Планирате летување во Грција? Еве под кои услови ќе можете да појдите

Инфектологот и професор на Медицинскиот факултет во Атина, др. Никос Сипсас, истакнува дека летово ќе биде возможно да се летува во Грција, но под строги правила кои државата ќе ги воспостави во наредните денови.

Според неговите зборови, Грција треба да ги дочека туристите, но нема да има и масовен туризам оваа година.
-Ќе биде тоа “избран” туризам и доста помал од оној кој сме го имале- изјави тој.

Говорејќи за попуштањето на мерките кои во Грција се очекува да се случи од 27 април, кога станува збор за туризмот, овие мерки ќе се разгледуваат во мај, ако земјата има помал број на зapaзени.

– Ако се случи втор бран на виpycoт тоа ќе биди полошо и по здравјето на граѓаните и по економијата- заклучи тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.