дома блог страница 2657

Зидан повторно во игра за менаџерската палка во Јувентус: Имал несогласувања со претседателот на Реал Мадрид

Француски медиуми наголемо зборуваат дека Јувентус се враќа во игра да го обезбеди Зинедин Зидан на својата клупа за следната сезона.

Ова не е прв пат Зидан да се поврзува со менаџерската позиција во редовите на “старата дама”.

Според “Le10sport.com”, Јувентус ги препознал гласините дека популарниот Зизу не се согласува со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, па тоа би било причината за негово преземање на позицијата на Маурицио Сари.

Зидан освои три последователни титули со Реал во Лигата на шампиони и го напушти клубот во 2018 година, но во март 2019 одново ја презеде менаџерската палка.

Тој потпиша договор до јуни 2022 година, но се повеќе се шират гласини дека Зидан не се согласува со стратегијата на клубот.

Oд четврти мај во Србија се отвараат рестораните и кафулињата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Александар Вучиќ во интервју за „Пинк“ објасни дека веднаш по Велигден ќе почнат да ги олабавуваат корона мерките.

Иако вонредната состојба ќе продолжи , ќе се отворат најпрво фризерските салони, салоните за убавина и малите продавници. Потоа пак хотелите и теретаните.

Од четврти мај пак ќе се отворат кафулињата и рестораните но тие ќе мора да ја држат пропишаната дистанца помеѓу масите на гостите и ќе може да ги користат само терасите.

Еднаш пријател на Македонија, засекогаш пријател: Петир од македонската црква во Загреб ни го честита Велигден

Поранешната хрватска европратеничка Маријана Петир на сите православни христијани им го честита Велигден од македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, покрај протоереј Кирко Велински.

„На сите верници од православна вероисповед кои денеска го слават Велигден им посакувам среќен и благословен Велигден, како и да бидат исполнети со вера, надеж, љубов, велигденска радост и добро здравје.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! #велигден #православие #Исус #Господ“, објави на Твитер основачката и поранешна шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент.

(Видео) Протестираа против мерките, но ги почитуваа за време на протестот: Израелците порачаа -“Вака се уништyвa демократијата”

Над 2.000 луѓе во Тел Авив протестираа против мерките кои ги презеде премиерот на Израел, Бенјамин Нетанајху.

“Вака се уништува демократијата во 21 век. Не се уништува поради тенkoви кои го преземаат парламентот, таа се уништува од внатре”, изјави пратеникот Јаир Лапид, лидер на партијата Јеш атид (Има иднина), која до неодамна беше во сојуз со поранешниот ривал на Нетанјаху.

Протестот наречен “Црно знаме” започна во март кога демонстрантите во конвој од неколку стотици возила стигнаа во Ерусалим поради, како што велат тие, недемократските мерки во борбата против пандемиjaта.

Германија пресмета колку Кина и “должи” поради ширењето на кopoна виpycoт: Западните земји се погласни против Кина

Најтиражниот германски весник “Билд” објави пресмета дека Кина и “должи” на Германија околу 150 милиони евра за последиците предизвикани од корона вирусот врз германското стопанство.

Германија му се придружи на Франција, Велика Британија и САД во посочувањето на прстот кон Кина која ја сметаат за одговорона поради ширењето на корона вирусот.

Според овие земји, Кина од каде потекнува вирусот, ја прикривала големината на кризата, а изворот на зapaзата сеуште останува непознат.

Во саботата, американскиот претседател Доналд Трамп, истакна дека Кина треба да сноси последици доколку е „свесно одговорна“ за ослободување на пандемијата на коронавирус.

Претседателот Трамп им рече на новинарите: „Можеше да биде стопиран во Кина пред да започне, а не беше, па целиот свет страда поради тоа”.

Втор ден Велигден: Тајната на осмиот ден, идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник.

Страдалната седмица заврши со новиот ден денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време.

Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.

И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Светлосни години разлика: Во Мајами концерт на Давид Гета за без пари, кај нас Лепи Џони за пари (Видео)

Дејвид Гета пред два дена во Мајами одржа концерт кој онлајн можеа да го следат неговите фанови од цел свет.

Најпознатиот светски диџеј засвире од врвот на неговата зграда, а неговиот двочасовен спектакл го следеа повеќе од шест милиони луѓе преку Фејсбук и повеќе од 300.000 на Јутјуб.

Концертот беше од хуманитарен карактер, Гета ги повика гледачите да донираат за борба против коронавирусот, а за секој долар што ќе го соберат, тој ќе донира уште еден.

Сосема различна слика имаше во Скопје. Градоначалникот Шилегов реши да му плати 14.500 денари на извесен Лепи Џони. Љупа Ангелов е првиот македонски музичар што направи маалски концерт на отворено, во рамки на проектот „Култура во време на Корона“ на Град Скопје со којму плати 14.500 денари за да ги забавува Скопјани за време на карантинот.

