дома блог страница 2672

Поскапуваат бензините: РКЕ ги соопшти новите цени

Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти својата одлука бензините да поскапат за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета.

Согласно најновата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 50,50ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг.

Започнува Светата недела пред Велигден: Eве што значи секој ден од денеска до Воскресението Христово

Од денес започнува Светата недела или Недела на страдање, последната од животот на Исус Христос . Според Православниот календар, се слави и одбележува секој ден од оваа недела.

Православните Христијани секоја година се соочуваат со Светата недела за да ја поттикнат вербата, да го зајакнат мирот и да го заштитат единството.

Спасителот ги откупува човечките гревови преку жртвување – во страдање, болка и љубов, и го покажува преку воскресение.

На светиот понеделник, Христос, влегувајќи во Ерусалимскиот храм, и беше лут на толпата. Храмот на молитвата се претвори во пазар, и во својот гнев Синот Божји ги порази трговските маси.

Затоа, во Велики вторник Исус поминал во морални насоки, и според црковниот канон, денот е посветен на смирението.

Во денот на Светата и Големата Среда, Јуда отиде кај еврејските кнезови и го организираше Христовото предавство за 30 сребрени монети.

Во средата нема домашна работа, и ако некој го прекрши ова правило, се верува дека неговата вештина ќе биде одземена.

Велики четврток е поврзан со Тајната вечера кога е воспоставена мистериозната Причест. По вечерата Христос зеде леб, го благослови, го скрши, им ги даде учениците и рече: “Земи, јади, ова е моето тело!” Потоа ја подигна чашата и рече: “Пијте од сето тоа, ова е мојата крв на Новиот Завет, која за вас и за многумина е пролеана за простување на гревовите”

По светата тајна, Христос им признал на своите ученици дека ќе биде предаден.

Велики четврток е најочекуваниот ден на Светата недела од страна на децата. Тогаш е рано, а во тоа време, децата гледаа што прво ќе снесе кокошката. Ова јајце било прво обоено црвено.

Со првото обоена јајце, се галат образите и лицата на децата за да се црвени и да се тресат од здравје. Кој нема да успее да обои јајца во четврток, може да го стори тоа во сабота.

Велики петок, е денот во кој е распнат Исус Христос и е посветен на неговите страдања. На Велики петок не се прави ништо – дозволено е само да се цртаат веќе бојадисаните јајца.

На Велики петок ништо не се јаде, само се пие вода .

Голема сабата се нарекува и за душа , затоа што тогаш се оди на гробовите на починатите роднини. Се носат насликани јајца, пченица и месен леб.

Вечерта наспроти неделата верниците одат во храмовите, палат свеќи и сите се поздравуваат со “Христос воскресна!”, А одговорот е – “Воистина воскресна!”.

Борисов: “Во сиромашна Бугарија има три „бугати“ како на Роналдо, 241 „бентли“, 5.000 „поршеа“- продајте ги автомобилите, зачувајте ги работниците”

Во сиромашна Бугарија има три „бугати“ како на Роналдо, дури 241 „бентли“, „ферари“ – 123, „мејбах“ има 54, „хамери“ 280, „јагуари“ близу 4.000, а „поршеа“ – близу 5.000, „мекларен“ – 22, „ламборџини“ има 87, „масерати“ – 311, „Pолс Ројс“ , најверојатно сме први во Европа со 84 вакви возила, објави премиерот Бојко Борисов пишуваат бугарските медиуми.

– Па, како што реков, ако некој бизнисмен можеше да ги задоволи вработените, тие можеа да намалат од 80 „ролс-ројса“ на 40. Сакам само да ги заштитам работниците – рече премиерот и ги повика бизнисмените да ги продаваат своите скапи автомобили за да ги сочуваат своите вработени во време на кризата, што тешко го погоди бизнисот – пренесува бугарскиот портал Факти.

(Видео) Оваа стратегија на Трамп ги шокирала епидемиолозите: Да го послушале, катастрофата ќе беше поголема

Претседателот на САД, Доналд Трамп размислувал да остави коронавирусот да ја преплави државата, додека во март се разгледувала стратегијата за решавање на кризата, пренесува Вашингтон Пост.

На состанокот кој се одржал на 14 мар- истиот ден кога Трамп ја предложи забраната за патување во Британија и Ирска во намера да го усопори ширењето на пандемијата- тој предложил во САД да се дозволи “имунитет на крдо”.

Контроверзниот пристап- кој во тоа време го заговараа некои експерти, ќе дозволеше болеста да се шири под претпоставка дека многу ќе развијат само благи симптоми и ќе почни да се развива раширен имунитет на болеста.

“Зошто да не го дозволиме тоа за да ја исчистиме земјата?”, претседателот наводно го прашал др.Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, еден од најдобрите научни експерти во оперативната група на Трамп за коронавирусот.

Човек од карантин за “АЛФА ТВ”: Со врски може да ве префрлат од одморалиште во карантин

Ургенции или пари за подобар кревет во државните карантини?! Повратници од странство откриваат дека лица вратени со т.н. хуманитарни летови на Владата, фаќале „врски“ за да бидат сместени во подобар хотел или во домашна изолација. Скопјанецот Дејан Димитриевски, кој во екот на короната се затекнал во Перу, а сега е сместен во карантин во Кавадарци, сведочи дека млади лица кои допатувале со него, уште на самата граница, барале партиски или пријателски врски за да бидат сместени во Скопје.

