18 лица позитивни на Ковид-19 се лекуваат во прилепската болница, во самоизолација се вкупно 496 лица

Во изминатото деноноќие според здравствените власти нема нови случаи со Ковид-19 во Прилеп, а почина еден пациент на 71-годиншна возраст.

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 лица позитивни на КОВИД-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка.

Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 496 лица. Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час – информираат од прес службата на Општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.