татковината има потреба од вас”, им рече Шекеринска на војниците и старешините од касарната.

Пред состанокот на кризниот штаб во Прилеп на кој присуствуваа и членови на армискиот Генералштаб како и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, Шекеринска изрази сочувство за жртвите од коронавирусот во овој град.

“Тоа ни ја испраќа пораката дека мора континуирано да ги почитуваме пораките и да бидем побрзи и поефикасни во спроведување на истите. Денеска, сме во Прилеп да ја изразиме нашата поддршка и нашата солидарност, но и да покажеме дека како држава во услови на криза, може да се реагира брзо и ефикасно”, рече министерката.

Вчера, истакна Шекеринска, градоначалникот на Прилеп упати повик за поголем ангажман на нашата Армија, токму во Прилеп како една од општините каде се забележува зголемување на бројот на заразени. Армијата, рече таа, ќе му помогне на Прилеп но и прилепчани треба да ги почитуваат мерките.

“Денеска е веќе забележително дека Армијата почна да функционира на еден нов начин. Уште од петокот, касарните започнаа да даваат поддршка на општините, кои бараат таква поддршка. Денеска, може да се види дека и во Прилеп и во Куманово, Армијата презеде активности со кои ја поддржува општината, но пред се’ влијае на одржување и обезбедување на сите мерки за безбедност од страна на граѓаните во секојдневниот живот”, подвлече Шекеринска.

Министерката рече дека иако мерките го усложниле секојдневното живеење, тие мора да се почитуваат затоа што се за колективно добро. “Задачата на Армијата и на припадниците, денеска во Прилеп не е за да се создаде страв, туку почитта која ја уживаат кај граѓаните да помогне при создавањето на ред. Сакам да и’ честитам на општината, која е можеби прва во државата која ги обележа местата пред маркетите и банките, при што им препорачува на граѓаните каде да стојат и да ја почитуваат дистанцата”, рече Шекеринска.

Општината, рече таа, го прави своето, Армијата дава поддршка, секој од нас одлучува дали овие препораки ќе спасуваат животи, или нема да се почитуваат.

Нови 26 заразени од коронавирус во Македонија: Уште еден смртен случај во Прилеп

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 316
Куманово – 211
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –75
Тетово – 37
Струга – 43
Велес – 32
Битола –9
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –8
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 22
Пробиштип – 2

Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.

Бујар Османи, Шеќеринска и Сугарески ќе го спасуваат Прилеп денес

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, шефот на централниот кризен штаб Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во консултација со Општинскиот кризен штаб денес ќе одлучуваат кои мерки ќе се преземат во Прилеп по рапидниот раст на заразени од Ковид-19.

Прилеп е третиот најзаразен град во Македонија со 72 регистрирани случаи. Градоначалникот на вчерашната прес-конференција најави дека ќе бара помош и од АРМ, но не одговори дали ќе побара и целосен карантин по примерот на Дебар.

– Последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани рапидно се зголемува. Од вкупната бројка, две третини 50 тина се работоспособни луѓе, а останатите се во повозрасната група, над 65 години и има 4 деца. Заради сето ова и прогресијата на новозаразени од корона вирус – барам воведување на дополнителни мерки. За таа цел утре во посета на општината ќе бидат вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска и вицепремиерот шефот на централниот кризен штаб Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, изјави Јованоски.

Четири нови смртни случаи од Ковид-19 на Инфективна клиника

На Клиниката за инфективни болести починаа четири лица кај кои бил утврден вирусот Ковид-19, дознава Алсат.

Со ова вкупниот број на починати досега се искачи на 38.

Официјална потврда од Министерството за здравство се уште нема.