дома блог страница 2656

Прилепчанецот пред враќање во Динамо Загреб: Седлоски доби понуда за тренер

Македонската фудбалска легенда Гоце Седлоски се поврзува како најсериозен кандидат за тренерското столче на младинскиот тим на Динамо Загреб откако местото е испразнето по заминувањето на првиот тренер.

Идејата Седлоски да го предводи вториот тим на Динамо Загреб многу веројатно доаѓа по препорака на Здравко Мамиќ, кој е доста близок со македонскиот тренер и често говори со високи епитети за него.

Седлоски последно го предводеше премиерлигашот во Босна и Херцеговина, Широки Брег. И во овој клуб Седлоски бил поставен за тренер по препорака на Мамиќ, пишува “Вечерњи лист”.

Според весникот, Седлоски е прво име за Динамо Б поради неколку причини – неговата посветеност, искуството, како и трите трофеи кои ги има освоено со клубовите кои ги предводел.

Седлоски во два наврати во кариерата го носеше дресот на Динамо Загреб, најпрво од 1998 до 2004 година, а откако го заврши краткиот ангажман во Јапонија, уште еднаш го облече дресот на Динамо Загреб во 2005 година.

Досега македонскиот репрезентативец кој зад себе има 100 настапи за националниот дрес како тренер ги предводеше: Турново, Вардар, Рига и Широки Брег, а беше и асистент во Матесбург, како и асистент во македонската фудбалска репрезентација.

Хабиб со мечка, а овој руски ММА борач си ги испроба силите со јарец (Видео)

Познато е дека шампионот во ММА, Хабиб Нурмагомедов, како мал се борел со мечка, но се чини дека Хабиб не е единствен кој прави спаринг со животни.

Рускиот борец Забит Магомедшарипов, си ги испробал силилте со јарец. Од видеото во продолжение може да се види дека животното се покажало како доста незгоден противник.

Забит во својата кариера има 20 борби, а од нив победил на 19.

Планирате летување во Грција? Еве под кои услови ќе можете да појдите

Инфектологот и професор на Медицинскиот факултет во Атина, др. Никос Сипсас, истакнува дека летово ќе биде возможно да се летува во Грција, но под строги правила кои државата ќе ги воспостави во наредните денови.

Според неговите зборови, Грција треба да ги дочека туристите, но нема да има и масовен туризам оваа година.
-Ќе биде тоа “избран” туризам и доста помал од оној кој сме го имале- изјави тој.

Говорејќи за попуштањето на мерките кои во Грција се очекува да се случи од 27 април, кога станува збор за туризмот, овие мерки ќе се разгледуваат во мај, ако земјата има помал број на зapaзени.

– Ако се случи втор бран на виpycoт тоа ќе биди полошо и по здравјето на граѓаните и по економијата- заклучи тој.

Професорот од Прилеп, Гоце Секулоски, заедно со претставници од сите православни цркви во светот пеат “Христос воскресе из мертвих” (Видео)

Прекрасен проект на Романската православна патријаршија

Најдобрите протопсалти од православните христијански цркви ширум светот го пеат воскресниот тропар, а меѓу нив е и професор Георги Секулоски од Прилеп.

“Благодарност до архиѓаконот протопсалт Михаил Бука при Романската Патријаршија и до браќата и сестри во Христа за љубезната покана да бидам дел од нивниот проект”, напиша Секулоски.

18 лица позитивни на Ковид-19 се лекуваат во прилепската болница, во самоизолација се вкупно 496 лица

Во изминатото деноноќие според здравствените власти нема нови случаи со Ковид-19 во Прилеп, а почина еден пациент на 71-годиншна возраст.

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 лица позитивни на КОВИД-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка.

Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 496 лица. Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час – информираат од прес службата на Општина Прилеп.

За прв пат прекината вековната традиција во Македонски Брод: Велигденските кули го симболизираат непокорот на македонскиот народ (Фото)

За прв пат по неколку векови поради пандемијата е прекината единствената традиција во Македонија која се негува само во Македонски Брод – Велигденските кули кои се одржуваат на вториот ден од Велигден и го симболизираат непокорот на македонскиот народ.

Maкедонскиот православен народ за време на Османлиското ропоство бил доста угнетуван и не му се дозволувало да ги слави своите православни празници, ниту пак да ги извршува своите вообичаени обреди и обичаи за време на празниците.

