Пронајдени уште 6 коронавируси во лилјаците: Еве по што се разликуваат од Ковид-19

Научниците открија шест целосно нови коронавируси кај лилјаците во Мјанмар.

Овие вируси се во истото “семејство” како и SARS-CoV-2 вирусот кој сега се шири низ светот, но истражувачите велат дека овие нови вируси не се генетски тесно поврзани со SARS-CoV-2 или со другите два коронавируси кои предизвикуваат тешки инфекции кај луѓето- тешкиот акутен респираторен синдром (САРС), кој предизвика пандемија во 2002-2003, и Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС).

Истражувачите ги откриле вирусите за време на испитувањето на лилјаците во Мјанмар, во рамките на владината програма за идентификација на заразни болести кои може да се пренесат од животните на луѓето. А лилјаците се главните “осомничени”, бидејќи се смета дека кријат илјадници вируси кои треба да се откријат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.