Прилепчанецот кој ја сруши стигмата во интервју за “Зенит” зборува за неговото искуство со кopoна виpycoт

Рубин Јованоски (51), прилепчанецот кој ја турна стигмата за Корона вирусот

Прилепчанецот Рубин Јованоски (51), со својата објава на ФБ, ја урна стигмата за заразувањето со коронавирусот и прв се огласи во јавноста дека е позитивен со цел да ги заштити сите лица со кои бил во контакт. Тој на 2 април на својот профил напиша: ,,Пријатели, пред неколку часа ми е соопштено дека сум позитивен на коронавирусот. Моментално сум хоспитализиран во прилепската болница. Сите со кои имав контакт се известени од моја страна, но сакам да ги известам и останатите кои работат во Основно јавно обвинителство и во Основен суд во Прилеп, кои имале контакт со мене, доколку почустуваат било какви симптоми да се јават во Центарот за Јавно здравје. Вирусот го добив на работа, при контакт со вработените во Основно јавно обвинителство во Прилеп. Во периодот од 11 до 17 март бев на работното место, од 18 март се наоѓам во самоизолација,,.

Неделниот весник Зенит направи интервју да го сподели неговото искуство и да упати порака до граѓаните дека болеста е сериозна, а уште посериозно треба да биде однесувањето на прилепчани.

– Бевте прв кој собра сила јавно кажавте дека сте позитивен на Ковид 19, кој е нов вирус, непознат за човештво и медицината. Зошто го направивте тој чекор. Дали бевте водени од сериозноста на болеста и состојбата во светот?

– Бидејќи ова болест е нова и не сме запознаени. Секој момент, што се вели еден ден многу менува за заболените од овој вирус. Секој може да биде позитивен. Не е срамота да се биде позитивен и никој не сакада се зарази. Но, со самото кажување, откривање, можеш да се помогне. Тоа е најпаметна работа. Не можеш да се сетиш со сите луѓе со кои си контактирал. Нон стоп се движиме, одиме на работа, но кога ќе кажеш, колегите, пријателите роднините, ќе имаат можност побрзо да си бараат чаре. Доколку им се појави било каков симптом, а знаат дека се позитивни, а биле во контакт, полесно ќе се самоизолират. Ќе имаат можност благовремено да се обратат кај матичниот лекар. Затоа што секој ден носи поголеми шанси да се преживее. Дури 99 насто од коментарите на ФБ беа со желби за побрзо оздравување. Во градов, за жал го има и еден отсто кои не веруваат, некој вели дека е лага итн.

– Како започнаа првите знаци на заразувањето?

– На 13-от ден ми се јавија првите симптоми, температура и тоа не некоја висока 37,2 до 37, 4 и тоа два – три дена. Па почна да ми се наголемува на 38.5 и нагоре. Така дојдов до бронхопневмонија. Ме тестираа, после тестирањето веднаш ме хоспитализираа во инфективното одделение во прилепската болница. Денес (14 април) ми е 14-ти ден. После 15 дена треба да се направи прв контролен брис, па по неколку дена, втор и така.

– Имаше ли болки, како се чувствуваше?

– Тоа е индивидуално. Неколку пациенти сме во собата и сите различно ја манифестираме болеста. Кај мене беше само температурата и дијареа. Само тие два симптоми. Другите имаат температура, кашлање, кај секој е различно.

– Нова болест е за која лекарите велат дека има непредвидлив тек. Емотивно како се држиш, чувствуваш ли страв за себе и твоите блиски?

– Мислам дека ги минав критичните денови. Најмногу стравувам за моите најблиски, за сопругата и двете ќерки. Инаку, емотивно и физички се чувствувам добро. За мене не се плашам. Позитивно размислувам и ме радуваат секојдневно оптимистичките охрабрувања од лекарите дека контолните крвни слики и рентген снимките на белите дробови се подобри. Секој ден како што врви, сум подобро и подобро.

– Како минуваат деновите во болничката соба. Делите истата судбина со опаката болест со уште двајца прилепчани?

– Во собата сме тројца болни. Креветите се на растојание од метар иполовина. Денот минува со меѓусебна поддршка и помош. Не може да се опише. Кога човек ќе дојди овде, секој е совесен и се придржуваме кон мерките. Ја сваќа суштината дека не е нешто обично. Го почитуваме режимот на однесување меѓу себе, хигиената и сите препораки. Се одржуваме на највисоко ниво.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

(Урнебесно видео) Битолчанец во полициски час оди по цигapи

Оригинално видео…

Познатиот фотограф и снимател од Битола, Дамјан Гугучевски, направи оригинална видео монтажа со дрон.

Битолчанец оди по цигари во полициски час… Погледнете за што станува збор:

Ликот на Исус изработен од коса: Фризерката од прилепско ги освои срцата на сите со своето најново дело (Фото)

Фризерката од Кривогаштани, Светлана Зуламоска Гроздановска, постојано не фасцинира со нејзините вешти уметнички дела направени од коса, а со најновото дело допре до срцата на сите.

Во чест на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение-Велигден, Светле од коса го изработи ликот на Исус Христос.