Длабоко исфрустрирани од овој начин на однесување, најугледните броѓани одлучиле да одат во Цариград кај Султанот и со злато да откупат еден празник во годината кога ќе смеат слободно да празнуваат и најпосле да се почувствуваат гордо и среќно поради тоа што се Христијани.

Како таков празник и голем ден тие го избрале вториот ден од големиот празник Велигден.

Начинот на кој тие сакале да му покажат на поробителот колку се среќни на тој ден претставува една фантастична отслика на духовната сила која ја поседувале на овој нивен ден.Броѓани одлучиле да прават кули од луѓе кои се состојат од два реда со кои јасно ќе им покажат каде се наоѓаат на тој ден и буквално ќе стапнат врз вратот на поробителите (Османлиите).

Покрсти како дел од Велигденските кули

Пред да се прават кулите, рано наутро се носат Покрсти, кои започнуваат со литургија во градската црква (нешто пред 8 часот), а потоа се прави поворка на чело со свештеникот позади кого доброволните верници носат религиски обележја и икони, додека пак учесник во покрстите може да биде секој што ќе посака без никаква посебна одговорност (носење на икони и сл.) и така собраната поворка го заобиколува целиот бродски атар на сите четири страни.

Веднаш по тргнувањето на покрстите се излегува по ридот до местото викано Топола, каде што се врши првото заклинување.

Заклинувањето се врши така што еден од верниците зема секира и на еден даб (каде што порано се наоѓала црква) се формира крст во кората и се отвора отвор во кој свештеникот за време на своето пеење го полни со нафора (свето лепче) и вино и ги пее стиховите кои им се добро познати на сите дотогашни учесници на покрстите, а тие звучат:

“Христос воскресна од мртвите, Со смртта смртта ја победи и на тие во гробвите животи им даде”.

Овој обичај симболично го демонстрира трнливиот пат на Исус Христос од фаќањето во Гетсиманската градина, па се до Голгота, каде што е распнат.

Крстот на кората го симболизира крстот на кој е распнат Исус, отворот (дупката) е гробот Исусов, додека пак лебот и виното се телото и крвта Исусова и на крајот дупката се запечатува со клин.

Како што во пролет ќе оживее дрвото и на некој начин ќе даде нов живот, така и Христос со воскресението од гробот дава нов живот.

Ова заклинување се врши на сите четири страни од Македонски Брод на различни дабови (кои се точно одредени) и некаде на пладне повторно групата стигнува во градската црква.

Веднаш по враќањето назад, почнува подготовката за Велигденските кули, каде пред издигнувањето на истите се извршува обичајот Каленчицa.

Во извршувањето на овој обичај кој според горенаведеното е предвесник на почетокот на правењето на кулите учествуваат девојчиња облечени во народна носија, кои прават шпалир и пожелно е сите кои сакаат да бидат дел од Велигденските кули (без разлика дали ќе земат активно учество) да поминат под тој шпалир, додека пак најхрабрите момчиња кои веќе поминале под шпалирот веќе почнуваат да ги прават кулите.

Кулите се состојат од два реда на луѓе од кои во секој ред има по петмина. Пет момчиња од долниот дел се фаќаат рамо за рамо и врз нивните рамена стапнуваат уште пет други момчиња кои исто така се држат рамо за рамо, кои го формираат горниот дел на кулата.

Кулите исто така мора да бидат 5 на број, симболизирајќи го петвековното турско ропство кое владеело во нашата татковина.

Долниот дел од кулата го претставуваат поробителите- Османлиите, а пак горниот ред ги претставува македонските христијани кои носени од помислата дека ќе дојде денот кога буквално ќе стапнат врз вратот на непријателот (поробителот) и гордо издигнувајќи се јасно им покажуваат на сите присутни дека ќе светне сонцето на слободата и сите празници ќе може да се прославуваат со голема среќа, слобода и бескрајна радост.

Додека кулите го изминуваат патот од пред градската црква до местото на поранешното сретсело, оние кои се на горниот ред пеат црковни и македонски патриотски песни и повеќе од јасно ни укажуваат дека храброста и издржливоста на Македонецот е непокорна дури и во денови кога бил под туѓо ропство и непрекинати угнетувања.

