дома блог страница 2670

Сите шест земји кои најдобро се справуваат со коронавирусот имаат едно заедничко: Жени лидери!

Сите шест земји во светот, кои најдобро се справуваат со пандемијата предизвикна од коронавирусот Ковид-19, се предводени од жени. Ова е топ тема помеѓу Твитер заедницата во светот, а бројките го докажуваат тоа.

Германија, Нов Зеланд, Белгија, Финска, Данска и Исланд, сето тоа се земји кои ги предводат жени и се смета дека најдобро се справуваат со пандемијата.

Како пример за целиот свет сепак се потенцира Германија, каде на 130,072 заразени, излечени се речиси половина (64,300), а починале 3,194 лица.

Позитив на денот: Битола најјако дезинфицира возила против корона

Во Битола најјако се дезинфицира…

Видео/Линдита Акифовска
Извор/babambitola.mk

Словенците од денеска се враќаат на работа

Околу 10.000 работници во словенечки компании, трговија и услуги од денеска повторно започнуваат да работат, по еднонеделната забрана зпоради епидемијата.

Од поголемите компании, со призводство почнуваат „Горење Хисенсе“, производител на производи за домаќинства и „Адрија Мобил“.

Според владината одлукаа, ќе можат да работат и автомобилските сервиси, вулканизерите, поголеми градилишта, како и продавници за градежни материјали и уреди.

Стопанската комора предупреди вчера дека работодавачите се одговорни за безбедна работа и дека тие мора да ја организираат според упатствата на Националниот институт за јавно здравје, пренесува Хина.

Во Словенија има 1.212 заразени со коронавирус, 55 починале, а 152 се излечиле.

И светот почна за Прилеп да пишува (ФОТО)

Светските агенции на големо пишуваат за peстриктивните мерки во Македонија, посебно за војската која од денес ги преплави улиците во Прилеп.

„Армијата распоредена низ улиците во Македонија, бидејќи луѓето не ја почитуваат препораката за одржување на растојание додека пазаруваат или чекаат ред“, се вели во објавата на EHA News

Албанци во Сингелиќ излегоа на протест: Барале ослободување на приведени кои не го почитувале полицискиот час? (Видео)

Граѓани од скопската населба Сингелиќ вечерва излегоа на протест против полицискиот час кој на целата територија на Македонија е во сила од 16:00 до 05:00 часот секој ден.

Како што пишуваат дел од медиумите, протестот бил поради апсење на некои граѓани кои не го почитувале полицискиот час.

На протест се појави и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој, колку што може да се види на едно од видеата поставени на социјалната мрежа Фејсбук, ветува дека ќе извади две приведени лица од Полициска станица.

-Полека малку да се собереме. Ќе одам до станица… ќе го викнам началникот. Само тргнете се од страна полициски час е. Ќе одам до станица, ништо не им фали на двајцата, ќе ги земам и ќе се вратам со началникот. Имате од мене збор, значи, тргнете се, им вели Георгиевски на собраните граѓани.

За првпат во историјата на Македонија, полициски час беше воведен од 22 март годинава поради појавата на вирусот Ковид-19. Во почетокот тој важеше од 21 часот, но потоа мерката беше заострена.

ВИДЕО: ТETOVA NEWS

Германија му држи лекција на светот: Нема полициски час и сите ги почитуваат препораките – ПОГЛЕДНЕТЕ!

Во повеќето земји од регионот има полициски час и стоги мерки како заштита од корона вирусот. Во Германија пак е сосема спротивно. Нема конкретна забрана, но сите ги почитуваат препораките на докторите. Нема групирања, луѓето се дисциплинирани и воопшто нема потреба од казни.

Сликата од еден парк во Франкфурт доволно говори за тоа. Луѓето топлото време го искористиле да прошетаат во парк, се изежуваат на тревата но сите се на пристојна далечина.

Секоја чест

Прилеп ќе победи и вечен ќе ни биде (ВИДЕО)

Песната е од 2014 година кога се одбележуваше 1000-годишнината од постоењето на Прилеп, а видеото е дело на “Фан продукција”.