„Се бараа врски по партиска линија, по пријатели, роднини, за да се оди во Скопје. Еден од тие што се сега во Ибис сместени, беа извикани од полицијата надвор, тогаш се случува договорот. Стигнаа до Кавадарци, најверојатно планот бил да не се прави паника помеѓу нас останатите 24. На тивок начин беше, нас не затворија сите во собите, а нив потоа ги извадија“, вели Димитриевски.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Николоски: Информациите од Прилеп се дека луѓето чекаат по 5-7 дена за резултат од тестирање за коронавирус

(Фејсбук статус на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски)

ПРИЛЕП ЌЕ ПОБЕДИ!

Во градот Прилеп од ден во ден расте бројот на заболени од корона вирусот. Прилеп се соочува со голем предизвик – да се заштити здравјето на оние кои се заболени од вирусот и да се спречи понатамошното ширење. Посакувам брзо оздравување на сите! Изразувам сочуство на семејството на починатиот. Посакувам што помалку лоши вести да доаѓаат од Прилеп.

За ова да се случи потребно е итно да се направи масовен скрининг / тестирање на поширока бројка на луѓе кои индиректно би можеле да бидат под опасност. Тестови мора да се набават и да се направи ова тестирање за да се откријат сите жаришта.

Исто така повикувам што побрзо да стигаат резултатите на веќе тестираните. Информациите од Прилеп се дека луѓето чекаат по 5-7 дена за резлутат! Тоа е недозволиво долго време! Драгоцено изгубено време, зашто доколку навреме се детектира вирусот и веднаш се почне со терапија многу поголеми се шансите
.
Да се дозволи поголема слобода во однос на проценката на матичниот лекар за креирање на упати преку системот мој термин, да се направи скрининг на здравствениот персонал. Тие се нашите херои и се на првата борбена линија. Нив им е потребен соодветен заштитен материјал и опреми кои Министерството за здравство мора да ги обезбеди.

Исто така потребна е итна поддршка за стопанството – од најмалиот дуќан во прилепската чаршија до најголемата фабрика. На сите им треба поддршка! Особено се погодени дуќанџиите, малите семејни бизниси, занетчиите и сите кои живеат од својот труд. Потребен е посебен сет мерки и субвенции за нив. Затоа што стопанството мора да преживее за да може после кризата да се опорави и луѓето да ги задржат своите работни места.

Сите капацитети што стојат на располагање мора да се искористат! Мора да му се помогне на Прилеп како и на цела Македонија. Нема место за политика, сега е време да се спасуваат животи!

Поддршка за Прилеп и прилепчани! Заедно ќе го поминеме и овој предизвик!

Данска ги враќа децата во училиштата и градинките

Од среда, 15ти април, во Данска ќе бидат ублажние некои мерки кои се презедоа во борбата против епидемијата на коронавирусот. Учениците од 11 години и помладите ќе се вратат во училиштата и детските градинки.

Данска е една од првите европски држави кои пред еден месец ги воведоа мерките за затворање на училиштата, пренесува БиБиСи.

“Важно е Данска да не биде затворена повеќе од потребното”, изјави премиерката Мете Фредериксен.

Како што се наведува, ширењето на вирусот е ставено под контрола и владата сака повторно да ја крене економијата на здрави нозе, но тоа нема да се случи брзо.

“Доколку ја отвориме државата пребрзо, ризикуваме инфекцијата повторно да се прошири”, додаде премиерката.

(Урнебесно видео) Триесетти ден во карантин

Едно од илјадниците смешни видеа со карантинска тематика….

(Видео) Рускиот шампион и бразилскиот ѕвер си ги одмерија силите во шамарење

Рускиот шампионат во шамарење е ставен на пауза поради кризата со коронавирусот, но светската јавност беше сведок на натпревар помеѓу рускиот шампион и бразилскиот ММА борач Зулузињо кој се одржа во затвор за парична награда.

Дуелот помеѓу двајцата се одржал минатиот месец, но премиерно бил емитуван во четвртокот.

Во затворот на непозната локација, Русинот имал шанса да удира прв, но не успеал ниту да го помрдне бразилскиот ѕвер.

Двајцата размениле по 5 удари, а на крајот одлучено било натпреварот да заврши со нерешен резултат, а паричната награда била поделена.

(Видео) Три места на кои не може да се шири вирусот

На Јужниот пол, во вселената и на дното од океаните- додека речиси целиот свет е во карантин, вирусот не може да допре само на неколку места.

Интересен фактот што дури и космонаутите преземаат мерки против коронавирусот. Во четвртокот тројца космонаути се упатија од Земјата кон вселенската станица. Пред лансирањето беа држени во строга изолација.

Научниците од германската истражувачка станица Нојмајер III на Антарктикот не мора да се грижат за инфекција од коронавирусот. Девет научници во моментов ја поминуваат зимата таму и ќе останат на истото место до крајот на октомври, кога ќе бидат заменети од нови членови.