Секоја година на вториот ден од празникот Велигден, овие кули ни потенцираат дека треба нескротливо да ја сакаме и чуваме нашата света православна вера и да ги негуваме сопствените обичаи и празници кои се од непроценлива културна вредност, а од друга страна и му покажуваме на целиот свет дека сме единствени и свои-православни христијани.

Цената на нафтата падна на најниско ниво после 1999 година

Цените на фјучерсите на нафта паднаа денес, со тоа што фјучерсите на американската ВТИ нафта ги зголемуваат загубите, стигнувајќи на најниско ниво од 1999 година, во услови на зголемено слабеење на побарувачката и стравувањата дека капацитетите за складирање во САД наскоро ќе бидат полни.

Фјучерсите на нафтата ВТИ, за испорака во мај паднаа за 2,62 долари, или за 14 проценти, на 15,65 долари за барел на вечерашното тргување во 1:42 часот по Гринич, објави Ројтерс. За време на тргувањето, цената во еден момент падна за дури 21 процент, достигнувајќи минимум 14,47 долари за барел, најниска од март 1999 година.

Утре е крајниот рок за склучување договори за набавки на мајскиот фјучерс. Цената на договорите во јуни, кои се повеќе се тргуваат, падна за 1,28 американски долари или за 5,1 процент, на 23,75 долари за барел.

Нафтата „Брент“ од Северно Море исто така изгуби 21 цент од вредноста, или 0,8 проценти, на 27,87 долари за барел.

Ѓоковиќ: Јас сум против вакцинирање за кopoнавиpyc

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ изјави дека ќе се соочи со дилема ако АТП ги задолжи играчите да имаат вакцина пред да се вратат на терен.

– Лично, јас сум против вакцинирање и не би сакал некој да ме натера да се вакцинирам за да можам да патувам. Но, ако овој услов стане задолжителен, ќе треба да донесам одлука. Јас имам свои ставови за ова прашање, но дали ќе се променат се уште е рано да ми кажам. Хипотетички, ако сезоната продолжи во јули, август или септември, вакцинацијата најверојатно нема да биде меѓу барањата за учество на турнири, иако вакцината сè уште не е развиена, рече Ѓоковиќ во разговорот со други српски спортисти на Фејсбук.

Во март, поранешната лидерка на женскиот тенис, Амели Моресмо рече дека целата сезона во 2020 година може да се откаже и дека нема да има турнири сè додека натпреварувачите не бидат имунизирани против КОВИД-19. Сепак, според водечките лекари од целиот свет, малку е веројатно дека ваквата вакцина би се очекувала пред 2021 година.

Поради глобалната пандемија на КОВИД-19, Вимблдон беше откажан за прв пат по Втората светска војна, додека Ролан Гарос беше преместен во крајот на септември и почетокот на октомври, иако традиционално се одржуваше во мај и јуни.

Кога на Ибрахимовиќ ќе му пукне филмот! “Ќе го отeпaм првиот кој ќе зборни”

Златан Ибрахимовиќ во шokантниот трансфер од 2018 година премина од Манчестер Јунајтед во Лос Анџелес Галакси, како би ја освоил и титулата во Холивуд.

Тоа не се случи, иако Швеѓанецот ја заврши работата најдобро што можеше. На 56 утакмици постигна дури 52 погодоци, но остатокот на тимот немаше доволно квалитет.

Тоа го нервирало популарниот Ибра, па често во соблекувалната знаел да им одржи лекција на соиграчите. На една таква ситуација се потсети Португалецот, Џоао Педро. Тоа се случило во 2018 година по поразот од Хјустон.

“На крајот од натпреварот ни одржа говор. Рече: “Ако дојдовте овде на плажа или да се прошетате низ Холивуд, само кажете. Имам 300 милиони на сметка и остров, ова не ми треба. Првиот што ќе каже нешто, ќе го ybиjaм”.

Уште еден пoчинaт прилепчанец од кopoнавиpyc

Регистрирани се нови 18 случаи на кopoнавиpyc во последните 24 часа во Македонија.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на Koвид-19 во земјава.
Од нив 2 се од Скопје, 9 од Куманово, по 2 од Штип и Тетово, по 1 од Велес, Гостивар и Пехчево.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Koвид-19 во нашата земја изнесува 1225.

Починати се тројца пациенти позитивни на Koвид-19. На Клиниката за инфективни болecти и фебрилни состојби пoчинa една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.