Едно потсетување за славната и богата историја на Прилеп во овие тешки денови кога градот е на трето место по број на заболени од коронавирус во Македонија.

“Градоначалникот бара да се превоспитаме…, а токму општината во гужви делеше пакети?”

„Од денес од утринските часови, од 8 часот беа на располагање 15-тина припадници на армијата, онаму каде што имаше најголема потреба и она што загрижуваше во Прилеп претходните неколку денови, пред маркетите и пред банките, каде имаше голем број на граѓани, морам да спомнам несовесни, кои не го почитуваат редот и оние препораки што ги дававме неколку денови. После поставувањето на знаците што ги постави Општина Прилеп во ноќните и утринските часови пред овие експозитури и маркетите во градот, „СТОЈ ОВДЕ“ со црвени четириаголници, и видовме денес после обележувањето и по присуството на армија се виде дека веднаш е подруга ситуацијата.

Да напоменам само дека присуството на армијата граѓаните не го почувствуваа како страв, туку напротив како загриженост на армијата, затоа доаѓа на помош, како безбедност и сигурност. Армијата била секогаш добредојдена во наша општина, граѓаните гаат не само интерес, туку и симпатии кон армијата и овој пат тоа го покажаа.

Граѓаните на Прилеп мора, малку ќе бида вулгарен, да се ПРЕВОСПИТАМЕ, затоа што ништо не доаѓа од надвор, се е од внатре и ако успееме од внатре да ги почитуваме и да ги спроведиме мерките, ќе биде помалку ризично, ќе има помалку заразени, ќе има помалку болни и тоа е начинот.

Уште еднаш сакам да апелирам за овие велигденски празници да ги почитуваме максимално мерките, посебно за возрасните над 67 години, пензионерите кои треба да излегуваат не повеќе од 2 часа кога им е онаа наредба, и младите тие два часа што треба да ги користат, да не ги користат за збирање во викендички, излетнички места или во Паркот на револуцијата.

И уште еднаш ќе напоменам, да не му падне на памат на некои од компаниите кои што се затворени, да отворат без да добијат дозвола од надлежните служби, од епидемиолошката служба, од стопанската комора, бидејќи тие се надлежни и само тие одлучуваат“, истакна Јованоски.

Само пред неколку дена токму општина Прилеп организираше хуманитарна акција во населбата Тризла, каде се делеа пакети, а во населбата се направија големи гужви.

За гужвите наоколу не се секогаш криви граѓаните, туку и надлежните, кои трчајќи да обезбедат политички поени забораваат дури и на препораките кои сами ги носат.

„Сакав да го тепам Ѓоковиќ во соблекувална, тој може да ви го направи мизерен животот“

Пензионираниот тенисер Енди Родик за медиумите откридека му било тешко да игра против Новак Ѓоковиќ со кој еднаш за малку физички ќе се пресметал во соблекувалната.

Пред 12 години Родик и Ѓоковиќ се пресметаа во четвртфиналето на Ју-Ес Опен, а Србинот славеше со 3-1. Пред мечот Американецот го напаѓаше српскиот тенисер дека е измамник, по што побарал и пресметка во соблекувалната на Ѓоковиќ, но сега нивниот однос е многу подобар за разлика од тогаш.

„Еднаш толку многу се изнервирав што влегов во соблекувалната на ривалот. Тоа беше на Ју-Ес Опен, ме налути со изјавите, а потоа ме победи на теренот. Ме победи баш така како што сакаше. Кога влезе во соблекувалната, тргнав да зборувам со него. Неговиот тогашен тренер дотрча да го заштити. Кога видов колку е голем тој човек, се повлеков. Да не го направев тоа, ќе ме прегазеше…“, открива Родик.

Ова се новите мерки: Забраната за движење ќе биде продолжена за време на празничниот викенд

За време на викендот што следи, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16:00 часот, до вторник 21 април во 05:00 часот, се забранува движењето за сите граѓани.

Од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава. За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.

Во меѓувреме, за сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.

Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.