(Фото) Во Србија го нарекуваат херој: Го победи вирусот и направи хуман гест- му се заблагодари и премиерката Брнабиќ

Предраг Џелевски е првиот донатор на крвна плазма во Србија после оздравување од вирусот Ковид-19.

Џелевски бил првиот донатор, во саботата во Заводот за трансфузија на крв во Белград, со надеж дека останатите заболени кои ќе оздрават ќе ги следат неговите стапки.

„Сите беа исклучително љубезни, а во еден момент телефонски ме исконтактира и премиерката Ана Брнабиќ што пријатно ме изненади, ми се заблагодари што од антителата од крвната плазма ќе се прават серуми да им се помогне на заболените“, вели Предраг.

Крвната плазма можно е да се донира 3 недели после вториот негативен тест, кога пациентот уште еднаш се тестира.

„Им советувам на сите кои можат да го сторат истотото и да донираат крвна плазма затоа што така ќе помогнат во оздравувањето на другите луѓе, инаку моја препорака е и понатаму да се седи дома – да се почитуваат мерките, затоа што од коронавирус луѓето умираат“, додал Предраг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.